И мене оваа пудра ми направи проблеми до лицето, ама јас одма престанав да ја користам, така си стои цела
Јас не сум задоволна од Макс Фактор, ама немам сува кожа, па не знам колку сум компетентна да давам коментар во врска со пудрава и имам поделено мислење. За сува кожа би ја препорачала минералната течна пудра на Голден Роуз. Цената е околу 300 денари, не би требало да достига до 400. Не се сеќавам колку беше точната цена, зашто не ја користам - сум прашувала онака, информативно. Има солиден избор на природни нијанси, доволно е течна и хидратантна и нуди средна кон појака покривност, т.е. зависи каков и дали имате кожни проблеми од типот акни, црвенила и сл. Мислам дека со малку коректор на критичните места ќе постигнете одличен ефект. Еве ви, црно на бело споредба, ама да напоменам - не сум јас ова, случајна е сликата, само за да ви го доловам ефектот на покривност, па проценете си. Ама дефинитивно е за сува кон нормална кожа, иако ја препорачуваат за секаков тип на кожа. Веднаш ќе демантирам и че речам дека пудрава не е мат или полумат, така да оние со комбинирана и мрсна кожа нека си бараат друга. Спојлер
Аман бе, зошто никаде неможам да ја најдам пудрава.. Сигурно ли е во ова пакување? Пошто се ми дават некоја во сталкено шишенце а за оваа не чуле :roll:
ББ кремата мене ми изгледа попокривна од пудрава на Голден Роуз. Како подвижна реклама сум, ама мислам дека е многу подобра, во смисла и на квалитет, од пудрата на ГР. Гледам на сликава, малку како паштетка ми мава...
Дузи, Гарниер си е ... Гарниер. Нема логика да го споредуваме со обична, пазарска марка како што е ГР. Па на крај краева - колку пари, толку музика, нели. А ББ кремата мислам дека има матирачки ефекти, кои пудрава ги нема и не знам колку би било паметно некој со сува кожа склона кон лишаи да инвестира во неа. Убаво изгледа пудрава на дневна светлина, сликата е ориентационо ставена. П.С. Нијансите со црвен/розов подтон секогаш маваат на паштетесто.
Обичната ББ крема од Гарние (оваа) е баш за сува кожа, јас имам комбинирана и не ми е погодена, веднаш ми се мрси Т-зоната. Лесна е, дава здрав сјај, убаво мириса, цената е и околу 300 денари. Цената и е горе-доле колку Голден Роуз, а сметам дека е поквалитетна, плус и ББ крема е, така да и јас ти ја препорачувам Пудрава е за сува или нормална кожа, има средна покривност, значи ако сакаш поголема покривност, не ти ја препорачувам. Ако ти е само за изедначување на тенот, благо црвенило и слично, ќе ти биде супер. Негативна страна и е што е малецка и нема пумпичка, туку е со шпатула, што е малку непрактично, ама не е ништо страшно. Пострашна е цената, мислам дека е над 1000 денари Патем пудрава и ја препорачувам и на девојката која бараше пудра за сува кожа, ако е спремна да издвои ~1000 денари за пудра.
Денес ја земав ББ на bourjois, совршенство. Најдобра од сите вакви што сум ги пробала. Кожата ми е неверојатно мазна, иако имам сува кожа, а кремава има матирачки ефект, пак ми одговара. Баш е го крема, легнува на лица и има убава покривност. На промоција ја зедов 680 денари. Ќе ја заменам хелти миксот со оваа сега за сега. Ќе видиме како ќе се покаже после користење некое време
Задоволна од оваа пудра одговара на младешки лица http://4.bp.blogspot.com/-1MotBg5K064/T ... 0/ori1.png
Знам дека оваа е за сува-нормална кожа, сепак јас во постот зборував конкретно за онаа која ја користи Дузи, а тоа чинам беше онаа за комбинирана кожа. Спојлер Сепак, информација плус добро е да се знае, може некоја ќе си ја бендиса кремава за сува кожа. Како и да е, сметам дека ББ кремата не е замена за пудра во однос на покривноста за некоја која има прилично проблематично лице. Барем за мене не е, за жал.
Не се допишав, мислев дека која било ББ крема е попокривна од пудрава на ГР, а тоа дека треба да си бараат според типот на кожа мислам дека е и повеќе од јасно. Се разбравме, готово.
Па би требало да ја има скоро во сите парфимерии. Цената му е околу 600 денари. Јас ја зедов 590 од првата парфимерија во јавор.
Ја пофалувам пудрата на S-he, во бело пакување, за природен изглед, 001, светол тен имам и многуу ми одговара!
Имам пишано ама ај пак Цената е 310 денари, и покривааа многу повеќе од ова на сликава, навистина лицево ми е стакло, дечко ми дури вика дека многу се познава како тешка доаѓа а мене баш таква ми се свиѓа имам претерано сува кожа и не морам ни да нанесам крема пред да ставам од пудрава, доволна е само она, така да дефинитивно е за сува кожа Sw3et.Ang3l ја има и тоа секаде скоро, во Голден Роуз, во помали парфимерии, во таа малечката парфимерија во Рамстор исто ја има само таму е поскапа, најефтина е во Голден Роуз, само побарајте ја минералната пудра на Голден Роуз и оваа ќе ви ја дадат, во кутиче бело е спакувана
Трајно намалување цената на L'Oreal Infaillible течна пудра со четка, 709 ден во Космо... Сакам да ја купам пудрава, ме интересира ваше мислење, дали некој ја користел?? За каква кожа е наменета?
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... bdGjyPj0Yk девојки препорачајте ми некоја течна сјајна пудра, нешто како на клипчево значи не мат, да сјае
Еееј братучетка ми , од Полска ми донесе пудра од Eveline и таква е течна поприлично ама ми се бендиса и ми е при крај...е деновиве кај нас во еден маркет затекнав исто од Евелин ама е поинаква паковката оваа е кафеаво со драп нешто ?! Сте ја пробале ? И баш е евтина околу 130 денари
Јанг дерм ко паштета ми е Утре одам во ДМ да си одберам убава пудра(и не многу скапа,до кај 350 денари).. Па,препорачајте нешто...
Си купив од Oriflame, Very Me нема врска, исто како ништо да немаш ставено. Спојлер А последните заштедени пари таму си ги дадов, па и сунгерчиња за нанесување си порачав