Оригиналните потекнуваат од Полска, а нашсата Eveline е копија од тие мислам и квалитетот е многу понизок.
За Eveline пудрата и јас сум презадоволна, ја најдов во еден маркет и си купив две различни.Баш ми се свиѓаат дека се потечни и многу добро покриваат дека има во нив и коректор. А за потеклото се распрашав и кај нас ги носат директно од Полска
Девојки ја има ли пудрава кај нас? Вчера бев во космо во Сити Мол ама ја немаше таму.. Ја има ли на друго место? И дали знаете друга добра пудра без СПФ? Ми треба за фотографии
^ Пудрава ја нема кај нас сигурно. Замената што ја има кај нас за пудрава е Maybelline Affinitone 24h, таа долготрајната што е, само што таа има SPF. Ова го знам, зошто ја барав таа што си ја постирала упорно низ парфимерииве, и на крај во ДМ ми ја разрешија дилемата Таа била наменета за американскиот пазар, кај нас замената за таа била оваа: За пудра без SPF, можам да ти ја препорачам Дебора Колор Копи или Менхетен црната (зборувам за масна/комбинирана кожа бидејќи таква имам, не знам твојата каква е. Има варијанти од пудриве за различни типови кожа). Во моментов само на тие ми текнува. Нормално, се` зависи од тоа каква кожа имаш, па најубаво да се распрашаш по парфимерииве, да си видиш на лице место. За сликање исто така не треба да е многу светла пудрата, без разлика што не содржи SPF, пак ќе го има оној дух-ефект Значи, неутрална нијанса, по можност со жолтеникав подтон
Да да баш вчера ја гледав оваа пудрава на Мејбилајн, ја пробав, добра беше ама има СПФ. Иначе имам и јас комбинирана кожа, ама немора да е мат пудрата, не ме ограничува тоа, и така ја фиксирам со камена, не ми е проблем. Само што барам да нема СПФ ама никако да најдам. Од црната менхетенот се исфрлав цела, воопшто не ми годеше изгледа не ми трпи кожава многу тешки пудри изгледа
Па во тој случај, ако немаш проблематично лице, земи си ја Дебората. Далеку полесна е од Менхтенот, а според мене има доволна покривност за непроблематично лице со по некое мало црвенило или неправилност Чини околу 650 денари, а бидејќи имаш комбинирана кожа, ќе ти се погоди и за понатаму да си ја користиш, да не биде купена само за сликање Еве оваа е таа за комбинирана кожа, со зелено капаче Едит: И плус, убаво излегува на слики, проверено
Каде ја има низ Скопје таа Евелин? Користам Севнтин тајм плус, али жал ми е за секој ден да ја користам
Ја имам од Rimmel Stay Matte (таа на сликата), па ме интересира за отприлика 300ден. дали има течна пудра која е подобра од оваа. Конкретно за мрсна кожа (комбинирана).
Денес си зедов севентин тајм плус мислам беше прв пат ке ја користам ај споделете дали е добра и колку прекруива имам нормална кожа
Ја користам со години, што и да пробам, пак и се враќам убава е, природен изглед дава, не го иритира лицето.. убаво мириса, доволно е покривна (зависи какво лице имаш, моето е прилично чисто, со коректор е ок, понекогаш ставам камена или во прав) и во составот има пчелин восок, наменета е за сите типови кожа се надевам ќе имаш позитивно искуство...
Користев мехетен, боржуа, севнтен, разни од орифлем и од авон и ненам какви не, нема пудра која што н сум ја пробала и прееска видов дома дека сум имала заостаната импала и си викам ајде ке ставам и ставив навистина се иненадив значи ми одговораше толку многу што се изненадив...Понекогаш не е до поскапа пудра туку битно е да си ја најдете онаа која што на лицето најмногу ви одговара а таа може да биде и 100 ден и 1000 денари некогаш не е само до брендот
Девојки се мислам меѓу овие две пудри на буржоа и лореал, што мислите која е подобра за комбинирана кожа?
Оваа на Буржуа (горната слика) е за сува кожа. Оваа од буржуа е за комбинирана до мрсна кожа , само да знаеш дека нема голема покривност
Таа Јанг Дерм каква пудра е ? Мене ми треба за секојден за работа за да не се малтеришам со тешки пудри, а ми треба да е понежна,имам осетливо лице, каква препорака би ми дале
Денес го видов ББ кремот на Bourjois, структурата е многу убава некако лесна за размачкување ама имам мрсна кожа незнам дали е за мене? Ако некој го има нека сподели искуства..
Сметам дека камената пудра е вистински избор за секој. Доколку имате сува кожа добро е пред да ставите камена пудра да ставите некој крема за лице како подлога а за мрсна кожа е совршена. Ако имате мрсна кожа во никој случај не препорачувам течна пудра бидејки мозолчиња и во краен случај бубулици се загарантирани. Јал лично користам камена пудра од кога почнав со шминкање, користам секојдневно и немам никакви проблеми со исфрлање на слицето и слично