Flower perfection е пудра со некој си мат, полу-мат финиш и дефинитивно не е за сува кожа - уште толку ќе ја досуши. Наменета е стрикно за комбинирана и мрсна кожа. Супер е на покривност, би рекла 4/5. Каов тип на кожа имаш? Јанг Дерм мислам дека веќе не постои во таквото класично, да не речам постаро издание. Ако не ти треба класична пудра за покривање на недостатоците, земи си ББ-кремче. Би требало да ти заврши работа. Подлогата Јанг Дерм исто е солидна колку за минимално изедначување на тенот, не покрива недостатоци од типот истакнати акни и флеки (за тоа ќе ти треба малку коректор), а и ефтина е. Ако веќе планираш да земеш пудра, ти ги препорачувам оние на Seventeen - Time Plus ако имаш сува до нормална и Natural Velvet ако имаш комбинирана до мрсна кожа и обавезно малку камена пудра на критичните зони за анти-глитериш ефект.
Пред некое време ја видов кај блогеркава, ама пошто доста ја фалат таа на гарниер се откажав од купување, затоа што оваа на боржуа е поскапа. Еве ти линк, мислам дека нема да е проблем што е на српски, други рецензии не најдов http://divineworld.blogspot.com/2013/01/make-up-favorites-for-previous-month.html Него мислам на самото пакетче пишува анти ејџ (6).
Bojurs течна пудра 830 ден., ама супер е и јас имам мрсна кожа, но само оваа не ми прави акни, поздрав.
^ Само пудра нема да стои добро. Обиди се со посветол коректор од тенот на кожата на лицето и потоа со тенок слој на moose пудра. Како финиш можеш да искористиш и малку камена пудра но внимавај да не претераш. Ова е за делот околу очите. Користи и крем пред тоа за секој случај бидејќи тоа е најнежниот дел од кожата од лицето. И не се преоптоварувај премногу - така само ако ставаш многу пудра повеќе ќе си добиеш брчки.
Flower perfection е пудра со некој си мат, полу-мат финиш и дефинитивно не е за сува кожа - уште толку ќе ја досуши. Наменета е стрикно за комбинирана и мрсна кожа. Супер е на покривност, би рекла 4/5. и мене ми ја препорачаа за комбинирана и мрсна кожа, а и од некои предходни постови прочитав дека е добра за комбинирана гледам многу ги фалат од буржуа пудрите како полесни и даваат поприроден изглед на лицето, а баш барам некоја полесна пудра
Ве молам да ми препорачате покривна камена пудра. Лицето ми е комбинирано (мрсна Т-зона) и проблематично. Користам течна пудра од Ревлон,а сеуште сум во потрага по убава камена пудра (сум пробала неколку, ама никако да си ја пронајдам правата-или многу ми го суши лицето или не е покривна). Која е вашата препорака?
^ Во Рубин имаат камени пудри кои се многу квалитетни. За конкретна препорака, би ти советувала што помалку пудра, но како и да е погледни си во Рубин. Последната ја имам земано од таму и добра е.
А што ќе кажете за Импала? Мене до сега одлично ме служи, исто така и моите другарки таа пудра ја користат веќе одамна, одлично покрива...но ме интересира и ваше мислење, доколку сте стручни или пак знаете нешто од некаде Поздрав.
Имам и претхоно пишано дека барем според мене, Impala пудрите се наменети за позрела кожа. За помлада се препорачуваат полесните пудри. Пудрите на Impala се добри и со одлична покривност, но таква тежина е најчесто наменета за кожа со малку повеќе недостатоци, а младата кожа ги нема тие
Мислам дека не е за млада кожа, покривна но многу тешка пудра. Јас ја имав еднаш купено и речиси цела ја фрлив. Содржи многу колаген и тоа и ја прави тешка, имав впечаток дека на лицето имам маска, а не пудра. Ако ја разгледаш убаво темава ќе прочиташ многу мислења за оваа пудра - претежно негативни.
Сепак фала на вашето мислење, но која е слична на таа, сакам да кажам покривна, по густа што ти го прави убаво лицето, а не како помада....дајте некој предлог за нареден пат да ја купам таа...затоа што сепак користиме пудра за да покрива, а не да биде како помада...дајте предлог за пудри што покриваат, фала однапред
Јас моментално ја користам оваа, презадоволна сум. Пред тоа ја користев макс фактор, но по препорака на една продавачка ја купив оваа. Мислам дека е најдобрата пудра која досега сум ја користела.
Пудрите moose се добри иако зависи од кој производител. До сега јас сум била најмногу задоволна од нив. Обиди се со таква па спореди. За подобро покривање, нанеси малку коректор на деловите кои најмногу сакаш да ги покриеш и после нанеси ја пудрата.
Фала ти срцка, само кажи ми цена и од каде да ја набавам и дали е густа и покрива? Пиши ми и ќе ја побарам секако, фала уште еднаш
Ако ти треба покривна пудра, пробај со Ревлон Колорстеј за комбинирана/мрсна кожа. Импала е нели, да речам за таков тип на кожа и претпоставувам штом ти одговарала дека имаш таков тип на кожа. Ако имаш сува кожа, има и таква Ревлон Колорстеј - наменета за сува до нормална кожа. Мене лично Ревлон ми е претешка пудра и не ми е за млада кожа, т.е. за некој под 20 години, ама не знам, многу девојки ја користат и им одговара, па дојдов до заклучок дека можеби имам чудно лице. Друга која би ти ја препорачала е Дебора колор копи (со зелено капаче е). Имам позитивнo искуство со пудрите на Дебора, конкретно оваа е одлична за комбинирана кожа.
Еее баш ти фала срцка, ќе пробам некоја од овие што ми ги препорача, може и за Ревлон Колорстеј да се одлучам, затоа што мислам дека ми е нормална кожава само цена ако може и ако знаеш да ми кажеш
Што мислите за пудрата Deline нијанса 2ка ? Прашав едно девојче ми рече дека она ставила од таа. Ама јас имам малце пеги на лицето и сакам да се покријат. Ја користел ли некој пудрава покрива ли добро, и да не е темна нијансава 2ка затоа што јас сум прилично бела? Ај совет ве молам, затоа што јас не користам пудра ама сега ке ми треба за една прилика. Дома имам Impala, таа сестра ми ја користи, ама се двоумам, вие што мислите која е подобра и подобро покрива ама да не личам на портокал? П.С. имам нормална кожа.
Штом имаш нормална кожа, подобро е да ја земеш Deline. Не се разбирам во нијансите на оваа пудра, јас имам една дома зашто мајка ми ја користи долги години, ама која бројка е - не знам, не пишува (најверојатно се избришало). Прашај во парфимеријата од која планираш да ја купиш пудрава какви нијанси имаат, сигурно продавачката ќе ти помогне. Мислам дека двојката би ти била добра, зашто по некоја логика - ако има нијанса 1, истава би била пресветла за тебе иако имаш светол тен. Ќе го постигнеш гоуст ефектот, кој и не е баш пријатен.