Фала ти Мишела, ама работава е дали пудрава покрива добро? Затоа што мене тоа ми е намерата да си ги тргнам пеѓите и две три бубулички, а не да бидам потемна или посветла во лицето. Само се разбира да не бидам дух или портокал во лицето туку да изгледам нормално без пеѓи. Едит: Ептен сум неинформирана за пудри, шминки и слично ама само уште ова ветувам , Импала има нијанси за посветла, потемна кожа?
Мајка ми има пеги на носот и никогаш не се познаваат кога ја има ставено пудрата на лице. Пегите се лесни за покривање, ако се малку и ако се наоѓаат на вообичаеното место - на носот и малку во областа околу него. Јас претпоставувам дека се работи за таа област, па ти ја прелагам пудрава. Ако мислиш дека нема да ти биде добра Deline (ма да, јас мислам дека ќе ти заврши работа, доволно е покривна), тогаш ти ја препорачувам Тренди. Околу 300 денари е и добра е за нормална кожа. Имав сокласничка која долго време ја користеше пудрава и додека не ја видов без пудра, не знаев дека има пеги. Лесна пудра е, наменета за млада кожа и доволно покрива. Не можам да најдам слика, ама сигурна сум дека феминка некоја имаше поставувано баш слика од пудрава - пребарај, може ќе ја најдеш, а верувам дека ја има во сите парфимерии. Импала НЕ е за млада кожа, да бидеме на јасно. Ако сте во потрага по асална пудра - заборавете ја оваа.
Да ама дилајн пудрата не покрива добро мене ми е како помада порано ја користев, таа е лесна за кожа ама подобро крема ќе ставам него дилајн бар на мене не ми одговара не покрива ништо...позз
Ама сепак, одлична е за тинејџерки и не е до толку лоша и тотално непокривна како што ја опиша - јас сум приметила и кај мене, кога имам неколку бубулички супер ги покрива, а на ептен критичните нафрлани и исфлекани места ако ставам коректор одоздола е одлична. Само што, не ми одговара на типот на кожа и ја користам ептен ако немам од мојата пудра.
Дали би сакале да ми помогнете со изборот на пудра? Потребна ми е пудра за масна кожа, не за сува. Дали некоја користи таква?
Абе женски мене ми е само за едно нанесување пудра за неколку часа и после бришам тоа и онака не користам. Ама за тие неколку часа ми треба пудра што совршено покрива а не малку да се разбереме. Ако треба и Импала ќе ставам ако веќе не бива со други. Работата ми беше има ли некоја пудра за нормална кожа што покрива добро а не е пресветла, ниту пак претемна? Не ми е битно дали била тешка ваква таква за тие 5-6 часа ништо нема да ми се деси (веројатно).
Може да ми препорачате лесна пудра,бидејки не ставам јас секој ден.Само при излегување и ептен ретко дневно Се двоумам помеѓу Јанг Дерм,Севентин,Мис Споти
А што треба па толку да покриеш (освен пегите што ги спомна), не ми е јасно !? За да не ти е пресветла или претемна, ќе си отидеш во парфимерија и ќе си пробаш да речеме, Севнтин тајм плус од тестерче и ќе видиш дали нијансата ти одговара или не. Не можам јас или било која друга феминка да ти кажеме дека таа и таа нијанса од таа и таа пудра ќе ти бидат добри. Ти си ја знаеш кожата и ти ќе си отидеш ќе си пробаш што одговара, а што не. Големата филозофија. Па од толку пудри, баш за најужасната се фати - Импала. Земи си Тренди, супер ќе ти биде. Или на крај краева - Севнтин и решен проблем. Изборот е голем за оние кои имаат мрсна кожа. Сум спомнала многу пудри, со цената се тука некаде, почнувајќи од 500че па до 800 денари. Јас уште трагам по поефтина пудра за мрсна кожа, ама немам најдено таква. Еве ги најфалените пудри на форумов, ако некоја ти фати око прогуглај ја и оди да ја тестираш. Спојлер П.С. Пудрата на Риммел е најефтина, чинам Лепа ја фалеше многу. Околу 300-350 денари беше ако не се лажам.
Ај кажете ми за оваа пудра дали му дава сјај на лицето, пошто баш таква сакам, не сакам мат изглед. фала
Девојки,да ми препорачате некоја добра пудра...Немам проблеми со лицето,досега сум користела само youngderm од аптека не често.Сега сакам веќе да ја сменам,сепак пораснав,а да користам уште пудра за дечиња не бива Особено ми е важно да не предизвикува некоја штета.
жени ај препорачајте ми некоја мат пудра ( бидејќи имам комбинирана кожа ) со некаков убав мирис..сите што сум ги користела до сега мирисале онака обично на пудра постои ли уопште некоја таква миризлива ?
Seventeen,досега што сум користела пудри,Севентинот најубаво ми мириса,нема класичен мирис на пудра или крема за лице, и јас имам комбинирана кожа,секако на Т зоната ставам камена пудра за да не љ'снам за кратко време
пробајте ја пудрата на MALENA, прекрасна е и е многу лесна се прилагодува на лицето и два природен изглед, а има покривна моќ. Згора на се и не е многу скапа.
Женски, ја има пудрава тука? Ја користев на времето и сакам пак да и се навратам, па ако сте ја виделе некаде конкретно, упатете ме. Мене не ми беше купена од тука. Спојлер Мене оваа ми е сто пати попокривна од таа со зелено капаче, исто на Deborah.