Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Jа има, ја има. :D
    Оваа ми е најомилена од Дебора, дури поомилена и како што велиш, попокривна од онаа со зелено капаче. И преубаво мириса. :mm:
    Ја видов во Космо и Диор кај нас, а во Скопје сигурно ја има насекаде. :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски

    Пудрата на Риммел, за 320 денари е фантазија. :)
    Многу покривна, не е тешка, се фиксира по некоја секунда на кожата и дава природен, но измазнет тен. Ги покрива црвенилото, флекичките... Од мене чиста 10ка за пудрава, јас оваа си ја користам за на факултет, за преку ден. Совршена ми е.
     
    На mimoza.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Пудрата на АВОН CALMING EFFECTS е преубава, доволно е сјајна и доволно е мат, нема потреба од ставање камена пудра на Т зоната. Пудрата е соооон! и е сега околу 370денари, а во пред 2 каталози беше 260 :)
     
  4. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Се откажав од Импала, пошто ме искаравте. Си ја земав Deline нијанса 2ка. И добра е ја пробав, иако можело и 3ка, ама и оваа не е лоша. Немам ја што толку да покривам па таман ми е оваа, а и убаво мириса. :)

    П.С. сепак не сум имала толку светол тен ко што мислев :tmi:
     
  5. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Lining ако ти се наоѓа по дома пудра во прав или бронзер пробај стави малку ќе ти биде потемно лицето.
     
    На Lining му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Ја има некоја користено оваа пудра од авон ? Критики ? Пофалби?
     

    Прикачени фајлови:

    • podloga.jpg
      podloga.jpg
      Големина на фајлот:
      6,2 KB
      Прегледи:
      350
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Молба до Мишела или некој што стои добро со пудриве, многу ми треба совет :)

    Вака, порано ми беше нормална накај мрсна кожава, али после долго користење на Менхетн црната си го уништив лицето. Уште не можам да се отарасам од лишаи, посебно во делот на Т зоната, веѓите, носот, и околу секоја бубулка што ќе ми излезе се лупи кожата. Друг проблем е што имам проблематична кожа, т.е кога ми излегуваат акни ми се појавуваат големи црвенила од нив. А доста ми излегуваат во последно време, посебно во ПМС.

    Сега користам Менхетн перфект за проблематична кожа наменета за сите типови кожа. Така продавачката ми ја препорача, ама и оваа пак некако суши па ја мешам со бекутан и колку-толку подобро е, ама после неколку часа пак ми се познаваат лишаи. А и бојата некако не ми е погодена па мака мачам додека да ја размачкам убаво на цело лице. А не можам да не ставам, посебно во моментов големи црвенила имам од акните.

    Не знам веќе што да пробам, што да купам. Аман веќе има ли спас за лицево мое.. Препорака за пудра или нешто?
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^Мењај менхетенот, не ти одоговара очигледно ич.
    (за лишаите или пробај со пилогот со шеќер-ќе прочиташ во темата за црнки или како до чисто лице подетално)
    За пудра сеа, незнам дали ти е мрсно или суво.
    Ти препорачувам да си земеш некоја од Буржоа, или еве од Дебора многу ја фалат, мислам дека немаш утка.
    Али на консултации оди кај МИшелка, она ипак експертско знаење и мислење ќе ти даде :D
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Да не ја има некој користено пудрата Silk во рубин кармин ја има?
     
  10. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    И мене исто ме интересира за пудрава.
    [​IMG] За каква кожа е?
     
  11. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Не е воопшто мат, туку дава сјај а ако ти е мрсна кожата уште повеќе сјае. За траење не трае баш. Од пудрава не сум баш нешто задоволна , добра е за преку ден. :)
     
  12. Markusa2

    Markusa2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    380
    Се согласувам. Хидратнтна е и нема некоја покривност.
    Од пудрите од авон досега најзадоволна сум од Luxe пудрата, само што и поскапа е и за тие пари ќе си купам Дебора или Менхетен.
    А сега гледам од Авон намалена е Extra Lasting пудрата на 250 ден, any recommendations?
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Значи, како што разбрав - ја користиш антибактериската Менхетн?
    Мислам дека имаш нормална накај комбинирана кожа - повеќе нормална отколку комбинирана, затоа и ти се прават лишаи, оваа пудра е ептен за комбинирана и мрсна кожа - претешка ти е.
    Прво, послушај го советот на Хипстер и пробај да се ослободиш од лишаите со благи пилинзи и по пилингот обавезно хидратантна крема, Бекутан ти е океј.

    Ме интересира - ти светнува Т-зоната по некое време? :?:
    Не знам колку пари ти се дава за пудра, ако сакаш добра пудра, јас ти ја препорачувам оваа мојава - мислам дека ако уште еднаш ја спомнам ќе ме затворат. :D :tmi:
    Затоа ќе ја ставам во спојлер. :$
    Ама па, Хипстер е тука да потврди дека пудрава е совршенство. :)
    [​IMG]
    Се исплаќа за секој денар, билив ми и редовната цена е 830ден. на попусти паѓа и до 600.

    Можеш да пробаш и со Дебора, онаа со црвено капаче (ја спомнавме на претходната страница од темава), не со зелено :!: , ама мислам дека Севнтин Велвет би била идеална за тебе.
    Доволно е течна и лесно се размачкува/бленда, дава мат финиш, а сепак е доста хидратантна и не го суши лицето како Менхетн, се надевам дека ќе си најдеш нијанса - имаат добар избор, солидна покривност има и мислам дека не би требало од неа да ти се прават лишаи. :)
    [​IMG]
    Во Космо беше 600-650 деанри, тука некаде, ич не ме држи мисла, сум подзаборавила. :$

    П.С. Читам, ти се правеле црвенила. Ти предложувам да си земеш зелен коректор.
    Убав е тој на Гош - тач ап, така некако му беше името - и за ова Хипстер потпис и печат! :D
    А ако не ти се даваат пари само за зелен коректор, тогаш земи си го тробојниот на Есенс - 175 денари е мислам - пак не се сеќавам колку го зедов, помина речиси година од тогаш :lol: .
    Зеленото покрива црвенила, розевото темни дамки, флеки и подочници, кафенкастото, т.е. nude нијансата ти е обичен коректор. Покривност - супер, трајност исто. За париве - измислено.
     
    На Hipster и Ann.94 им се допаѓа ова.
  14. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Фала ви и на двете многу за одговорот, многу! :* Ќе ве послушам и ќе почнам со пилингот. Инаку бекутан ставам постојано на лишаите, ама никако да ги снема, нема спас. Направив и една смеса од цедено маслиново масло, кафен органски шеќер и органски мед, ама не ми иде.. :( Иначе не ми светнува Т-зоната. Нормална ми останува ама се појавуваат лишаите. Искрено ни јас не знам веќе да си ја дефинирам кожава.

    Сега ме стави во мисла дали оваа од буржоа или од севентин да ја земам следна :)
    Мада треба да соберам пари ако сакам некоја поскапичка :D

    А инаку, овој од орифлејм добар е како зелен коректор?
    Дека го имам јас моментално ама не сум го испробала под асална пудра.
    Pure Nature Organic Tea Tree & Rosemary Purifying Corrective Stick.
    [​IMG]
     
  15. sweettwist

    sweettwist Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    219
    Авон luxe пудрата ја порачав без претходно да се консултирам дали е убава или не,за среќа не се покајав.Покривна е мн,го има оној луксузен мирис.Едноставно пудра на место :D
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    И јас бев иста. Пудрата нема да ти направи некоја голема разлика, каква и да ставиш лишаите ќе се познаваат. Што се не пробав. Единствено нешто кое ми помогна е маст од невен, го зедов од Зегин, околу 150-200 денари е а пакувањето е 250мл така да се исплати. Многу е мрсно па ставам само пред спиење. Пробај прво со пилинг (јас го правам оној со шеќер) па потоа стави од оваа маст. Навистина има резултати. Јас прво бев против ова зошто нели на кожата и треба длабока хидратација, па мислев дека ова ќе биде само површно, привремено. Од кога ми се оправи лицето престанав да ставам неколку дена за да видам дали ќе биде исто, но не се појавија никакви лишаи. Сега си продолжив да ставам секој втор ден навечер и супер ми е. Ти препорачувам да го пробаш ова зошто ако не го средиш лицето џабе ќе даваш пари за пудра која нема да ти смени ништо. Инаку на мојата сува кожа, претпоставувам и твојата е затоа што ти се прават лишаи, единствено ми одговара пудрата на Seventeen-Natural velvet.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1021.jpg
      1021.jpg
      Големина на фајлот:
      42,5 KB
      Прегледи:
      454
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lori-30

    Lori-30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Primrose,сакам да те прасам каков пилинг со секер правис,сакам и јас некој пилинг да направам, бидејки кога ставам пудра ми се познава многу и мислам дека треба да направам пилинг! пробав со неколку пудри од кои две скапи, но цената нисто незначи по се изгледа! инаку јас одкако додјов да зивеам во друга дрзава немозам никако да користам пудра, пробав различни но секогас ми се познава и лицето не ми изгледа убаво, а мислам дека тоа е затоа сто тука водата е многу сува и тврда, имам убава коза,немам никаков проблем освен сто лицето не ми поднесува пудра, а сакам да користам од причина сто сум многу бела па малку да го затемнам лицето! Е не ми се верува, јас која порано немозев без пудра, сега немозам со пудра, користам дали трипати годисно:))
     
  18. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Го правам пилингот што една феминка го постираше, само со шеќер и сапун. Прво ставам сапун на лицето, потоа шеќер и чекам 2-3 мин и тријам. Е сега може малце боли кога се трие, се јавува некое минимално црвенило но веднаш исчезнува. Вреди да се истрпи зошто после тоа лицето ми е меко и мазно.
     
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имам и јас :( Ми се познава пудрата кога ке ја нанесам,ама само се познава на челото мегу вегите.Не знам дали е до пудрата може користам несоодветна за моето лице ,или пак треба и јас пилинг да правам.Земав сега еден пилинг на Балеа со некои овошни киселини па ке видиме како ми биде.
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Овој го немам пробано откако нели тотално му ја сменија амбалажата, ама би требало да е добар - јас го имав тоа старото пакување од пред мнооогу години, на мајка ми беше и не го користев.
    Ете, пробај го и ти ќе ни кажеш дали чини коректоров. :)

    Сите вие што го имате тој проблем, водете сметка дали всушност убаво ја отстранувате пудрата од тој дел.
    Нели, најчесто најмногу вниманите обраќаме на лицето, т.е. образите, Т-зоната, а пределот кај веѓите неретко го занемаруваме.
    Јас имав ваков проблем со перутење на кожата околу веѓите и низ веѓите, па додека ја сконтав работава - бев полна со мали бубулички низ веѓи од кои одвај се оттарасив.
     
    На Ann.94 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.