Ја има ли некој користено оваа компактна пудра на голден росе ? дали одговара за мрсна кожа, и дали е покривна? http://images.gittigidiyor.com/3838/Golden-Rose-Compact-Powder-Pudra-405__38388747_0.jpg
Добар е, јас го користам. Го ставам под пудра. Зеленото е за црвенило, другото е за акни такви работи
Јас имам таква кожа. Ако ти треба со средна покривност тогаш од срце ти ја препорачувам на seventeen time plus Јас таа ја користам. Мислам дека е околу 500-600 денари
Јас е имам користен таа првата на мајбелин. За мене беше добра,имам нормална кожа и супер ми одговараше
Која од овие пудри е најдобра за комбинирана/мрсна кожа, ги видов денес на официјалната на Cosmo, па се решив да пробам една. Што се зезнав со нијанса од Seventeen Velvet, се зезнав, на овие ќе им дадам шанса, само ми треба ваш совет?
Јас мислам дека ниту една од овие не е погодна за комбинирана, па и мрсна кожа. За последните две сум сигурна дека се за сува кон нормална кожа, а за оваа првата - не знам. Ете, некои ја фалеа дека им била добра за комбинираната кожа, некои не. И мене лично не ми одговараше.
видов дека Seventeen Time Plus ја намалиле исто така, на 350ден., порано таа ја користев и ми одговараше. Изгледа ќе и се вратам на неа!
Средната слика, таа на Гош во црна туба е за комбинарана/мрсна кожа. Ја имам, добра пудра е. Природно изглдеа на лице, долготрајна е, мат финиш и средна до висока покривност. Според мене од тоа што се нуди кај нас е една од најдобрите пудри за комбинирана/мрсна кожа.
А-ј-а, а редовната цена колку е, колку ја земаш отприлика? Спојлер Мислам читав оти девојките ја спомуваа како солидна пудра за сува кожа воо соодветната тема. П.С. Ако е мат, ондак не е ни за нормална, ами конкретно за комбинирана, како што имаш пишано. Како и да е, јас мислам дека не постои пудра која е наменета за сите типови на кожа, не е возможно, кога за сувата кожа е потребна похидратантна, а за мрсната кожа мат пудра. Ептен ми е без врска тоа „за сите типови“. Мижи да те лажам.
Мишела пудрава никако не би ја препорачала за сува кожа, ќе им ја исусши уште толку без разлика што пишува на неа дека е за сите типови на кожа, едино со добар слој на мрсна крема под пудрава. Предобро матира. Али како и да е на секој различно му реагира кожата. Редовната цена на пудрава е 600 денари, без попуст.
Да се надоврзам и јас за пудрата на Гош, Exceptional Wear. Ја имам пробано и мене воопшто не ми се допаѓаше, ниту пак ми одговараше Имам кажано и претходно, комбинирана кожа имам со масна Т-зона и според мене - пудрава е дефинитивно за сува кожа. Јас со неа светнував за половина час, така што не мислам дека е за масна кожа и никако не би ја препорачала. Мене барем ниту ми го матираше лицево, ниту ништо Но добро, секој со својата кожа и своите искуства Е сега, за друго дојдов јас на темава Ја видов во Космо пудрава и ме заинтересира Оваа Mat е верзијата за масна кожа на Lumi Magique (која инаку е за сува кожа). Ме интересира некој да сподели искуство за Mat Magique доколку ја има пробано. Јас ја пробав на рака, чисто колку да видам што текстура има. Текстурата е типична за пудрите за масна кожа - прашкаста и доста сува. Мене ме интересира покривноста каква е. Цената е околу 590-600 денари. Јас сум се` уште на Artdeco Oil Free Long Lasting Спојлер Многу сум задоволна од пудрава, премногу ми се допаѓа и иако е наменета за сите типови кожа , јас тврдам дека дефинитивно е за масна кожа. Многу долготрајна, со убава текстура, матирачка, покривна и со природен изглед, но според мене така да ја наречам „зимска“ пудра. Сега барам нешто полесно за пролетта што доаѓа, па ме заинтересира Mat Magique на Лореал. А доколку некој ја има пробано и оваа, добредојдени би биле коментари и за неа
Се двоумам меѓу Гош натурал тач и некоја од Буржуа пудрите... Не сакам да е претешка, но да е прекривна, да дава здрав сјај на лицето. Пожелно е да е за нормална кон сува кожа. Многу пудри имам пробано, но немам од овие двете. Се двоумам која?
СексиБејби, Дебора е прекрасна пудра, само што единствениот проблем за мене беше тоа што не можев да си најдам нијанса - сите ми маваа на паштетесто, т.е. ми беа претемни. Многу сум светла, а и најсветлата нијанса на оваа пудра ми беше претемна. По текстура е слична како онаа Дебора со црвено капаче (или барем мене така ми изгледаше), покривна е, немам замерки - освен за нијансата нели. На цената не се сеќавам. Не знам ни дали прашав. А и мене ми фати око оваа Лореал и велиш 600 денари - стална цена е или промотивна? Сакам да ја пробам, па ако ми одгоара да сменам малку. Ако се решиш да ја пробаш/купиш - известувај тука или по ЛП.
^ Мишелка, изгледа ќе изигравам експериментално глувче и ќе ја пробам, не можам да си помогнам Се` што ќе видам, се` сакам бре За Дебората, ако има нијанса fair, а мислам дека има (барем според сликата што ја ставив), тогаш добра ќе ми биде, ми одговара таа нијанса. Ама некако повеќе ме влече да ја пробам Лореалот, право да ти кажам. За цената, веројатно таа е, не верувам дека беше промотивна. Не ми текнува колку точно беше, 500 и нешто, ама сигурно не беше повеќе од 600 Деновиве ќе прошетам пак до Космо и ако ја купам ќе поднесам извештај тука, ич да не се секираш
здраво ми треба пудра за многу мрсно лице дали воопсто постои затоасто имам лосо искуство со многу колекции испадна дјабе фрлени пари
Кога ја купив пудрава беше супер, ама кога за брзо време стана течна и никаква, отиде во пензионирање. И потоа конечно си ја пронајдов совршената пудра, but not for long Исто како и со Rimmel-от, на почетокот ми беше супер а сега...катастрофа е.Си се вратив пак на Rimmel-от и повеќе сум задоволна од пудрата сега отколку кога ја купив. Пудриве како да договориле да бидат на смени хахаха