[/quote] НЕ е за сува, зашто самата пудра е многу сува и ептен брзо се впива и одма се зацврстува. За мрсна или комбинирана е, слична е на 123 дури и уште понепокривна. Лесна пудра за разлика од другите на макс-фактор не те прави цемент како да имаш на лице. 400 денари е намелена во Дм, инаку 600и нешто беше.
Јас имам многу мрсно лице , последно ја земав оваа пудра на Менхетен веке 4 пат ја ставам , супер е , мат и стварно е покривна и што е најважно не светам за многу саати И Буржуа 123 е добра пудра , но според мене не е многу покривна и лицево брзо ми светеше. Бидејки многу се жалеа дека се појавуваат лишаи од Менхетенот , мене сега за сега (да не се урочам )во ред ми е лицето
И јас ја земав пудрава, пошто сум навикната на погусти пудри се зачудив дека е многу течна. Ама откако ќе ја размачкаш станува погуста и не мрда цел ден. Покривна е, ама не многу. До сега најзадоволна сум била од Менхетен во црна тубичка.
Коритсаки, јас тврдам дека ова е една од најдобрите пудри за масна кожа што постојат на пазарот. Јас веќе долги години ја користам, повремено менувам други пудри, ама секогаш и` се враќам на Менхетенот. Ни мене никогаш не ми се направиле лишаи од пудрава, напротив, совршено ми одговара. Само, јас ја користам оваа секогаш за навечер, бидејќи малку е препокривна (барем за мене) за преку ден. Инаку, одлична е, и секогаш ја имам во несесерот Менхетенов, заедно со Ревлон за масна кожа, Дебора со зелено капаче и Артдеко oil free ми се топ течни пудри за масна кожа
Ми требаше пудра онака за во чанта да ми се најде кога ќе излезам без шминка, па морам на некое битно место да одам, кога ќе ми ја изеде некој или кога ќе останам да преспијам кај тетка ми за да не ги земам од дома шминкиве. Не ми се даваа многу пари па ја земав оваа на Римел: Мислам дека ја утнав пак бројката, земав 300 ама па немаше многу голем избор, само 4 бои, оваа некако најблиска ми беше. Ставив пред два часа, дава убав природен изглед. Блеска малку ама па не ги сакам јас ни оние баш мат пудрите кои не даваат као свеж изглед на лицето. Од минатата пудра на Флормар сфатив дека за да се долови покривноста на пудрата и да се препорача на некој е фино да се види каков изглед дава. Јас сум задоволна, за оние денови кога не сакам баш да се гледа дека имам шминка и шминка и шминка Покривноста од 1 до 5 би и дава 2,5. Еве сликички:
Досега ги избегнував течните пудри,зашто ем не се шминкам многу, ем немам многу проблематична кожа(освен блага егзема која се појавува одвреме-навреме) но си купив една и сум ПРЕЗАДОВОЛНА. Значи страхотално е колку е добра. Ја земав од Цирих на аеродром, сигурно и тука се наоѓа. И вреди за сите пари.Станува збор за Lancome Teint Miracle. Не се ни познава дека сум ја нанела,толку добро се припива на кожата,ја прави седефаста и мека. А врз неа користам за матирање и камена пудра на Mac(не ми текнува точно на името, а ме мрзи да се качувам до соба да проверам) или пак на Lancome Dual finish(исто многу е добра).
По препорака од братучетка ми,од неодамна ја користам Артдеко минералната пудра и можам само да кажам дека е совршена и се исплати секој денар даден за неа.Пред неа користев Ревлон colorstay , ама некако од артдекото сум позадоволна
Пред некој ден ја купив пудрата на Боржуа 123 Перфект, не е лоша, прилично сум задоволна од Хелти миксот и оваа, меѓутоа сакам за комбинирана кожа, пудра која дава оној здрав изглед на лицето, не сакам да е прашкаста,како што вели Марамка, со овие мат пудри се познава многу пудрата на лицето - што јас го мразам многу , постои ли некоја таква за комбинирана кожа или тешко П.с купувавајте си ја пудрата на Боржуа 123 Перфект од мојот град 700 денари е, мислам кажувавте дека е поскапа И уште нешто овие пудри на Боржуа на природна база ли се или јок , продавачката тоа ми го напомна неклку пати, ги читав состојките ама пак некако не ми изгледа дека е на природна база, може моја грешка
Healthy mix serum е повеке на природна база за др незнам,али ко шо гледав по др пудри на Bourjois не се...
Благодарение на рецензијата од Хипстер пред мнооогу време, решив да и дадам шанса на пудрава ем на некое намаление си ја најдов. И можам да кажам дека сум задоволна. Структурата е густа дури би рекла малце кремава, има средна покривност(поголема од мејбелин афинитон на пример,а еднаква на макс фактор), остава мат финиш и многу свеж изглед. Издржува до 4 часа без светнување, се поправа со само едно поминување со четка со пудра во прав а не се брише. Ова е пробување без подлога И огормен плус што има мнооогу добар избор на светли нијанси за бели дечиња како мене Ако ја нема во Скопје кога ќе имате шанса дограбајте се до неа
Еве и јас една рецензија за оваа. Прво, задоволна сум. Има средна накај солидна покривност, мааалку е прашкаста што ја прави супер за комбинирана или мрсна кожа (сепак мислам дека со мрсна би светнале по некое време) меѓутоа има убава текстура, течна и убаво се размачкува и упива.Е сега, трајноста не ја одредив, ми траеше 3 саати добро, ама после следеше гњавење и тортура од дечко ми па нормално е побрзо да се избрише.Нијансите се океј, остава мат финиш и не е воопшто cakey.
Види вака, сите пудри се на „природна“ база, само што составот како што велиш ти и не вели баш така. 123 perfect не знам колку е на природна база - имаше некаква алга, што ти знам таму во составот, ама далеку е и она и сите други од природната база. Bourjois BioDetox e 90 и кусур проценти organic. Според мене - уште една ептен солидна пудра по која постојано си пекам, ама душа не ми дава да ја сменам п'рфектот. П.С. На многу девојки не им одговараше - не би да ја препорачувам пак, плус одамна дојдовме до заклучок дека имам чудна кожа.
Мишелке ај збор два за пудрава Или било кој што ја користел, ама Мишела јас и ти имаме иста кожа па затоа тебе ти се обраќам Барав во темава ама сите различно кажуваат. Уствари Мишела од која пудра си најзадоволна? Таа 123?
А колко пари е пудрава ?? Јас користам Џордани Голд од Oriflame ама би сакала да ја сменам. Не сум задоволна.
Е вака драги мои феминки, Користам максфактор ластинг перформанс ама без разлика која пудра да ја ставам на носот ми се прави како затестена и како да имам пеги. Пробав со секакви подлоги, дали можеби некој имал слично искуство и може да ме посоветува? Пудра ставам само навечер затоа што денски немам баш и некоја потреба. Навечер тоа не се приметува, но денски е катастрофа. М?
За преку ден ја користам ББ кремата на Гарниер... [ Спојлер img]http://images-its.chemistdirect.co.uk/Garnier-Oil-Free-All-in-One-Skin-Perfector-BB-Blemish-Balm-Light-179339.jpg?o=JEicLB36frLg9nrRHkK1r0LQj$Aj&V=rrMu[/img] а навечер Менхетен 80 санд, сега сакам да ја земам и компактната (пошто не гледам на сајтот дали имаат камена ) само не знам која нијанса. Спојлер naturelle 1 или beige 2. Помош од некој што се разбира. Мишела?
^ Како што кажав порано и јас го имам твојот проблем.Имам сменето неколку пудри и која и да ја ставам на мене на носот и на челото мегу вегите многу ми се познава баш како затестена се прави и ужасно изгледа. Една девојка ме посоветува да правам пилинг на лицето со тоа што ке обрнам посебно внимание на тој дел.Правам и пилинг,и после тоа како подлога ставам хидратантна крема од Еуцерин ама џабе.Пак ми се познава. Дали има некоја од вас идеа совет некој да ми даде што да направам.Дали е проблемот во пудрите што ги користам. Стварно се нервирам многу бидејки имам приметено дека кога ке излезам со пудра на лицето лугево околу мене често ме загледуваат во лице.Ептен некако се познава и неубаво ми изгледа.
Се мислам и јас да ги испробам ББ кремите ама незнам како ќе се погодат на мојата комбинирана накај масна кожа.... совет?
Па компактната пудра ти е камената од нивната линија. Многу е убава, јас имам само пофални зборови за неа. Ја купив чинам 400 денари, ама ми траеше цела година со секојдневно нанесување по малку. Мислам дека нијансата 1 ќе ти биде пресветла, подобро земи си ја беж (2) нијансата, јас ја имав таа па ми беше супер. А морам да напоменам дека сум така беличка и беж нијансите во главно не ми одговараат кога станува збор за течните пудри. Оваа беше прекрасна. simoncelicious, ја немам користено пудрата на L'oreal, некако воопшто не ме привлекуваат како марка, па не знам колку би била компетентна да давам коментари. Од слушање по другарки - имам поделено мислење за пудрава и не знам дали и колку одговара на мрсна кожа. А за Bourjois 123 имам пишувано мал милион пати во темава и веќе навистина се осеќам нападно и досадно, па ако не ти е тешко, чекирај некоја страна поназад, сигурно ќе најдеш коментари од мене. Да не се повторувам пак, мислам нема смисла повеќе. Пробај ја оваа, наменета е за таков тип на кожа. Спојлер И до сите кои се жалите за лишаите - не знам каква кожа имате, ама посветете внимание на исхраната, на витамините што ги внесувате, не се ослонувајте само на пилинг, добра крема и толку. И после лишаи - е ќе имате, таков е и периодот, ту суво, ту влажно време, кожата си прима сè од надвор, тоа е. Бидете редовни со пилинзите, зашто резултати од два-три пати нема. Редовно нанесувајте и чистете го лицето со лосион кој одговара на вашиот тип на кожа, нанесувајте домашно приготвени маски и бидете трпеливи. Резултати преку ноќ нема, а и не очекувајте со оглед на временскиве катастрофи - денес лето, утре есен ... И така.