Пудрите од Лореал се супер, со црвено капаче е за сува, а со сиво за масна коза, во стаклено сисенце, и на сите сто ја имам препорачано се задоволни! инаку ако сакате пудра сто покрива многу, тогас ви ја препорачувам од Ревлон! а ако немате проблематично лице а сакате да имате пудра на него, лесна и убава мене ми е од Gosh , во црно пластично сисенце! инаку пудра сто најмногу ја имам користено е камена пудра од Max factor! ви ја препорачувам за секој ден
Вчера ја земав пудрава за прв пат, пред година дена ја користев Серумот и бев прилично задоволна, ама дефинитивно оваа повеќе ми се свиѓа. Серумот е полесна, не е толку покривна и дава убав свеж изглед на лицето, додека пудрава има семи мат финиш и е за нијанса попокривна од серумот. Мене лично ми се свиѓа многу, иако имам комбинирана кожа, и со секоја пудра светнувам после некое време иако ја фиксирам со камена или со пудра во прав. Па ни со оваа не е исклучок ама искрено мене тоа не ми претставува проблем. Убаво изгледа на лицето, не ми се собира околу носот, кај сувите делови на образите или кај порите на носот. Не е воопшто тешка, напротив лесна пудра е, многу лесно се размачкува, и изгледа многу природно. Од мене 9/10
никако да си најдам некаја пудра што ептен ќе ми одговара сум пробала многу, и поефтини и поскапи и течни и камени... Имам многу сува кожа. Некој со слична ситуација како мојава да ми даде совет?
Девојки дај кажете некое пудро за сува кожа ама ефтино да е нешо не стоам добро со парите ....се ми се евра па не ми се раситнуват хахахха
Јас по толку потрага по пудра за лице конечно ја најдов совршената: Mineral Long Lasting Foundation од Fresh minerals. Прекрасна е! Ни да ти се исфрли лицето ни ништо и супер покрива. Може да ја користат и лица кои имаат проблеми со алергија на лицето и слично. Мене ептен ми се погоди, а и една другарка ја кориси и е задоволна. Е сега за цената баш не памтам колку беше ама од 1000 до 1800 некаде ( не ме држете за збор). Сега ми се потроши, а ја користам од април некаде и скоро секој ден ставав. Деновиве ќе одам пак да ја купам па за точната цена подетално ќе пишам.
Не можам да сфатам како ви се фрлаат пари за нешто што ви ја уништува кожата. И кога цената е толку висока, тоа значи дека е наменета за некој кој сериозно има потреба да покрие нешто на лицето. Но тоа не би требало да бидат недостатоци на тинејџерска кожа туку за зрелата кожа, односно недостатоци како што се брчките (оние ептен „хард - кор“ брчки!). Зарем не сте свесни што може да направи секојдневната употреба на пудрите на младата кожа (не само на пудрите, но темата е за нив) на вашето лице? Сосема е во ред да ставите за посебна прилика, излегување или кога навистина сметате дека е потребно, но за секој ден? И самото користење на пудра придонесува за во иднина да имате повеќе за покривање. Најдобронамерен совет е кога немате потреба, нанесете само коректор на местата каде што сакате да покриете недостаток и не ставајте пудра. И откако неколку пати ќе излезете без пудра на лицето, ќе сфатите колку полесно ќе ви биде, колку марами и јаки од кошули нема да бидат за перење после еден час носење и дека понекогаш навистина нема потреба од пудрата. Верувајте, природното е секогаш поубаво и ако вие без пудра на лицето се гледате како бостанско плашило, некој друг го мисли сосема спротивното
Мислам дека и ја сменија амбалажата на оваа пудра , се надевам не ја имаат уништено внатре. Ако некој ја има во новава амбалажа нека пише каква е. Ваква беше Сега е ваква
Сум кажала и пак ќе кажам, Vichy пудрите и само Vichy. Јес да се посоленки ама вредат за сите пари. Покира се, подолго стои, не ја суши кожата ... Одлични се. Јас си ја нарачав мојата трета веќе по ред.
Јас користам една пудра на Менхетен која не е ни течна ни тврда, туку како пенаста е. Презадоволна сум!
Здраво дечки, има прекрасни пудри и е наоѓаат, но мојот проблем е друг.Јас сум мн Бледа(бела) со сивкасто зеленускаст тон на кожата.Значи не ми е ни жолт ни розев.А со месање на тие две бои не се добива тоа што јас го сакам..треба и таа зелена компонента(olive skin tone).До сеа не сум начекала соодветна пудра за мене..Се забегувале накај жолта или розева иако биле светли.Дали некој се соочил со сличен проблем, и ако нашол пудра нека ме просветли. http://lh6.google.com/nicolexiejm/R...rtVPqwjVez8/s1600/platinum-zhang-ziyi-hq4.jpg
Ги има во сите зегин аптеки, а во Сити мол има избор на тестери за таму да си пробаш, што не е сум сретнала на друго место.
И јас го имам истиов проблем! И секогаш ме прашуваат дали со розев или со жолт подтон, а двете ми се разликуваат -_- Соодветна боја ми беше Севнтин тајм плус 3ка, мн е светла, нека не те плаши бројкава. Е сега за покривање, не покрива мн, што ми е пак друг проблем мене
Во која парфимерија во Скопје може да се најде да се купи Ревлон?? Што мислите за Ревлон камена пудра???
Женски јас не се разбирам многу во пудрите затоа што имам речиси чисто лице , со 1-2 мозолки во месецот па би ве замолила да ми препорачате некоја пудра за мрсна кожа ( инаку имам 16 години и ставам само за излегување)