EXTRA LASTING - ја користам од авон, неодамна ми втаса и сум премногу задоволна, и подочнаци ми покрива и црвенилото на некои места, не е сјајна кизнеј колку, супер е.
Еве јас микс од овие две пудри од Флормар правам и одлични се. http://www.flormar.com/English/urungost ... markaid=13 http://www.flormar.com/English/urungost ... markaid=13
Maxfaktor мислам дека најдобро покрива густа е и убаво прикрива, а Џордани од Орифлејм ако сакате ВОДА земете ја неа )))))))
Знаете ли дали можам да ја користам пудрата на Seventeen во мала туба со сиво капаче, со оглед дека имам сува кожа? Покривна е?
Го гледав видеово за нанесување на течна пудра, http://www.youtube.com/watch?v=nMfB3z4q ... =endscreen а имам и претходно гледано и многу други, и нели на почетокот нанесува moisturizer, а потоа face primer, за да потоа нанесе течна пудра. Знам за што служат, и англиски зборам „со векови“, ама македонски назив за face primer? Малце сум makeup virgin за називи, па ако може помош... )
Face primer е всушност подлогата за шминка, сите оние квази-пудри од типот на тонирана крема. На пример, онаа нашата Јанг Дерм, L'oreal онаа со топченцата (често ја има низ видеата на јутјуб), па дури и сите останати ББ-креми би ги сместила тука.
Вери ми, камената ја имам користео кога излезе и е супер.. Ама Џордани е никаква, јас ја имав, до пред 1 недела. Лупнав 400 денари за џабеее. не покрива ич, течна е, исто како крем да си размачкуваш на лице. Очекував Џорданиии да биди кизнеј што, ама ме разочара
Кој прашуваше за сува кожа, јас ја земав Time Plus и ја препорачувам. А ми кажаа дека и BB кремата на Garnier е доста добра за сува кожа.
Ајде сега малку помош од Мишела за препорака на пудра до кај 400 денари за комбинирано-мрсна кожа и бел тен... Денес ставив од тестер пудра на VICHY навистина е добра ама кога ми кажаа дека е 1700 денари глава ме заболе... мислам двапати ми се сврте... До сега ставав пудра на Менхетен и една од Авон ама нешто не ми се погодија ниту едната ниту другата....сакам лесни пудри за поприроден изглед несакам да бидам како натрупан балон.....
како одат бројчињата на Ревлонот? 183, 182 и тн и тн?? Го барав бројчето да споредам нијанси ама не сум сигурна дали е тоа тоа...
Штом си користела пудра на Менхетн, претпоставувам дека била онаа во црната тубичка, зашто таа е за кожа од тој тип. И подобро што си ја оставила, според мене, таа е една од понеубавите пудри за комбинирана кожа. Ама нели, секој со искуството. Ме интересира само, дали меѓу другото ти треба и пудра со висока покривност, ама штом сакаш полесна, претпоставувам дека не ти треба многу покривна пудра за дневна шминка. Пудра со исти карактеристики барав и јас и на крај си ја зедов пак онаа која ми беше испитана теритoрија. Ја имам истата нијанса - таа е и најсветла. Се разликува од мојот тен, ама за минимална нијанса. Посветла од таа немаше за жал, а мислам дека за светол тен нијансите ванила се незаменливи. Штета што само Bourjois ми ја имаат погодено баш точната нијанса, ама за тоа во друг муабет. Пудрата е мат, лесна, средно течна (не се разлева ниту на прстите, ниту на лице, ама многу лесно се нанесува со прсти) и ќе ти биде потребно малку за да го опфатиш цело лице. Покривноста е средно жалосна за оние кои имаат акни и други кожни проблеми од типот на флеки, пори и сл. Ама, за чисто лице со тук-таму по некоја мозолка е идеална за изедначување на тенот и постигнување на свеж изглед. Убаво излегува на слики, трајна е и не е скапа - 322 денари во Космо (низ локалните парфимерии можеби е и поефтина). За иста цена, попокривна е оваа. Ама немаше нијанса, имаше 103ка, што мене ми беше ептен темна. П.С. Јас одоздола под пудрата секогаш нанесувам од подлогата за шминка на Јанг Дерм и на некој начин добивам поубав ефект од самата пудра. Се навикнав и веќе немам претстава како би излгедала пудрата нанесена само на подлога од типот на крем. Оваа stay matte ја немам пробано без Јанг Дерм одоздола, ама сепак останувам на тврдењето дека е слаба на покривност, а супер ако ја користите само за изедначување на тенот. Плус, покривноста секогаш може да се надогради со добар коректор, така да - ништо страшно.
Мишелке, шта кажеш за ова чудово од Авон? Некако тие процентите што намалуваат мрсноќа и ценичката убава ме тераат да го купам, ама без твој Амин не порачувам . Сега е 260 денари инаку.
Леле, Анабела, пудрите на Авон ми се ... катастрофа невидена. Еднаш се излажав да порачам, од оние со пумпица и тоа беше тоа. Пола шишенце чинам беше полно со вода, и тук-таму мааалку пудра, ко да не е без ич нели. Немам убаво мислење за нивните пудри, подобро земи си некоја од Орифлејм, имаше и таму една со матирачки ефект во тубичка и беше солидна. Често ја има и на акција со намалена цена. Еве како изгледа. Не е којзнае што, ама за секојдневен изглед е одлична. Како што те имам заприметено, имаш чисто лиценце и мислам дека нема да ти треба некоја голема покривност, ами барај си полесна мат пудра за изедначување на тенот. Оваа ми изгледа како некоја таква, ама навистина не знам што да ти кажам за неа - не е скапа, ако си при пари, порачај ја колку да не ја мислиш или ако имаш некој познат консултант/координатор, нека ти даде мостра да си ја пробаш пудрава. Примамлива е вака во каталогот навистина, ама овие од Авон знаат и ептен примамливо да балосуваат.
Потврдувам и јас за пудрата на Орифлејм. Ако немаш некој посериозен проблем со лицето, пудрата е одлична. Дава природен изглед и го изедначува тенот. Во тековниот каталог е 280 ден. ( Знам бидејќи ја нарачав, не работам за нив, се колнам )
face primer не е bb cream како што ти напишале. Да, некои го користат bb cream-от под пудра ама тој нема никакви бенефиции да ја задржи пудрата подолго време на лицето, да ги пополни порите, да ги израмни сите несовршености на лицето како face primer-от. Македонски назив е подлога за лице. Ако отидеш во јуник или космо и си прашаш ќе ти покажат. Има вакво на Гош, на Артдеко, на Лореал итн, итн...
Го потврувам мислењето на Мишелка за пудрата на орифлејм, мене гратис ми ја дадоа, и мислев дека е упер лоша, ама мене многу ми се допадна. И бојата ми беше погодена дури, чудо светско. Лесна е средно покривна, за преку ден е 5ка. Мислам дека не е ич скапа, поише од 300 не е. Ма да јас уште тврдам дека подобри пудри од буржоа123 и римел вејк ми уп за мрсна кожа нема. Ненадминливи, природни покривни, ненападни. Малку се поскапи ама вредат секој денар.
Епа ајде и јас да се посоветувам одамна користев менхетен и страшни се, уште не можам лишаите на некои места да си ги средам, потоа користев Џордани и ич ама ич не сум задоволна, додека се свртев што се вика ми го исполни лицето со митесери а капак на се беше импалата која така си ја купив насумице што се вели. Си се чудам како порано не сум се заинтересирала за темава...најверојатно дека сум имала релативно чисто лице....е сега стареам, па митесери, па некои недостаточиња и сл па морам да си земам некоја. Имам мрсна т-зона а остатокот од лицето нормален, ми треба некоја лесна а покривна пудра...се мислам за Буржоа перфект 123 или дебора 24 часа или мејбилин...и што мислите за лореал инфаилибле??
Прочитав поназад коментари за Rimmel Lasting Finish дека не била толку покривна, а јас ја пофалив како многу покривна пудра и решив да напишам уште една рецензија за пудрава, заснована на моето искуство зошто веќе ја користам една година. Јас пудрава ја користам најчесто за преку ден, а и навечер ја користев пред да ја земам Ревлонот. Јас немам некои проблеми со лицево, освен тие ПМС акнички, а и периодично знае горната Т- зона, вклучувајќи ја и брадата, да ми се изнафрлаат со ситни некои, поткожни акни кои ги мразаааам! Такашто, најчесто ставам два слоја од пудрава без подлога под неа. Речиси секогаш ставам по два слоја со исклучок кога брзам па ќе се нашлакам набрзина. Само така го добивам посакуваниот ефект од Римелов, и најважно од се' стои на лице, мрснотијата не се појавува по 5/6 саати. Првично пудрава изгледа како да не си ја размачкал добро па се познава, ама после само неколку минутки се фиксира и го изедначува тенот. Не ми го разранува уште толку лицето, не е тешка, не мириса лошо. Чини 322 денари, и не е од не е од некоја шкљ фирма. Јас лично сум многу задоволна од пудрава.
Препорачајте ми некоја пудра како за мене.Лесна но покривна.Лицето ми е многу осетливо, кожата ми е обична ниту сува,ниту мрсна.Имам 16 години.Не можам да си најдам пудра како за мене