Пробај ја севентин плус незнам точно каква е, само еднаш се намачкав но ми се допадна Исто така сакав да прашам и мислење за севентин, за каква кожа е? И римел се лесни но не покриваат многу ако немаш што да покриеш пробај со неа И јас сум во таква потрага...феминки помош
Јас порано користев Revlon ColorStay, пишува доле дека е за масна кожа. А сега користам од Oriflame Giordani Gold пудра, и таа е доста добра и чини помалку од Revlon-от. Премногу задоволна и од двете.
Имам мал проблем Јас имам поцрн тен малце, златен тен Е сега мајка ми е побела. За полесно да ме разберете: Од овие мајка ми е втор ред прво, а јас сум од втор ред измеѓу 2-ро и 3-то.. Во боја на кожа. И мајка ми користи Џордани. Спојлер А јас ја користам: Спојлер И имам земено најтемна. Проблемот е кога ќе ја ставам мојата пудра како паштета е А од мајка ми е многу бела.. т.е не е многу ама се познавам дека сум побела. Дали може да се измешаат овие две пудри, дали ќе е подобро? Или пак втората (мојата) пудра не е квалитетна? Фала
Некој да ми каже од искуство дали Revlon или Artdeco се подобри во покривност кај пудра и нормално која држи подолго време?
Квалитетна е твојата пудра и за да не ти биде толку темна измешај ја со малку хидратантен крем, т.е. со кремот што го користиш како подлога за пудрата. Никако немој да ги мешаш пудрите, онаа на мајка ти е со anti aging ефект и содржи повеќе колаген кој на твојата млада кожа и' е тотално непотребен. Подобро порачај си посветла нијанса од истата пудра која ја користиш и мешај ги двете за да добиеш нијанса која повеќе ќе ти одговара. И двете фирми нудат квалитетни пудри, ама Ревлонот (ако мислиш на color stay) е нешто поефтина во однос на Артдеко. Од сите прочитани постови, мислам дека е најефтина во Зегин (Ревлонот), а Артдеко често се на акција во Космо, пред скоро имаше една со мат ефект за ниска цена, ама не знам дали беше промотивна. Обично пудрите им се над 700 денари.
Да ми препорачате некоја течна пудра да е лесна и да покрива, за мрсна и сува кожа, мене Т зоната на лицето ми е мрна а другото сува кожа....дека јас немам некое искуство со пудри ама ај ке ставам за алманахот сосем малце...и да не е некоја скапа...иначе сакам да си купам од Битпазар ама ако има негде поевтини нека каже некој...
Да да, Artdeco се доста поскапи, ама во случајов не ми е битна цената туку колку пудрата си ја врши функцијата. Периодов се наполнив со бубулици и ми треба нешто квалитетно и покривно. Исто ми ја фалеше таа продавачката од Космо и Clinique пудрата, само незнам дали затоа шо најмногу и правеше промет(пошто 2000 беше) или стварно е многу ефективна и за бубулици и за покривност. Па ако некоја феминка има искуство со Clinique да сподели?
Deborah -Colour Copy nude perfection оваа ти ја препорачувам (другарка ми ја користи и е задоволна ) и никако не земај од битпазар или пазарче зашто не се на соодветна температура , стојат на топло/ладно..незнам мене би ми било страв да купувам од пазарите...
RedCloud, jас немам искуство со Clinique, ама би те советувала да не даваш толку пари кога ете, можеш да најдеш солидна пудра и за нешто помалку. Посебно пак ако ти е за секојдневна употреба. Каков тип на кожа имаш - мрсна, комбинирана? Мислам дека Ревлон ќе ти заврши работа, не за џабе е најфалена пудра на форумов и општо насекаде. Јас лично не бев многу изненадена од неа - препокривна е, немам замерка, трајна е, мат, ама мене ми беше претешка и ја оставив за некоја година потаму. Мислам дека уште ми е рано за неа. Jас имам искуство само со оваа пудра од фирмава. Преубава е, доста покривна, ама не ми беше погодена нијансата и немаше баш таков мат финиш каков што сакам. Повеќе би ја нарекла сјајна него ли мат. И не знам колку е погодна за помлада кожа, мислам дека има лифтинг или anti aging ефект. Феминка ја фалеше оваа пудра на Артдеко. Спојлер Jaс ја пробав само од тестерче и ми се допадна, ама исто би ја категоризирала како потешка пудра. Би рекла да си ја пробаш Ревлон, јас не сум сретнала незадоволна девојка од оваа пудра.
Комбинирана кожа имам... Знам дека и од Revlon и од Artdeco имаат за комбинирана до мрсна пудри.Јасно ми е дека се тешки, за да ми го покријат црвенилото мора да се тешки Знам дека на почеток ќе ми пречи ама ќе се навикнам ваљда(само се чудам летно време ако сум вака како ќе издржам ама ајде). А не те сфатив дали си позадоволна од покривноста на Revlon или на онаа од Artdeco која ја имаш користено без разлика шо била сјајна ? Инаку и јас не милувам многу со shining ефект -.-
Еве го моето мислење за втората пудра на Артдеко што ја ставила Мишела, јас ја испофалив Се уште ја користам и мислењето ми е исто, дури и уште подобро. Пудрава е перфектна, покривна е, но не е тешка и тестеста. Прочитај си погоре подетално. Едит: Ревлонот е исто така одлична пудра, мене ми беше на прво место додека не ја пробав Артдеко. Сега и двете ми се на пиедестал и искрено не можам да издвојам која е подобра. Мислам дека која и да ја земеш нема да згрешиш, единствено предност кај Ревлонот е што е поефтина
Епа, во главно задоволна сум од двете пудри, освен од таа longlasting зашто нијансата ми беше утната. Мислам дека нема да згрешиш која и да ја купиш, ама мене некако повеќе ме влече Ревлонот и „навивам“ за неа. Твој си е изборот, пробај си ги и двете од тестерче и ќе си видиш која поубаво ќе ти легне на лице. Инаку, штом имаш црвенила купи си зелен коректор. Да ми е жива и здрава Хипстер - зелениот коректор на Gosh ми го спасува животот. Имам лоша навика да ги чепкам акните и да ги вадам црнките по лицето, па црвенилата и зацрвенетите ранички ми се секојдневие, со кое коректоров одлично се справува. Не се согласувам никако дека треба да трпиме тешка пудра за да имаме совршено лице. Пудрата само изедначува тен - тоа е нејзината намена, а коректорот е тој кој ги покрива недостатоците. Доказ - нискобуџетната пудра (Rimmel stay matte) која почнав секојдневно да ја користам во комбинација со зелениот коректор на Gosh и коректорот на Artdeco.
Една од тие двете ќе е ) Инаку добро ми кажа Mishela, ваљда ќе направам комбинација од пудрата на Ревлон и коректор од Артдеко пошто го имав пооддамна користено и стварно бев ептен задоволна. Фала многу женски на помошта
Некоја добра пудра за нормална кожа? Да не е многу скапа, до кај 300 ден. и по можност да не е од Avon или Orifflame
Мишелка на рецепцијаа .. За каква кожа се следниве пудри, и збор два за нив , се шалам бе, ја посочувам Мишелка бидејќи поактивна е во темава, добредојдени се и други мислења.
Дали севентин тиме плус пудрата може да се користи за мрсна кожа? знам дека напнав со темава се извинувам
Max Factor е за нормална до комбинирана кожа, покрива доволно ама е за малку позрела кожа(ако имаш брчки и такви ствари), пример мајка ми ја користи и имам шлакнато некогаш ама не ми е нешто посебно добра. Втората од Bourjois е као демек со разни пигменти како шо има коректорот. Оваа е лесна пудра, ако имаш акни нема да ти ги покрие и многу брзо и лесно се брише, но ако немаш некој проблем со лицето why not. Оваа од L'Oreal - за никаде!! Значи едно шо нијансите сите маваат на жолто ко кинес, друго шо не е покривна, трето шо не е мат туку дава некој глуп сјај на лицето и многу бавно се суши. Тоа е моето искуство со овие пудри
Ме интересираше која е разликата помеѓу новата подлога за шминка (тако звана пудра) и старата пудра на Јанг Дерм или пак нема разлика освен новото паковање. иначе доколку не свативте ова е старата а ова новата Во аптека ми кажаа дека веќе нема да ја има старата пудра само подлогава ја има и била иста како старата меѓутоа старата ми се чини поубава ми беше
Jaс не би ја препорачала оваа пудра на некоја која има мрсна кожа. Самата структура на пудрата е таква сјајна и не е погодна за таквиот тип на кожа. Оваа е идеална за некоја која има сува или нормална кожа. И мене така ми рекоа во аптека, се изнервирав гадно и земав од старата пудра и од новата подлога. Има разлика и тоа огромна - старото пакување е баш пудра, потешка на структура, погуста, со поголема покривност, а ова новото е баш подлога за пудра - јас таква смеса добивав кога мешав малку пудра и многу хидратантен крем. Мене ми е навистина убава да ја нанесувам после нанесувањето на крем, па одозгора врз неа ставам пудра. Не делува тешко на лицето, не е паштета како што беше случај со пудрата и тоа е. Аптекарките упорно си тврдат демек, исто е - е како може да е исто кога структурата не им е иста. Подолго време ја користев Јанг Дерм пудрата и знам дека убаво ми покриваше, а подлогава убаво покрива, т.е. изедначува тен без дополнително користење на коректор (ако веќе сакате да поминете само со подлога) , само ако имате чисто лице без многу критични акни и флеки кои потешко се маскираат. За некого исти, за некого ни малку.