Прва што ја имам јас испробано, а е погодна за помлада кожа е Essence Stay all day. 300 денари е, е сега не знам каква кожа имаш, ама ако ти е нормална-комбинирана, може и малку мрсна, супер ќе ти е. Има и други на Essence, за помлада кожа, ама тие пробајте си ги во парфимерија да видите дали ќе ви одговараат. Втора, со средна покривност, ама за нормална и сува е Seventeen time plus, 350 мислам е, а во Космо и 390. Уште една, ама со помала покривност, што ја имам користено на ваша возраст е Делине.Во аптеки се наоѓа, и до 200 денари е најмногу.Убава е, кремаста, совршена за млада кожа.
Ме интересира какви се пудрите на Malena и некој да сподели искуство бидејќи не ми треба којзнае колку да е покривна сакам само да го изедначува тенот, па оваа ми се виде така поефтинка
Малена, Импала, и сите други „пазарски“ пудри баш и не се препорачливи.Мене лично, би ми било многу шубе да ги ставам на лице.Претпоставувам на пазар се продаваат, и нит знаеш колку време се таму, не се заштитени, замрзнуваат, па на топло се и ужас.Макар и во продавнички да се, не би ги купила. Господ знае кај се прават. На претходните страни имаме мноооооооогу пудри наведено, па ете 2 од поефтините ти се и горе.Чим не ти треба покривна, земи ја подлогата на Јанг Дерм, или пак ББ кремот на Гарниер, ииако е маалку поскап, ама барем знаеш дека е поквалитетно. Делине што ја наведов погоре е исто така убава пудра, а ич не е скапа, и што е најбитно ја има по аптеки.
Како прво (по којзнае и кој пат) - нештетна пудра има само на сон. Ама нели, ако веќе стане „неопходна“ и се користи почесто, треба да се избере некоја подобра зашто сепак ја ставате на лице. Пазарски пудри и марки не би препорачала ниту јас, ама во споредба помеѓу Импала и Малена - бирам Малена. Се познава дека е многу многу полесна од оваа и ете да речам за нијанса поасална. Ама не им ја препорачувам на тинејџерки. Ниту пак ББ кремот на Гарниер (или било кој ББ крем, подобро Јанг Дерм - иако е подлога, во секој случај е далеку од ББ крема), колку и да е лесен на лице, сепак би го класифицирала как производ за, ако можам така да ги наречам - тинејџерки во „поодминати“ години. Сите вие кои побаравте солидна течна пудра, ви предложувам да си ја проверите оваа на Риммел - 320 денари е, лесна и погодна за изедначување на тенот. Не е типична мат пудра, повеќе би рекла полумат ама одлична е - си ја користам и јас. Ако ви се даваат повеќе пари, земете си ја Севнтин Велвет со пумпичка, оваа ми е баш баш за било која возраст - полесна и попогодна пудра, амин. Шест стотки е, ама ќе ви бидат убава инвестиција сепак.
Имам слушнато многгу пофални зборови за Делине пудрата.Па ајде и вас да ве прашам Добра е? Дали одговара за мојата возраст? (16год.) И ако може некоја слика, да знам како изгледа.Барав на нет, неможев да најдам.
Deline нема да ти одговара само ако имаш комбинирана или мрсна кожа. Инаку не е лоша и тешка, има средна покривност, со минимално количество камена пудра на Т-зоната (ако некогаш е потребно), ќе потрае и цел ден. И напоменувам дека е сјајна пудра, нема воопшто мат финиш и затоа горенаведените нека не ја ставаат на листа баш баш. Вака изгледа. Спојлер Ја има во Синоличка - во случај да не можеш да ја најдеш на друго место.
Mishela, ај и јас да те замолам за совет! Имам проблематично лице, така што секојдневно ја користам Revlon ColorStay пудрата (со црно капаче). Моментално користам камена пудра од Oriflame од која не сум баш задоволна. Па некој препорака за добра камена пудра?
Оваа ја имам фалено и низ другите теми. И со цената и со квалитетот ја надминува Manhattan compact powder или како и да беше. 322 денари е во Космо, верувам дека низ локалните парфимерии е нешто поефтина, ама како и да е - несомнено е една од најдобрите (ако не и најдобра камена пудра која моево лице ја имало/носело, како сакате). Ги намалува порите, ја фиксира течната пудра одлично и навистина нема светење на зоните кои побрзо се мрсат некои 4-5 саати плус. Благодарност до членката која ми ја препорача.
Eдно прашање до Mишела која нијанса од оваа камена пудра на римел ке биде погодна за светол тен ја прескокнувам најсветлата нијанса транспарент бидејки многу ми е бела некако само сакам да не бидам како портокалова во лицето и по можност да ми препорачаш некоја друга докај 500 денари камена да биде.
Пудрава е ужас... ништо не покрива, воопшто не е мат...а ваптека ми рекоа дека е подогдна за мрсна кожа- склона кон анки бла бла...џабе фрлени пари.... не би ја препорачала никому
Лили, мене најсветлата ми беше премногу светла и се премислив во последен момент за оваа. Нијансата е 003 peach glow и мислам дека е прекрасна за сите кои мака мачат со светлиот тен или со портокаловите или жолтеникави нијанси од пудрата. Го неутрализира жолтилото, се уверив во тоа зашто лицето без камена со претходно нанесена Rimmel stay matte течна пудра (која и онака си мава на бледо портокалово) ми изгледаше баш како портокалче, а со малку од камената се неутрализира до некаде. Во нашево Космо ги имаа само тие две нијанси - најсветлата и оваа. Можеби им биле при крај (имаше неколку тестери, ама најтемната нијанса беше многу темна), можеби пак и располагаат само со тие, не знам. И најважно од сè е тоа што иако можеби изгледа светла на кожата (кај мене нијансата е потполно идентична и се совпаѓа со мојот природен тен), стои супер во комбинација со течната пудра. Трајна е и нема таков ефект ко „напукната камена површина“ доколку лицето се испоти и сл. Ја пробав и оваа, ама сепак првата ми остави поубав впечаток. Инаку, не се сеќавам на цената - мислам дека беше тука некаде, 300 и некој денар и оваа. Спојлер И Bourjois имаат убави камени пудри, провери си да не случајно се ставени на некоја акција (лани чинам баш во овој период докопав една на осмомартовска акција) Оваа е доста солидна, на редовната цена не се сеќавам ама познавајќи ги цените на пудрите, би рекла дека е тука некаде 500-600. Спојлер И онаа од колекцијата Хелти микс е убава, има избор на нијанси и лицето го прави многу многу нежно. Сепак, јас ти ја препорачувам онаа првата на Rimmel. Мислам дека голема е веројатноста да ти се допадне. Не знам што подразбирате под мат пудра. Тесто/пластелин од типот на Manhattan !? Горе е убаво пишано дека е добра за секојдневна употреба и изедначување на тенот. Убаво ти рекле за каква кожа е погодна, има мат финиш - ептен е воочливо, само што на почеток додека се впие во подлогата личи на сјајна пудра, а по минута-две нема гајле. Нема јака покривност - тоа и претходно го напоменав, лесна е ама не е од типот Seventeen Time Plus за да има толкава непокривност каква што опиша. П.С. Купи си добар коректор и пробај ја пудрава со коректор одоздола - разлика се осеча.
Јас ја користам Perfect finish на Classics ,кошта 240 ден и мене ептен ми е убава, ја има во Golden rose
Многу глупаво прашање ќе биде, знам, ама ај ќе си ја пробам среќата. Дали некаде продаваат и ако да по која цена се отприлика течни пудри во мали пакувања (околу 10мл да кажеме или помали)? Нешто во стилот на тестер. Сега ми текна за ваква опција, па немав кого да прашам. Во потрага сум по идеална пудра за мојава сува и проблематична (со црнки и акни на одредени места) кожа. Сакам да пробам повеќе варијанти, и не ми се исплати да земам од вообичаените по 30-35 мл кои ги користам по неколку месеци Фала ви однапред!
Малецки пудри нема, а тестери (во шишенца) не продаваат - освен ако немаш некоја познаничка која работи во парфимерија, па да ти даде/продаде од нив. Пробај си ја среќата и прашај во Schatze за тестери од Healthy mix, ама не од оние во шишенца и тубички, ами таквите во кесички. Јас имав неколку такви баш од таму, ама пред година-две. Се надевам уште носат вакви тестерчиња. Има од речиси сите пудри, не само од оваа, која патем ја зедов како пример.
Да, јас ја имам користено таа од Орифлејм и се уште ја користам...јас имам нормална кон сува кожа и ми е убава...задоволна сум
девојки, јас не знам како да одговорам посебно на секоја од вас(нова сум:П ), па се надевам дека ќе ме разберете и вака Со оглед на тоа дека релативно долго се занимавам со професионална шминка, чуствував потреба да ви дадам по некој добронамерен совет(иако, можеби ќе бидам офф топик) доколку имате недостатоци на лицето кои сакате да ги прекриете, тоа можете да го постигнете со коректор или камуфлажи(артдеко-барем од обие кои можат да се набават кај нас) девојките под 15 години кои имаат недостатоци(пеги,големи подоцници,флеќи итн) исто така треба да ги покријат со коректор , а не со пудра! низ текот на годините имам користено неколку течни пудри севентеен, лореал, макс фактор, менхеен, мејбилајн, ревлон, буржоа...топло ја препорачувам 1 2 3 на буржоа и мејбилајнот како поефтина варијанта! и уште еден совет офф топик доколку сакате да ја фиксирате течната пудра, врз неа ставете само пудра во прав.камената пудра се користи во ситуации кога не ставаме течна пудра туку ставаме само коректор или камуфлаж...се надевам дека моите совети ќе ви бидат од корист.секако овде сум доколку имате прашања...поздрав феминки и запомнете дека најдобра шминка ан едно лице е насмевката
Зедов primer од Gosh, и ББ-крема од Nivea, и се збунив бидејќи е во боја (тонирана). Што се нанесува најпрво? Прајмерот, па тонираната крема, па течната пудра...или?
Прво ќе го ставиш прајмерот, па тонираната крема, па пудрата. Ако тонираната крема ти е доволна за изедначување на тенот, може и да ја скокнеш течната пудра. А доколку нанесуваш коректор, тој секогаш оди после прајмерот.