Исто така сакам да ми предложите течна пудра која е со голема покривност, ама да не го прави лицето „тортасто“. Дали cream foundation (крем-пудра) е со поголема покривност од течните, или не мора да значи?
Да ти одговорам на претходното прашање, прво се нанесува прајмер, тој на Гош, па ако сакаш ББ крема или пудра, а може и ББ крема, па пудра ама тоа некако многу е. Е сега, второто прашање. Прва на листата со најголема покривност ни е Ревлон Колорстеј, за мрсна/комбинирана или сува кожа. Втора, Flower Perfection на Буржоа, за мрсна/комбинирана кожа. Трета, некои ја спомнуваа и 123 Перфект, исто на Буржоа и исто за комбинирана/мрсна кожа. Gosh Xceptional, исто така убава солидно покривна пудра, за комбинирана кожа би рекла, оние со мрсна ќе засветат. На третото не можам да ти одговорам, бидејќи немам баш никакво искуство со крем пудри, иако знам дека се прилично покривни, ама сепак не сакам да тропам без врска.
Флауер, купи си солиден коректор - безброј пати го спомнавме Artdeco camouflage cream и ќе немаш мака со било која пудра. Ако веќе си решена да купиш некоја со поголема покривност (пак ќе кажам, нема таква која идеално ги покрива сите недостатоци) - бирај си помеѓу 123 perfect од Bourjois и ете најфалената Revlon color stay. Потенцирам дека овие се за комбинирана до мрсна кожа. Или пак, ако воопшто не сакаш тортест ефект, земи си минерална пудра во прав и доволно ќе биде да нанесеш само од прајмерот и коректор ако имаш потреба и ти ќе си ја регулираш покривноста, со тоа што ќе нанесуваш повеќе пудра онаму каде што мислиш дека има потреба. Мојот паричник (што го немам) е полесен уште за некоја црвена пара. Морав, едноставно морав да ја имам и топло ја препорачувам на оние кои не ги љубат течните пудри, а сакаат свеж и убав, среден изглед. Не знам колку би била добра за оние со екстремно сува кожа, ама со самиот факт што под неа си ставате убава подлога по ваш избор - мислам дека ќе нема гајле.
Фала ви многу на сите , ја земав пред некој ден од Ревлон колорстеј, така што ќе ја испробам, а и од артдеко ќе го земам кремот за камуфлажа
Ја испробав ББ кремата на Нивеа и тоа light, премногу ми е темна Сега се мислам дали да ја дадам на некоја другарка, а да земам од Гарниер...ама да не ми испадне и таа темна? Имам многу светол тен, обично пудрите ми се или light ivory нијанси или porcelain. Некоја феминка со светол тен да ми даде совет за светла ББ крема... ?
женски , како сте задоволни од овие две пудри на мејбилајн? дали прекриваат убаво ? јас имам многу мрсна кожа па сакам и овие да ги пробам претходно ја имам кроситено од мејбилајн оваа пудра и не бев задоволна , многу брзо светнував Спојлер Моментално ги користам Буржуа 123 имам пишувано овде , но брзо светам во лицето иако е за мрсна кожа , незнам зашто , а менхетенот е супер само што некако тешко се размачкува.. Што препорачувате , дали да пробам некоја од овие две? Исто така читав и за Revlon Color Stay за мрсна кожа што е , има многу позитивни коментари , но ја нема овде во Грција барем во мојот град не
Koritsaki, зошто не си земеш солидна камена пудра, па да пробаш така да ја фиксираш течната и да спречиш мрсен ефект ? Не очекувај да најдеш идеална мат пудра која ќе ти трае цел ден без светнување на мрсните зони од лицето. Посебно не, кога знаеш дека имаш таков да го наречам проблематичен тип на кожа. Менхетн според мене е лоша пудра, пробај да ставаш подобар крем - не да биде мрсен, ами некој „помек“ кој не дава мрсен сјај, а сепак добро хидратира. Нанеси пудра, па стави си камена. Мислам дека кај вас има и пдобар избор на пудри - Сефора, Нарс (чинам имате или?), па дури и пробај со нешто поефтина варијанта - Мејбилин, Риммел ... И Боржуа е одлична пудра, а има и супер избор на камени пудри и од нив, па купи си некоја и ќе немаш проблем со пречестото мрсење. Пак ќе кажам - ако имате мрсна, па дури и комбинирана кожа, не очекувајте да најдете течна пудра која ќе ви стои на лице цел ден или поголем дел од денот, па и без да светнете - е премногу е, посебно на вакви топли и сончеви денови.
Имаш право Мишела Јас барам нешто што нема да светам цел ден , но како што викаш не постои такво нешто Инаку кај Буржуа 123 ми се допаѓа и тоа што многу убаво мириса па сега си викам да пробам некоја камена пудра или од Буржуа или од Мејбилајн.
Земи ја оваа штом сакаш од Макс Фактор, јас искрено не ги сакам многу како бренд. Ги купувам само нивните маскари, ама и тие не ми се покажале баш баш. Спојлер Штом имаш акни за покривање земи си и некој подобар коректор, зашто можеби и нема да го постигнеш посакуваниот ефект само со пудра. Ете, имаш солиден и од Макс Фактор - Пан стикот кој патем ако не се лажам, беше некаде 400 денари. Убав е, можеш да го користиш дури и како пудра ако имаш мрсна кожа, мат е и тврдо-кремаст по структура.
Токму оваа пудра на Артдеко ја имам веке 6 месеца но не знам како да ја користам пробав да ја измешам со крема но не се размачкува баш лесно и се познава по кожата и така со четка кабуки ја ставав откако ке ставев крема но некои суви делови ми ги нагласуваше и добиваа друга боја помош некаква, совет како најдобро би било да се нанесе
^^ Верувале или не, јас пак со оваа пудра на ArtDeco маки мачам. Светнувам за пола саат. Значи вообичаената рутина ми е кремата со мат ефект на Alverde, камуфлажата на ArtDeco, па ставам од пудрата 123 на Bourjois и финиширам со камената на Bourjois, секогаш без исклучок и терам така некое време. А, оваа на ArtDeco верувајте и без никаква крема одоздола ја ставам што никогаш не ми било пракса и пак светнувам. Се разочарав стварно. Си викам летно време којзнае каква ќе биде.
Јас пак, задоволна сум - до сега не се случил инцидент со светкање, а одам по следниов тертип: Ставам обична Dove крема, па коректор, понекогаш од подлогата ЈангДерм (зависи како сум расположена) и со четка ја нанесувам пудрава во прав. На крај ставам Rimmel stay matte камена и добро е, ама по 7-8 саати секако малку „попушта“ и се гледаат знаци на мрсење. Тоа е, не можеме да го сопреме лачењето на себум, природен процес е и јас си се помирив со ситуацијата. Senza.parole, проба ли да ставаш камена одозгора врз оваа во прав? Пробајте и така девојки, може ќе има некаков резултат.
Овие пудри за кои прашуваш не сум ги пробала, од Мејбилајн сум ја пробала само Affinitone maybelline foundation и сум презадоволна. Лесна е, лесно се размачкува, средно покривна, не ми ја пресушува кожата, но и не ја масти, пристојна цена има од околу 400 ден, ти ја препорачувам.
Искрено немам пробано така, пошто јас ја третирам како 2 во 1 и течна и пудра во прав, па нели тоа и беше намената? Ама ќе пробам, па побогу две илјадарки дадов за неа и кабукито од Гош специјално, а дали 2-3 пати имам ставено.
Има ББ крема на Нивеа? Ја немам сретнато досега, каде ја има, збор-два за неа доколку некој ја има користено?
Има, има, да не бидат покусо и они. Вчера ги гледав, ги има во Тинекс, сигурно и низ Космо и останатите дрогерии. Не им ја запаметив цената, а ниту изгледот на кутивчињата. Мислам дека имаше нешто зеленко, ич не ми иде ваква слика каква што најдов на нет. Спојлер Можеби се тие, ете мислам една членка ја имаше купено, па нека ни каже таа. Има две нијанси, ама мене ме интересира покривноста, т.е. дали убаво го изедначуваат тенот и дали се тешки, лепливи, дали покриваат црвенила ...