Има да, ја зедов од тинекс, 350 денари. Има 3 нијанси - light, medium и dark. Преубаво мириса, преубаво се нанесува, арно ама мене најсветлата ми бесе темна, како да сум се сончала. Сега зедов light од garnier и конечно ми одговара на тенот. Да, така изгледаат, 350 денари се, ама не се за девојки со мн светол тен. Покривноста е одлична, можно е дури и да не ти треба течна пудра, нежна е, лесно се нанесува и мириса на нивеа кремче Го купив коректорот од Артдеко (camouflage cream) и стварно е екстра. Со тенко слојче скрив и подочњаци и флекички. Фала многу за препораката!
Ептен е убава. Лесна пудра е, не дава ефект паштета, а во исто време и покрива. Топло ти ја препорачувам.
Подарокот од мене до мене за 8-ми март - Дебора Комфорт мат (еквивалентна на Дебора Колор Копи или попозната како Дебора со зеленото капаче) Кратка рецензија + намерно не ставив камена, за да видам дали е доволно мат (а имам апла мрсна кожа) и се покажа како одлична, 5 часа со маала почетничка фаза на сјај (а бев излезена во клуб, многу гужва, топло) + некој ќе каже дека нема мирис, но мене ми има баш онака таинствен и пријатен мирис, како кремче + многу е лесна, како ништо да немаш + лесно се размачкува, не е од типот на брашнести пудри (читај Менхетн) + може да служи и за дневни и за ноќни излегувања (со малку камена или пудра во прав одлична е и за под рефлектори) + има нијанси и за бели дечиња, јеј - не многу голема покривност, барем за оние со малку проблематична кожа како мене, ми требаа 4 слоја за да ги прекријам недостатоците Цена 630ден. (Космо) Дали би ја купила повторно: да, мислам дека конечно си најдов замена за тешката стара Bourjoix
^ Конечно некој да даде рецензија за пудрава, одамна ја меркам Штом велиш дека е лесна како Колор Копи, ме убеди, ќе си ја купам Сега за пролетва барам нешто полесно, но секако со мат ефект и без изглед на „маска“ и мислам дека изборот ќе падне токму на Дебора Комфорт Мат. Штом ја купам, ќе напишам и јас рецензија
И јас ѝ се токмам на Дебора комфорт мат, чекајте и од мене рецензија за 2-3 недели. Инаку, во врска со ББ кремот на Гарние... многу лошо ми мириса. Дали има врска со воздухот, иако не сум ја оставила тубичката отворена, ама после некое време ми доби кремава мирис на кисело. И камената на Римел - Stay matte ми е во план, ама таа не е нешто прескапа, околу 330 ден. колку што прочитав од извештајот и пофалбите на Мишела, која ми е како гуру за козметика. Предлагам се` што е врзано за козметика, посебно темава да се стави во рацете на Мишелка.
^ Мене па ББ кремот на Гарниер ми е феноменален, го обожавам За мирисот, што знам, не ни забележувам дека има, мене на ништо не ми мириса Сега го отворив специјално да го мириснам , можеби така малку дискретно мириса на нешто не толку убаво, ама ептен малку Јас откако си го купив, го ставам само него, пудра не ставам одозгора, и одличен ми е. Си стои на лице без проблем по 8 часа, единствено што забележав е дека после некои 5 часа руменилото ми го снемува од лицево магично (што досега со ниту една пудра не ми се случило) , ама нема врска. За парите е супер. И мислам дека после многу години прекин на користење на камена пудра, ќе ја пробам и јас Римел Stay Matte (така ли беше ), ми ја испофали и другарка ми, а и тука Мишела, па решив и јас да ја пробам, ама кога ќе бидам при пари
500 денари е. Јас ја користам и задоволна сум. Побарај назад во темава имам ставено и сликичка колкава и е покривноста.
Malena - пудра за лице 130 ден. убаво покрива не е тешка за сите типови на лице + ги загорува бубалициве ја има во пакет маркет кит го .. парфимерии(поскапа е таму) француска пудра за лице
Мене ми доби мирис на алкохол, ама не се испотресов нешто страшно. Уште ми е одлично нешто откриено, на сите го препорачувам и не се откажувам така лесно. По цел ден ми стои, се случува да се нашминкам во 10 сабајле и вечерта да се приберам во 23, и уште да бидам свежа и нашминкана.
Еве и од мене рецензии за пудри што сум ги пробала во последно време Сите пудри ги пробувам на ист начин, на чисто лице со нанесена веќе крема за лице (имам комбинирана/мрсна кожа со изразена т-зона и суви делови на образите, не сакам тешки или скроз мат пудри, покривност барам минимална/средна, пудрата е тука да ми го изедначи тенот а коректорот да ми прекрие, барам долготрајна пудра која не се собира во линии или не ги изразува сувите делови) епа вакаа... Revlon Colorstay Спојлер Добри страни: -Трае неверојатно долго на кожата, дури ни кога се трудиш да ја извадиш не се вади лесно -Oil free e -Солидна покривност -СПФ 6 -Убави нијанси, добра селекција на жолти и розеви подтонови Лоши страни: -Специфичен мирис, мене лично воопшто не ми се допаѓа -Тешка е, потешко се размачкува -Брзо се суши, откако ќе се исуши невозможни се никакви корекции 7/10 Без разлика на тоа дека е тешка пудра, секогаш ја имам дома, и ја мешам со други пудри кои не се long lasting па ми треба да им го продолжам стоењето на лицето Bourjois 123 perfect Спојлер Добри страни: -Супер покривност (мене ми е дури и попокривна од Ревлонот) -Лесно се размачкува -Не изгледа неприродно -Добра селекција на нијанси, и сите маваат малку на жолтеникаво што за мене е плус -Сама се фиксира и имаш чувство како веќе да си ставил камена пудра -Не е тешка на лицето -СПФ 10 Лоши страни: -Лесно се брише од лицето -Знае да ги нагласи сувите делови на лицето 8/10 Bourjois healthy mix foundation Спојлер Добри страни: -Лесна пудра -Дава полу мат финиш -Прави лицето да блеска, му дава здрав изглед но не го прави мрсно -Солидна покривност -Прелесно се размачкува и не се суши толку брзо -Исто како и 123 има супер нијанси -Воопшто не се познава на лицето -Може да се нанесат и два слоја и пак да изгледа убаво и природно (кај 123 и ревлонот кај мене барем тоа е невозможно, одма станува cakey) -Во пластично шише е па има диспанзер кој ја бутка пудрата нагоре и секогаш до крај ја трошите пудрата Лоши страни: -Лесно се брише па мора да се фиксира со камена пудра 9/10 Bourjois healthy mix serum Спојлер Добри страни: -Прелесна е, не се чувствува воопшто на лицето -Му дозволува на лицето да дише и не ги затнува порите -Дава здрав сјај на лицето, но не го мрси -Не ги нагласува сувите делови на лицето -Лицето го прави меко како крема за лице да сте ставиле -Финишот не е мат, повеќе накај сјаен е (но никако мрсен) -Повеќе би одговарала на девојки со сува кожа Лоши страни: -Помала покривност од обичната Healthy mix пудра -Т-зоната после неколку саати светнува и нужни се корекции 7/10 Rimmel lasting finish foundation Спојлер Добри страни: -Лесна е, не се чувствува на лицето -Добро се размачкува -Не ги нагласува сувите делови на лицето -Солидна покривност -Супер трајност, стои на лицето додека не ја избришеш -Не се собира во линии -Не се пренесува на алишта -Дава полу мат финиш Лоши страни: -Долго време треба додека се фиксира -Нијансите не се баш најсјајни, мене и најсветлата ми е малку темна -Има чуден мирис, мене лично не ми смета ама на некој може да му смета 7/10 Avon ideal flawless Спојлер Добри страни: -Лесна пудра е -Не се осеќа на лицето -И два слоја на ставиш изгледа природно -Лесно се размачкува -Дава сјај на лицето -Сувите делови не ги нагласува и т-зоната не ја масти дополнително Лоши страни: -Не е долго трајна -После неколку саати нужни се корекции 7/10 Мaybelline affinitone mineral Спојлер Добри страни; -Лесна пудра -Лесно се размачкува -Солидна покривност -СПФ 20 -На лицето ми траеше додека не ја избришев а ја тестирав на екстра топло време -Полу мат финиш Лоши страни: -Без камена лесно се брише -Поради СПФ-то не е идеална за фотографии 7/10 Мax factor colour adapt Спојлер Добри страни: -Добра покривност -Трае долго време на лицето и не се брише -Се адаптира на бојата на лицето Лоши страни: -Тешка е, густа и многу тешко се размачкува -Изгледа неприродно на кожата -Екстра мат финиш -Ми ги затвори порите и ми се исфрли лицето од пудрава 4/10 Garnier BB cream for oily/combination skin Спојлер Откритие на годината Добри страни: -СЕ! -Лесно кремче -ОДЛИЧНА покривност -Дава здрав сјај без притоа да изгледа мрсна кожата -Не се собира во линии или во суви делови -Одлична трајност, дури и потрајна од некои пудри ми е -СПФ 20 Лоши страни: -Можеле повеќе нијанси да направат, најсветлата нијанса мене малку на розево ми мава, јас имам изразит жолт подтон, па кога тоа би го средиле ова би било идеално за мене 9/10 и така... кога ќе ми текне на уште некоја што сум ја пробала пак ќе ви пишам
Јас морав да пишам. Ја земав оваа пудра пред околу 1 недела од флормар. Чинеше 350ден. И сум презадоволна за тие пари. Ја земав нијансата golden beige. Имам прилично светло лице, оваа може е малку потемна, но кога ќе ставам одозгора и камена пудра (чија нијанса ми е ептен погодена) дава одличен ефект. Имам сува кожа и проблематично лице (со малку акни и црнки и некои флекички) и морам да ја пофалам дека има прилично добра покриеност. Ефектот трае и до 5 часа што за мене е одлично. Од мене има една добра 4. Е сега сакам да си земам и некоја бб крема за изедначување на тенот. Како што кажав, имам прилично проблематична и сува кожа, и одоздола ставам само хидратантна крема на Dove. Но, дефинитивно, со сите пудри досега кои сум ги пробала, по 2-3 саати ми се познаваат некои кругови на лицето каде што кожата ми е посува од обичното. Планирам утре да си купам, ќе се распрашам која би била најдобра за моето лице, па ќе пишам дополнителен коментар за искуството.
^ SnowWhite, внимавај си и со оваа пудра на Флормар - колку што гледам, мат е и наменета е за комбинирана и мрсна кожа. Можеби на почеток вака некое време ќе ти биде супер, ама поради мат ефектот и поради тоа што нема масла во неа, може и те како да ти направи лишаи и проблеми дур да трепнеш. Не мора и да значи, ама ти го велам ова зашто искуството ми го докажало повеќе пати горенапишаното. Редактирам, зашто заборавив да ти кажам за ББ-кремите. Штом имаш дува кожа, не ја земај таа во високата и тенка туба, ами земи си ја обичната (пониската, кремаста боја е опаковката) зашто таа е наменета за сува кожа. Германска не е? Ја имам по дома и ја користам како коректор за акни и флеки, зашто не ми се троши Артдекото и на неа пишува made in Germany. И јас ја знаев фирмава како френч, ама изгледа дојч ќе да е.
Ми треба мала помош. Моментално ја користам мат менхетенот црната. На почетокот бев премногу задаволна, а сега забележувам како ми се појавуваат лишаи и ми ги оцртува сите линии околу очите и кога ќе се насмевнам. Исто како брчкосана. Сега би ве прашала да ми предложите пудра слична како менхетенот, мат да е за комбинирана кожа и да има добра покривност. =)
Женски, ај препорачајте ми некоја лесна пудра за комбинирана до сува кожа? Никако не можам да погодам,а не сакам да свети сакам да е појке мат. Предлози?
Женски од се што прочитав до сега за пудрите , за моето лице кое е мрсно( а можеби и комбинирано , некогаш носот ми се лупи) и за мојата возраст (16 години) која од овие е подобра? или