Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    ^
    Првата е добра зошто спречува појавување на нови мозолчиња, за масна и комбинирана кожа е, и лицето не светка брзо.Покривна е, ама има малку нијанси мислам, и накај жолтичко маваат.Малку е погуста, ама чим бараш покривност не би ти пречело.

    За втората имам напишано рецензија неколку страни претходно, ама за твојата возраст би ти ја препорачала Менхетн, само пробај тестер во парфимерија чисто да видиш да не ти е и оваа тешка, иако не би требало.

    Сепак, бидејќи имаш 16, најдобронамерен совет од мене ти е да не си го мачиш лицето со пудри, земи си ББ крема и ставај коректор на проблематичните места. :)
     
    На strawberry111, Sanjichka007 и koritsaki им се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Пудра со висока покривност за комбинирана накај мрсна кожа, без СПФ, мат, некој да ми препорачи? Имам се изјаснето на темава дека не сум голем фан на пудри, но од многу прашина во последно време лицето ми е катастрофа. :worried:
     
  3. BarbieGirlsweet

    BarbieGirlsweet Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Која пудра е добра за сува кожа? Јас ја имам пудрата од Диор доле што е на сликава но на мојава кожа не и прија сум пробала и од нивеа,лореал,ланком но сепак ништо...ПА која би ми ја препорачале??
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      245,1 KB
      Прегледи:
      394
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Цреше, мора да биде без СПФ? :?:
    Единствено што ми текнува на некоја без СПФ е Менхетн мат, ама не би му ја препорачала ниту на најголемиот душман. :$
    И Боржуа има, и Ревлон.
    Освен да пробаш со некоја од Лореал или Макс Фактор, ма да јас лично не сум им баш голем фан. :)
    [​IMG][​IMG]
    Ако сакаш две муви со еден удар, ете ти совет од мене.
    Земи си некоја од овие две и купи си коректор, без разлика дали ќе се одлучиш за Гош, Артдеко или ете Панстик - мислам дека повеќе ќе ти заврши работа ваква комбинација. :)
    [​IMG][​IMG]
    Без коректор, првата е попокривна, втората само изедначува тен и минимално прекрива црвенила.
    Со коректор, макар било каков, двете се full coverage за 320 денари. :wasntme:

    Редактирам и топло ти ја препорачувам, ако уште ја има.
    Нejзиното височество, Дебора.
    [​IMG]
    650 мислам дека беше, некаде е и 630.
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот Мишела, инаку да, мора без СПФ бидејќи користев со СПФ до сега и на фотографии сум бела како дух поради него. :(
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    За сува се овие добри.Имам читано многу рецензии, мое искуство не можам да ти кажам точно бидејќи немам сува кожа.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Бидејќи гледам дека користиш Диор, Ланком... јас би ти ја препорачала на Клиник Супермоишчр, хидратантна и наменета за сува кожа. Под неа нема потреба за крема нанесување затоа што е доста течна. Многу нежна текстура има, но не светнувалицето и има солидна покривност. :)

    [​IMG]
    Мишела гледам си ги навела Макс Фактор Ластинг Перформас и Лореал Инфелибл како пудри за мрсна кожа, а јас пак имам спротивно искуство. Совршено ми одговараат на мојата пресува кожа. Од нив не ми се случило да ми се излупи лицето, да ми се појавуваат лишаи и чуда, баш ми го прави перфектно. Додека пак сестра ми ако стави на нејзината мрсна кожа по некое време светнува. Ластинг Перформансот има многу лесна структура, јас понекогаш и без претходно да нанесам подлога ја нанесувам, по течна е за разлика од Инфелибл ама и двете немаат грешка кога се работи за сува кожа.
    Според мене подобра пудра од Менхетнот Мат (Црната) за мрсна кожа не постои. Една од најпокривните пудри е, а тоа дека по подолго користење ја суши кожата и прави лишаи е индивидуално. Со самата густа текстура се приметува дека е тешка пудра и дека е доста покривна.
    Некој бараше предлог за пудра за сува кожа, би ја препорачала и Севнтин Тајм Плус и на Менхетн имаат нова за сува кожа + e long lasting. Наредна пудра дефинитивно ќе ми биде таа, засега немам искуство, но по текстурата ми се виде супер. Така да ако ја има некој нека сподели искуство.
    [​IMG]
     
  8. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Кој ББ крем од гарниер е за сува кожа? Оној во тесната тубичка?
     
  9. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    4.608
    Пол:
    Женски
    не туку другиот...овај:

    [​IMG]
     
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не, тој во пошироката мислам.Си пишува најдоле на опаковката за каква кожа е. :)
     
  11. BarbieGirlsweet

    BarbieGirlsweet Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Фала ви на одг...Од артдеко тешко да најдам бидејќи во козметичкиве продавници овде во белгија тешко да се пронајде а забележувам мн има задоволни женски од таа гама.Ете и сестра ми во мкд пудрата ја користи и неа суперн и стои,за таа од мабулине ја имам користено но потоа ја сменив ај си реков да не најдам нешто подобро за мојава кожа која мн пб ми ствара со пудриве мн е сува и кога ставам уффф целата се лушпи :devil: ...а ова од менхетен ја немам испробано баш ке ја земам па да видиме како ке ми стои дали ќе и прија на лицето крај краева ако не пак ке си се вратам на мабулине... ;)
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Морав да пишам за Менхетен мат црната. Потополно се согласувам со Мимс, многу пати ја имам испофалено низ темава, и за мене е една од најдобрите пудри за масна кожа. Би ја ставила во ист кош со Ревлон, Артдеко, Дебора и останатите пудри од повисока класа.

    Никогаш не ми се случило да ми се направат лишаи од Менхетен, што значи секоја кожа е приказна за себе. Јас сум презадоволна, ја користам добри 6-7 години и ќе продолжам да ја користам. Претежно ја употребувам навечер бидејќи е потешка, ама за мене е една од најдобрите пудри за масна кожа дефинитивно. Ми го прави лицето како фотошопирано, без маани, и убаво се фотографира зошто не содржи СПФ (впрочем, затоа и навечер ја ставам, покрај тоа што е малку погуста :D )

    Мишела ми ја „хејта“ нон стоп :rofl: , ама јас сум презадоволна :)
     
    На Mishela, AnaKarenina и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Моми, минералната пудра на Буржоа во Јуник е 415 денари, 50% попуст наводно.

    [​IMG]
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас и реков на Мишела да ми ја испрати по пошта кога веќе толку не ја сака :wasntme:
    Се сложувам за квалитет на пудрава, јас веќе подолго време ја користам. Имам споменато и претходно дека ако толку веќе ви е тешка на лицето, тогаш „разредете ја“ со крема за лице. Јас така ја мешам со четка, па потоа ја нанесувам. Откако ќе ја ставам, немам потреба од камена пудра. И презадоволна сум од долготрајноста! :!:
    За летниот период си ја купив сината (антибактериската), бидејќи најдов само потемни нијанси, па убаво ми се изедначуваше со исончаниот тен. Пофалби имам и за таа пудра.

    Кога веќе сум во темава, да напишам впечатоци од оваа пудра која ја купив пред некој ден
    [​IMG]
    Драстично поинаква е од Менхетенот. Доста е течна и лесно се нанесува. Покривноста и е релативно мала, помала од Менхетенот, ама со оглед на тоа дека јас пудра користам само за изедначување на тенот - мене ми врши работа. А за оние кои бараат голема покривност, не би ја препорачала.
    Убава ми е за брзо спремање - само ќе се шлапнам тук таму и готова сум. А со Менхетен шминкањето ми е цел ритуал. Дур ја разредам, дур ја нанесам убаво и еднакво со четка на целото лице... башка четката после морам убаво да ја измијам :wasntme:
     
    На Mishela и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    11.159
    Пол:
    Женски
    А со нијанси како стои дали знаеш, не се сомневам дека е добра сите пудри на Боржуа даваат природен изглед :)
     
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Нијанси има од пудрава од ептен светли до темни, ама имам веќе напишано во темава за неа. Благо ужасна е, премногу сува дури и за најмасното лице. Прашкаста, пенеста, густа, ниту се размачкува, ниту се возможни некакви корекции :^) Го истакнува секој сув дел на лицето, дури и да го немате :^) Поужасна ми беше од се` што сум пробала во животов. Сепак, секоја кожа е приказна за себе, некому можеби ќе му одговара, ама јас не би ја препорачала ни на најлош непријател. Општо, Буржоа имаат добри пудри, ама оваа е катастрофално лоша :x А, да, и од километар се познава дека имате ставено пудра, страшно. Многу вештачки и лошо изгледа, премногу е сува. Сум пробала и со крема под неа, и без, и со четка нанесена, и со прсти, ама никако не ја бива. Инаку, јас кога ја купив од Шатци беше некои 700 денари. Џабе фрлени пари :worried:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Искрено таму не ги загледав нијансите, ама знам дека оваа пудра има 6-7 нијанси, и се убави, има и за посветла кожа добри, иако не е многу покривна, некоја средна покривност има.

    Е сега, не сум сигурна дали даваат и онаква мала кабуки четка, за нанесување, би било потешко да се нанесе без неа... :?:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Ана, адреса во ЛП и ја добиваш по карго! :lol:
    Си стои повеќе од половина тубичка непотрошена. :|
    Те послушав и ја мешав со крем - беше нешто подобро, ама пак имаше цементо ефект. :|
    Не ми се допаѓа толку прашкаст финиш мене, иако сакам мат пудри. И Боржуа Перфектот е прашкаста, ама течна е, а оваа ми е како паста по структура, иако е една од најпокривните пудри, ако не и најпокривна која сум ја користела, зашто со неа не користев ниту коректор.
    За разлика од неа, антибактериската ми е одлична и нешто потечна, ама нијансите ми се проблем и тоа голем. :sweat:

    Оваа на Боржуа ми беше така-така, ама ја потрошив. Мене ми ја дадоа со четкичето, па најверојатно оди со него, што знам. :?:
    И сега потполно се согласувам со СексиБејби :D , покривна ми беше мене, убаво покрива недостатоци од типот - флеки, бубулици, ама не можев да ја дефинирам за каков тип на кожа е - претешка за сува кожа, премутава за мрсна и со еден збор би ја опишала како чудна.
     
    На AnaKarenina и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  19. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Пред месец дена решив да си се вратам на Дебора колор копи дека почнав да светнувам на критичните зони од севентин натурал велвет (после долго користење). Во космо ме премислија, ми вели продавачкава: „Абе земи си ја новата пудра на дебора, комфорт мат, како замена на колор копи е дека колор копи нема да ја има повеќе, останато е уште нешто само али за брзо му изминува рокот“...
    и си велам ајде, нека биде така, валјда се разбира теткава...
    ДЕФИНИТИВНО пудрава не е за лице со недостатоци, мислев на по некоја флека на образите од некогашни акни и со по некое мутаво залутано брунче понекогаш! Мислам дека само со крема поарно е! НИШТО ама ништо не се познава на лицето а јас си се надевав дека како колор копи ќе си е. Само два пати ставив и ја бутнав да не ја гледам. Катастрофа жива е, како да ми го расипа лицево. Мислам дека и оние со кристално чисто лице нема да ја сакаат баш, за дваесетина минути како куче да ви ја излижало фацата и нема ништо на неа :D
    Џабе фрлени пари. Си купив течна и камена на Гош, ги имам пробано уште поодамна, се сетив дека ми одговараа и сега си ги користам нив и одлични ми се.
     

    Прикачени фајлови:

    • gosh.jpg
      gosh.jpg
      Големина на фајлот:
      5,6 KB
      Прегледи:
      201
    • дебора.jpg
      дебора.jpg
      Големина на фајлот:
      44 KB
      Прегледи:
      201
  20. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29
    Здраво ,

    Што мислите за тајм плус пудрата од севентеен , дали сте задоволни ? дали покрива и колку и е цената?