Тајм Плус повеќе би ја препорачала за тинејџерска кожа која и нема многу недостатоци за покривање, зашто не е многу покривна, ама сепак е солидна за изедначување на тенот и погодна е за сува до нормална кожа. Не се сеќавам колку беше, чинам околу 350 денари и не повеќе од 400. Во различни парфимерии/дрогерии цената варира. Според мене, има многу подобри пудри за таа цена во однос на покривноста.
Flower Perfection bourjois колку пари се овие и каде има поефтини парфимерии во штип ако знае некој да ми каже + Препорачајте пудра за лице за мрсна кожа со некоја акнича хихи да покрииива а да изгледа природна
Купи си ја Healthy mix на Bourjois. Имам пишано во неколку наврати дека оваа е една од посолидните пудри за сува кожа. 830 денари е низ парфимериите, а во Космо често е на промотивна цена, па провери да не случајно има пак некоја акција со пудрава. П.С. Гледам си пишала дека имаш чисто лице, па ако ти треба нешто само за изедначување на тенот, може да го погледнеш и серумот од истата линија. Mислам дека и тој со цената е тука некаде како и пудрата. Слика во споилер, преголема е. Спојлер Оваа е иста на цена како и горенаведената - 830. Мислам дека сепак ова е позимска пудра и дека сега за топлово време подобро ќе биде да гледате полесна пудра која нема да „тежи“. Јас ти ја препорачувам 123 Perfect, исто на Bourjois. Прелесна, супер-покривна, трајна и природна.
Па ако не ти се даваат пари за пудра, а имаш чисто лице - земи ББ-крема Гарниер. Онаа во кремастото ниско тубиче е наменета за сува кожа и мислам дека е тука некаде околу 300 денари. За изедначување на тен е сосема океј. Или побарај ја оваа на Риммел, таа е тука некаде со цената како што пиша. Спојлер Само не знам каков избор на нијанси донеле тука кај нас. Ете Мимс ја фалеше Lasting performance на MaxFactor, па види ја и таа. Јас немам сува кожа и малку ми е тешко да се ориентирам според овој тип - барај некоја пудра која нема мат финиш. Ако имаш пресува кожа, барај си сјајна и потечна пудра, а ако имаш нормална кожа и некоја со полу-мат финиш ќе ти биде добра.
Девојки јас незнам што е работата, ама кога и да се направам ао Ревлонов не сум добила некој комплимент. За разлика од неа, кога и да се направам со Rimmel Lasting Finish, многу ме прашале каква пудра имам, во смисла " Убава ти е!" Се чудам жими се', зошто јас од Ревлонов сум си задоволна, исто и од Римелов ама пак, очекував обратно да е, со Ревлонов да бидам испофалена (ова од мајка ми, зошто ме убедуваше да не ја купувам Ревлонов, да си инвестирам во камена пудра, зошто баш тој период ја претерав, речиси секоја 2ра недела нова пудра ). Муабетот ми е, да ми препорачате некоја камена пудра? Ја читав Мишела поназад за Rimmel Pressed Powder, ама покрај тоа сакам и други предлози ако е можно?! Јас ја имам на Кетрин Арли, онака ја земав ма јок бре, лице е, нека биде нешто поквалитетно. Сакам "стаклен", мат изглед. Баш така!
Лепа, имав пишано и за камените пудри на Bourjois, онаа од Healthy mix колекцијата и една друга, црна со розови букви. И од двете бев задоволна, а ги купив „ненамерно“, т.е. не очекував некои којзнае какви ефекти. Ми беа убави, ама и Риммел е иста на квалитет, а речиси двојно поефтина. Па кога може да се помине поефтино - why not !? Имам тестерче и од оваа, ефектот е ист - мат изглед и „плишано“, кадифено лице, ама не трае толку колку претходната.
Лепо, јас би ти ја препорачала и оваа на Мејбилин, многу убава пудра што го прави лицето тооолку меко и свиленкасто, и плус не светнува едно добри 4-5 саати, што за мене е реткост.
Оваа е 400-500, ама имаш акција заедно со пудра, исто на Мејбилин, во Космо, за 550 денари, и се исплати да ти кажам многу, зошто и двете се убави, и оваа и течната. Еве оваа течна е :
^ Ај јас да ви се вмешам малку. Маца сигурна си дека идат и течна и камена во акција за таа цена? Затоа што јас ги гледав тие комплетчињата ама немаше ваква комбинација. И друго нешто сакав да прашам ако ги има можеш ли да бираш нијанси и на двете пудри? И погодна е за мрсна кожа пудрава? Мене ме предомислија дека не била убава. Не ми треба кој знае каква покривност ама да не е претешка.
Да, да, во каталогот на Космо има, и пишува дека акциите траат до 15ти, е сега ако се потрошиле... http://www.cosmotinex.com.mk/katalog/8m ... index.html Инаку пудрата е за комбинирана до мрсна, и има средна покривност, ич не е тешка. Јас кога ја пробав добра ми беше, и жива ќе се изедам зошто немам пари да си ги земам.
Пудри од Орифлејм сега има и најнова од 259 ден., на попуст во новиот број на каталогот.А и matte control foundation е предобра.Значи да за пудрите во Орифлејм.За мрсна и комбинирана кожа оваа со мат.
Девојки пишав и порано на темава и никој не ми одговори, ама стварно ми треба мислење и добар совет за пудра, имам проблематично лице.. кожата ми е комбинирана, имам акни во делот на образите и затоа не можам да ризикувам да користам секакви пудри да не ја влошам ситуацијата, моментално пазам на исхрана на се.... Затоа да ми препорачате некоја пудра за млада кожа, мат, добро да покрива и да биде трајна.. и да не се појавуваат како ливчиња на лицето.. Инаку имам светол тен и не можам да си погодам и нијанса, повеќето пудри што сум ги користела даваат некоја како розевкаста паштетеста боја, и стално клавам две нијанси и потемна оти на слики излегувам како дух ама пак не изгледа природно, зато ами треба некоја со добра нијанса и да не е многу светла да бидам како духче ве молам за предлог, фала однапред
^ Не те разбрав убаво - имаш светла кожа ама не сакаш пресветла пудра, така? Не видов колку години си, ама штом ти треба мат пудра за млада кожа, ти ја препорачувам Менхетн clearface - антибактериска, мат (но не претешка и препрашкаста како другата). Мислам дека нијансата 70 е ванила, т.е. најсветла, има и потемни, вкупно се 4 нијанси мислам. Или пак, пробај ја и 25-часовната на Риммел. И таа е мат, не е тешка пудра и можеби ќе ти се погодат нијансите. Јас сепак повеќе сум за првиот предлог. Rimmel lasting finish е за нормална кожа, дури и оние со непроблематична (под непроблематична, мислам сува кожа која не е толку склона кон лишаи) сува кожа би можеле да ја користат.
Спојлер Оти бе вакви коментари за Дебора комфорт мат? Сега ме ставивте во мисла, а не се малку пари за фрлање.
Да, имам светла кожа... ама сакам некоја која ке ми даде тен.. да не бидам како дух уште толку ќе размислам за овие две пудри, прво ке пробам тестер па ќе видам.. Инаку сакам некоја која ке ја користам за на вечер.. затоа сакам да биде квалитетна и да вреди за парите што ке ги дадам.