Девојче, ти пишав на претходната страница во моето последно мислење на темава, ама изгледа не си прочитала.
Да прашам и јас нешто. Rimmel Lasting Finish и Rimmel Stay Matte, двете ги имам користено и SM ми е полесна (што е голем плус), а од друга страна LF ми е попокривна но малку е потешка. Мишела која од двете ја препорачуваш во комбинација со Stay Matte камената? Имам мрсна и по малку проблематична кожа.
Mене сите пудри ми станаа супер со оваа каменава. Ме интересира која пудра од колекцијата Lasting finish ја имаш - онаа со пумпица или онаа во обичната тубичка? За мрсна кожа, мислам дека оваа е подобра. Спојлер А оваа со пумпичка има некој сјаен финиш и воопшто не е мат, така да би рекла дека повеќе е за нормална кожа. Спојлер Пак ќе кажам дека и двете што се во тубичка - laasting finish и stay matte ги пробав со камената stay matte и се покажаа супер нели, ама се согласувам дека првата течна која ја имаш наведено е нешто потешка во однос на оваа другава. Ако не сакаш да си го оптоваруваш лицето и lasting-от ти е претешка, продолжи да ја користиш stay matte, ама во областите каде не ти покрива добро ставај малку коректор. Не мора да е Артдеко или некоја прочуена фирма - можеш да си го земеш тробојниот на Есенс или пак Gosh touch up со четкичка. Па после ова, нанеси малку од камената и ќе биде океј. Јас одам по тој тертип и лицето изгледа одлично, па планирам да продолжам вака барем за дневната „маршута“ во шминкањето.
На првата мислев што е во обична тубичка. Бидејќи е потешка да не создава акни, а на проблематична кожа е поголема веројатноста.
Ако ти е за вечерни излегувања, мислам дека ако ја носиш пудрава неколку часови на лице нема да биде страшно, ама ако се работи за целодневна шминка сепак оваа stay matte ми се чини дека би била подобра од тој аспект - нема да ти го оптоварува лицето, ама штом имаш мрсна кожа, покрај камената пудра нема да биде лошо да земеш некој коректор (во случај да не си задоволна од покривноста на пудрата).
Феминки, јас вчера ја купив оваа пудра (околу 500 денари е), дава таков фин нежен мат финиш (како velvet-y finish), само еднаш ја имам ставено, ама мислам дека ќе ми биде добра. Инаку имам комбинирана кожа. Ја има користено некоја од вас до сега?
Да не останам покуса и јас , го земав ББ кремот од Гарниер за комбинирана и масна кожа (кој моментално е и на попуст во ДМ 240 ден.) и првичните импресии се доста солидни.., имам нормална кон комбинирана кожа и еве денес го пробав и можам да кажам дека е доста солиден. Прво ставам крема па потоа од него, брзо се впива, дава свеж изглед на лицето и ми се допаѓа што издржа цело раб време на лицето Нешто што не ми се свиѓа е нијансата на “лајт“ кремата - малку препортокалово за мој вкус, но не е страшно, а и мирисот и е специфичен.. Од мене има препорака, за оние кои не сакаат премногу тешки пудри за секојдневна шминка.
Јас ја земав од GOSH X-CEPTIONAL WEAR,во парфимерија кога отиднав продавачката ја прашав која е за сува кожа иии ми ја препорача оваа и она користела од тие..и ја зедов вечерва ја пробав се нашминкав и не е лоша,покривна е,не е многу густа,на лице ми беше пријатна како да имам крема обична ставено ...супер е ..
Мишелке како што ветив јас да кажам за тој коректорот од орифлејм. Малце каснам бидејќи немав од каде ама сега да си пишам. Мене не ми се допаѓа, ништо не ми менува дали сум ставила или не, не ми е покривен. А и како што знам повеќе е за сушење на акните така да Спојлер Ии да ја испофалам пудрава од Севентин Откритие на векот ми е. За моето лице е совршенство. Убаво се размачкува и впива, не ми ја суши кожата и дури и лишаите скоро и да не се познаваа, изгледа многу природно, супер покривна е.. Ама, за жал мора да има и ама, мене барем не ми трае долго. Сепак задоволна сум си. Туку се чудам, си земав 4ка од пудрава и мислев дека е посветла од тенов кога ја пробав, за на крај да ти испадне дека сепак некоја нијанса потемна ми била од кожава Никако да си погодам боја веќе аман. А 3ката па ептен бледа ми изгледаше, затоа не ја ни пробав убаво. Де бе зарем толку бела сум била. Можеби 3ката требаше да ја земам, појма немам. И малце оф во врска со лишаите што се отвори мала дискусија поодамна. Јас решението си го најдов со Dove сапунот од краставица, и после миење ставам хидратантна крема исто од краставица, од Натуралс Конечно ги снемува.
Ааа, за нова пудра сум веќе. Се мислам за Макс Фактор. Задоволни сте, од оваа течната? Имам комбинирана кожа, накај сува повеќе оди. Не сакам многу тешка пудра, ама пак да го изедначува убаво тенот. Знам претходно имаше коментари, ама ме мрзи да вртам наназад .
^ Доста долг период ја имам користено пудрата и според мене е една од подобрите и по квалитетни пудри што се достапни кај нас. Дава одлична покривност долготрајна со часови, делува многу природно може слободно да се користи и преку ден.Имам нормална комбинирана кожа и бев премногу задоволна додека ја користев.Тоа е моето мислење околу пудрата,а неколку страни претходно се имаше доста пишувано за истата можеш да си прочиташ и други мислења.
БлекСвон5 јас ја користам, пишав некоја страна претходно. Штом купив второ шишенце од пудрава значи тоа е тоа. Не е многу тешна, солидна покривност има, дава природен изглед на лцието ако си ја погодиш нијансата секако, јас имам сува кожа и што е најважно не ми ја суши додатно оваа пудра. Долготрајна е, јас не користам камена пудра ниту пак фиксатор во прав, а пудрата не ми мрда цел ден. Ти ја препорачувам.
Девојки ми треба мислење за пудра, бидејки не се разбирам толку во нив значи повеќе од година ја користев мат црната на менхетен и бев презадоволна но во последно време цело лице на образите посебно ми се исфрла. абе лишаи..инаку имам комбинирана кожа масна во Тзоната а нормална на другиот дел од лицето. Прашањето ми беше која пудра да ја купам сега..ја меркам ревлон колор стеј ама се мислам зашто прочитав дека била многу поктривна а мене не ми треба да се циментирам, за моите 17 години имам бајаги чисто лице. Затоа сакав да ве прашам дали е погодно за мојата возраст и лице да ја користам? Ви благодарам однапред
Знам Мишела дека доста се разбираш од пудри ама морам да те поправам овојпат во врска со пудрите на Римел.Двете слики што ги имаш постирано се од истата пудра само што во тубичка е за наш и за пазарите на соседните држави а во тубичка со пумпичка за Британскиот пазар,овде нема шанси да ја најдеш(иако лично јас баш би сакала и кај нас да доаѓа во вакво пакување).Ластинг финиш е за нормална и комбинирана кожа,хидрантна е и покривна.Откако ке се нанесе на лицето треба да се почека некоја минута додека се фиксира на лицето и тогаш е одлична.Ја користам подолго време и ми трае по цел ден,мојата кожа е комбинирана.За нормална до сува кожа е оваа пудра:
Сакам да купам пудра од медицинска козметика . Може да ми препорачате некоја добра иииии... да прекрива многу бидејки имам флеки од акни . ????
Не би се согласила дека оваа е за сува кожа, нормална до комбинирана повеќе, зошто има полумат финиш, помалце и кремава структура-не течна како 25 ластинг финиш и без добра хидратација може да ги истакне сувите делови. Покривноста е средна накај висока и не светнува без камена до 3-4 часа.
Јас ја имам и онаа во шишенце, ја добив на поклон за матура и немам поим од каде и како е набавена. Претечна е, нема никаков мат финиш и стурктурата воопшто не е иста како кај онаа во тубичка. А wake me up во никој случај не е за сува кожа и Хипстер може да потврди, а и јас се уверив. Ако на некоја и' одговара тогаш ок, ама навистина мислам дека не е за сува кожа. Па мислам дека ти кажав и тогаш дека овој не е типичен коректор за покривање недостатоци, туку за сушење и залекување на мозолките, ама барем си пробала.