Првпат да се пожалам од РЕВЛОН Последната купена(Зегин Буњаковец) како да не е Ревлон туку сосем трета.Обично ставам малку од пудрава и доволно е,а со оваа последната како со паштета да сум се излепила плус се трга и ми се познава црвенилото од лицето Си има и рок ,ај прво си реков гарант е рокот ,ќе им ја сменам. Има ли нешто ок во Македонијава,стварно веќе 100ти пат ми се дешава ilent:
На Velvet Natural (seventeen) решив да му дам уште една шанца, Пудрата е Пре Добра перфектна за мојата сува кожа, кожата ми доби сјај и живот, Све ми покрива немам потреба ич од коректор ама пак истиот проблем ми се појави после неколку користења лицето ми се направи лом со акни Се мислам за Боржуа ама страв ми е да не ми е тешка за лицето па пак истот проблем.
Имав многу проблем во последно време со лицето. Често менување на водата, еднаш скопска, еднаш битолска, па возење со автобуси и несакајќи допирање со нечисти раце... многу митесери и по некоја мала акна. Пудра не можам да си најдам соодветна. Секоја ми е многу тешка, во зима ајде се трпи некако ама во лето не. Имам комбинирана кожа мрсна на челото, брадата и носот, нормална на образите. Камена пудра можам која било да користам, во последно време од Орифлејм ми се погоди, ама за течна... од севентин користев едно време ама не сум задоволна. Сега планирам од орифлејм да пробам некоја течна
Јас денес бев во потрага по камена пудра. И се мислев помеѓу Мејбилајн и Буржуа -незнам зашто во Хондос центар немаше избор на к.пудри од Буржуа ја имаше само оваа и размислував што да правам па продавачката ми рече дека има нова пудра од Мејбилајн и ја земав таа Повеке сакав да пробам некоја од Буржуа бидејки течните пудри се супер , а и оваа не ме ни праша за каква кожа ми треба , сега дома прочитав дека пишува од позади oil а јас имам мрсна кожа. Како и да е ке ја потрошам па потоа ке ја пробам од Буржуа
Ја има секаде, во ДМ, Шатци, Космо, Еликсир... мислам дека и секаде е иста цена, јас од Космо ја купив 720 денари.
Да нагласам, сега користам кремови за чистење на акните, па сакам после третманот да си земам некоја подобра пудра , ЛЕСНА, ке ви бидам благодарна за предлозите ахам значи супер е покрива , чим си зела 2 шише значи супер е
А за каков тип на кожа? Ако имаш сува-нормална, мислам дека предлогот на Мимс би требало да ти заврши работа. Ако имаш комбинирана, ти ја препорачувам Seventeen Velvet touch, мислам дека со цената е некаде до 600 денари.
мрсна кожа имам , сега со лосионите со се што користам имам подобрување кон нормална , затоа и јас се двоумам мишела и јас се мислев измеѓу севентин велвет , изгледа таа ќе ја земам !
Ова е најновата Healthy mix на Bourjois. Ја имаат во ДМ и чини 780 ден. Пробав нијанса ванила и совршено ми одговараше на тенот. Се двоумем дали да ја купам бидејќи не ми беше позната. За среќа имаше тестерчиња (што е реткост по нашиве парфимерии) но само беж нијанса. Сепак земав еден примерок за да ја пробам текстурата. Малку е потечна од вообичаеното и многу лесно се размачкува, буквално се стопува со кожата и станува неприметна во позитивна смисла. Значи многу лесна пудра која на лицето му дава свеж и одморен изглед, а сепак со задоволителна покривност. Мислам дека повеќе е наменета за сува отколку за масна кожа, но со соодветна подлога и тоа може да се среди. Порите и ситните брчки се речиси неприметни. Мирисот е дискретен, овошен. Ме чуди што има многу малку рецензии, но сите се позитивни. Јас решив-ја купувам.
Ииииии нова хелти микс ја купувам и оваа ги имам дома и двете други, обичната и серумот и совршени пудри ми се, не сумњам дека и оваа ќе биде одлична
Како што прочитав на нет во составот се додадени уште некои екстракти од овошја за хидратација и за изедначување на тенот на кожата, трајноста на пудрата била иста, исто и покривноста. Ама мене мерак ми е, па кога ќе подсоберам уште некој денар и таа ќе си ја земам
Предходно ја користев Mаnhattan clearface, иако е мат и не е баш за сува кожа мене ми беше убава. Спојлер Сега сакам пудра без мат ефект поприродно да изгледа за сува кожа, Мишела?
Има полумат финиш и со тоа автоматски е наменета за комбинирана и мрсна кожа. Со цената отприлика достига до нешто над 500 денари, а за коректорот немам информација. Мислам дека не сум го ни видела низ парфимерииве.
Ме интересира мислење за оваа пудра од некој што ја користел дали покрива,имам комбинирана кожа иначе. Ја гледав во космо и ми привлече внимение,затоа што не е мн скапа. фала однапред.
Мишела,а каде можам да ја најдам пудрава?вчера бев и до Космо и до ДМ и баш ја барав но немаше ни на двете места...
Јас ја имам користено оваа пудра, исто имам комбинирана кожа, за покривност и проблематично лице не ја препорачувам бидејќи не е многу покривна, повеќе е за изедначување на тенот. Но јас бев презадоволна го дава оној природен изглед како серумот на Буржоа ми се ептен слични, ги сакам многу овие пудри со мала покривност, и без мат ефект. Мислам дека имаше 3 нијанси или пак само тие ги има во нашите парфимерии , но сепак од мене има :up: . За трајноста и од тоа сум задоволна бидејќки еднаш бев на свадба и морав да патувам, морав во 6 сабајле да се нашминкам , околу 16 часот направив мала корекција со тапкање на палома и тоа без камена пудра и ми издржа до 1 ноќта, е сега оние што сакаат да се познава дека имаат пудра, што велам јас зациментираност на лицето, не би препорачала да ја земате .
А ти рекоа дека воопшто ја немаат или дека им е потрошена? Мојата не ми е купена од тука, меѓутоа сигурна сум дека ја видов во Космо пред 2-3 недели кога купував козметика и ако не се лажам 540 ден. тука некаде беше.