искрено не прашав ама бев во 2 Космо и во 2 ДМ,немаше а и претходно не сум ја видела..ама можеби била потрошена..ќе проверам пак
Јас моментално е користам оваа пудра и сум задоволна.Немам многу што да покријам на моето лице,имам пеѓи и колку толку ми ги покрива. Но повеќе ми гледа како ББ кремата,за изедначување на тонот. Ми се допаѓа тоа што,не е како паштета и дава природен изглед. Како и да е мислам дека вредит за парите. Јас ја земав 480 денари,но е видов во друга парфемимерија за 380 Како и да е,мислам дека е добра
јас ја користам пудрата MINERAL SILK & LEFT можеби две години не е воопшто скапа а сум многу задоволна
феминки 517 страни ми се премногу за читање па морам да прашам нешто што веке е сигурно одговорено значи ми треба течна пудра и камена пудра за сува кожа, имам проблем и неможам да си ја најадам вистинската ви благодарам
Вака. Малку по малку сите шминки ми се потрошија. Имам на располагање околу 1000 денари, па ме интересира дали до таа цена ке може да купам квалитетни течна пудра, камена пудра и коректор. Имам комбинирана кожа (мрсна во Т-зона) со повремени бубулички пред циклус. Потребна ми е лесна мат пудра, главно за дневна употреба, од која нема да изгледа како да имам торта на лице. Досега ја имам користено од Орифлејм Oxygen boost foundation - Natural Beige и супер ми се погоди, ама како лицето да ми се засити од неа, па барам замена. Секоја препорака и совет се добредојдени. http://www.kosmetyki-ori.pl/wp-content/ ... cienie.jpg
Kоректор Артдеко Камуфлаж- 380 денари. Камена Rimmel Stay Matte- 320 Течна Rimmel Stay Matte - 350 Малку повеќе од 1000, ама битно имаш квалитет за ефтини пари.
Ти ја препорачувам Хелти микс течната и камената од истата линија. Можеби се малце поскапи, ама верувај, лицето ќе ти биде благодарно. Без разлика дали ќе ја одбереш старата Хелти микс во пластично шишенце или новата во стаклено (која патем ја има постирано феминка на претходната страна од темава), мислам дека ќе бидеш многу задоволна. Провери во Космо, сигурно поради новата амбалажа на пудрата ставена е и на промотивна цена и претпоставувам нема да биде повеќе од 600 денари. Инаку редовната цена е 800.
Коментар за Џордани Голд од Орифлејм? Веќе ја нарачав Порано ја користев и ми беше супер, 4-5 години потоа користев: Мисс Спорти (прво ми беше ок па ми се здосади, па пак на орифлејм во светло лилава тубичка, ессенс и последно менхетен (навистина добивав коментари дека лицето ми е совршено но бидејќи имам сува кожа по неколку часа ми стануваше напорно да имам пудра на лице) Само сакав да прашам дали сеуште е истиот квалитет како порано? И да... ставив еднаш (и повеќе никогаш) Импала (т.е како што велите паштета ) Се надевам ќе ми одговори некој
Од Буржоа Хелти Миксот со црно капаче паувањето, за каков тип кожа е наменета? Поточно која од Буржоа строго е за мрсна/комбинирана, никако за сува?
Healthy mix колекцијата е наменета за сува до нормална кожа, иако некоу ја препорачуваат и за комбинирана, јас би рекла никако - светнува дури и со камена пудра, па дури и минерална. Пробано и докажано од моја страна. За комбинирана - мрсна кожа добри ми се покажаа BioDetox - малку е комплицирана при нанесувањето, треба брзо да се работи со прстите инаку се суши; и потребна е убава хиратантна подлога за да не се прават грутки при мачкањето. Солидно покрива, со коректор малку е незаменливо добра. Има малку необичен мирис поради состојките и е 98% органска, као демек. За овој период е одлична, не е тешка пудра, ама не ми одговараше на жештините во лето Има чинам и SPF 10. 123 Perfect е моја all time favourite. Покривност супер, трајност исто, тера одлично 5 часови на лице без претходно нанесена камена пудра и нема некој мирис, што мене секако ми е голем плус за пудра, зашто кивам од прејаките мириси. Со малку коректор на критичните зони, лицето е како фотошопирано. Има исто така SPF 10 како и претходната и погодна ми е за во секое годишно време. Flower perfection ми е најмалку омилена, иако е најфалена за комбинирана и мрсна кожа. Мене ми е малку тешка и баш зимска пудра, па не би ја препорачала на пример за во мај-јуни и натака кога ќе зажештат температурите. Сигурно има SPF, само не се сеќавам колку - фрлено ми е шишенцето. Одлична покривност, одлична трајност, АМА мислам дека има некои anti aging додатоци, па не знам колку е препорачлива за млада кожа во дваесеттите, па и помлада. Само со овие пудри сум имала искуство, ако некоја користела и некоја друга - бујрум.
пред некоја недела си купив ваква пудра задоволна сум многу лесна е не се чувствува ,лицето ти е меко и мазно само не покрива акни баш така црвенило покрива не e скапа 260 е
Фала многу Мацо за одговорот. За коректорот и камената пудра на Римел прочитав доста позитивни коментари, така да најверојатно нив ќе си земам. Уште се двоумам за течната пудра. Лицето малку ми е специфично, па страв ми е да не се исфрлам од неа. А доста позитивни критики прочитав и за пудрата на Ревлон. Ке може некоја да ми ја каже нејзината цена и каква и е структурата? Нема врска, може и да е поскапа, сепак на лице не сакам да ставам се и сешто. А да, ако има уште некој предлог и совет, кажете. Поздрав
Убава е пудрата на Риммел, ама е тотално непокривна. Остајте ме мене што ја фалам, ставам други триста тракатанци за да ми изгледа убаво на лице. Би била прекрасна за изедначување на тенот кај оние кои и немаат некои фалинки, а ако имате акни и флеки, ќе ви треба многу повеќе - тонирана подлога, коректор итн. Пудрата на Ревлон беше чинам 690, ама не знам дали во Зегин или и низ парфимериите и дрогериите. Провери си убаво, за да знаеш од каде да ја земеш поефтино. Убава пудра е, ама не знам колку ќе ти се допадне за секојдневна употреба - мене лично ми беше тешка, се надевам дека ќе ти се погоди.
Помеѓу пудрата на Риммел и ББ кремана на Гарниер поарно кремата да си ја земете. Во покривност кремата мене ми е попокривна, поубаво ми го прави лицето, изгледа посвежо. Пудрата не е лоша, но кремата ми е подобра.
Rimmel Stay Matte ИЧ не е покривна, како кремче ми е. Дури и ББ кремите се попокривни 100пати повеќе. Ама Rimmel Lasting Finish е, не би да ја споредувам со други пудри ама си е задоволително покривна, зошто баш како што кажа Мишела, нема пудра која ќе покрие се'. Таков мазен изглед се постигнува со коректор, камена пудра и триста чуда. Сега учам ама кога ќе имам време и со слика ќе демонстрирам. Незнам зошто, упорно ја фалам пудрава, ја препорачувам, ама многу битно е дека зависи од кожа до кожа. Јас имам по некоја акна, пред циклус, флекичка една од преса до увото и се' ми покрива. Не ја менувам дури не ја снема во продажба. А Ревлонот јас заборавив да кажам дека си ја имам утнато нијансата! Темна ми е, тоа го забележав пред некој ден. Јас нема да сум јас, ако не утнам, ако не земам три нијанси посветла или вака пак, две нијанси потемна чиниш главава ми ја печеле. Туку, наредно планирам да си земам коректорче од Артдеко камуфлажот, па да видам и така да ја испробам Римелот.