Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    [​IMG]
    Еве ви ревју од мене за пудрава
    -покривност-средна
    -за мене си ја порачав Феир Нјуд и сум задоволна со нијансата(имам светол тен)
    -за траење не ми е тестирана колку време ќе издржи,ама секако без камена пудра нема шанса да излезам од дома оти имам комбинирана кожа
    негативни критики-сега за сега нема :D
     
  2. mamacaci

    mamacaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Имам еден проблем,до сега немав проблеми со лицето ама сега кожава од комбинирана ми стана сува и дехидрирана.Незнам дали е до пудрата на артдеко бидејки ја користам веке година ипол и сеуште имам.Морам очигледно да ја сменам ама сега веке немам памет каква да купам за сува или нормална или комбинирана кожа.Сакам некоја со полесна покривност или медиум и да не е тешка на лице.Се мислев измеѓу 123 перфект или хелти микс серумот на буржуа (иако ја имам користено ми светнуваше лицето после некое време ама сега можеби нема).Што мислите????Хелп :(
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Па ако мислиш дека брзо би ти светнало лицето од Хелти миксот, земи си ја оваа другава.
    Хелти микс дефинитивно е за сува до нормална кожа, а нанесена на комбинирана или мрсна кожа без камена или пудра во прав е невозможно да издржи повеќе од саат време.
    123 Перфект можеби ќе ти биде и препрашкаста, ако лицето ти е предехидрирано и затоа не знам дали да ти кажам да си ја земеш оваа.
    Најубаво би било да одиш во парфимерија и да ги пробаш двете, па да видиш која повеќе ќе ти се допадне. Можеби состојбата на лицето ти се влошила од недоволно хидратантна подлога или нешто слично, па имај го во предвид и ова, пробај да смениш подлога прво па види како ќе реагира лицето и ќе знаеш дали има потреба од промена на пудрата. :)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.301
    Мишела и јас со прашање до тебе.
    Имам екстремно осетлива, сува кожа со недостаток на маснотии. Во една парфимерија правев тест ми кажаа дека нивото на сите овие е премногу ниско...

    Почнав да купувам хидратантни креми за таков тип на кожа но дури и тие ми ја потпекуваат кожата при нанесување.
    Добивам и некои лишаи, црвенила на лицето, посебно зимно време или после употреба на шминка(без разлика колку темелно сум го исчистила лицето после употребата).
    Секогаш комбинирам од кремите богати со хидратантност кои се најчесто за деца но и за возрасни со многу осетлива кожа, но сеуште не сум ја нашла вистинската.
    Која и да ја купам на крај завршувам да ја комбинирам со здравето од бугарскиве :tmi:
    А за пудра маки мачам ;(
    Некој совет за пудра, креми, подлоги.. кои не се ограничени само на македонскиот пазар?
    Да не заборавам, имам многу светол, блед тен.

    Да завршам со обврскиве и деф. ќе одам на кожен лекар :(
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ’‘
    Vichy е добра медицинска козметика, имаат серуми, креми, пудри...Некои работи им се доста поскапи, ама мислам дека за германски џеб тоа не е проблем :D
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    9.895
    Сакам да прашам дали може кремата против брчки да ја користам под пудрата.Пред некој ден ја купив и планирам да почнам да ја користам да си фатам на време ,сакав исто да знам дали 27 год е многу рано или касно да почнам да ставам крема за брчки инаку кремата е од Гарниер, пудрата од Римел лондон.
     

    Прикачени фајлови:

  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски

    Дани, зошто не си земеш некоја крема на база на невен? :?: Мајка ми цел живот мака мачи со сувата кожа и само таквите креми и' се спасот. Меѓутоа, ние си земаме од жени кои ја прават во домашни услови.
    А се согласувам со Скорпионка - ќе си ја бараш Виши, медицинска козметика се и мислам дека нема да имаш грешка.
    Еве ти линкче, според карактеристиките ти покажува каков тип на кожа имаш и одоздола ти излегуваат предлог-производи за нега на лице, па може и ќе ти помогнат во изборот на креми и подлоги.
    П.С. Чинам Јуле и Џули ја фалеа Дермабленд, па погледни ја неа, јас од Виши имам само некои креми по дома, ама за комбинирана и мрсна кожа кои одлично се покажале и не се сомневам во оние за сува кожа. :)

    Што се однесува до оние попознатите фирми, се надевам имате Bourjois козметика, или? :?:
    Јас навистина би ти ја препорачала Хелти микс, поготово серумот кој мислам дека е похидратантен за разлика од пудрата и повеќе ќе ти одговара.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Ништо се вратив на Импала 3ка...можда е паштета ама најмногу ми покрива....Гледам има дојдено од Евелин ама ништо...не покриваат..
     
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Ајде и јас да ги пофалам Ревлон колорстеј за комбинирана/мрсна кожа и Римел стеј мат камената пудра.
    15 саати поминав без никакви корекции, ниту пак осетив дека ми се мрси лицето. Ништо!
    Двете искомбинирани заедно воопшто не ги осеќав ко тешки на лицето. И двете се супер. :) :up:
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    јас немам проб со бубалици и сл,ама имам проб со тенот,имам комбинирана кожа ке најдам супер пудра за таков вид кожа,арно ама ако земам 2 мн светла,ако земам 3 мн темна пробав и со мешање јок бре не иде,ени ван хелп ми или некој со сл проб.позз
     
  11. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    зимава и мене ми се случува исто со кожата, јас ја користам 123 перфект но за подлога користам крема павлодерм(бидејќи на челото и брадата по малку ми се лупи кожата од кога фати студов и со неа одлично ми легнува пудрата.павлодерм ја користам и навечер пред спиење и еве после месец-два полека ми се враќа кожата во нормала. :)
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Даничап, а зошто не пробаш со органска козметика. Колку што знам кај нас има Лавера и Доктор Шелер, од кои само Лаверата има органска шминка, од пудри до маскари, кармини итн... Ги имам сретнато и во Австрија, сигурно ги има во Германија бидејќи се Германски... незнам за каде ти треба тебе :lol: Јас користам крема за лице од Шелер и имам и нешто тоник, млеко од Лавера. Мојата кожа е слична на твојата, сува и со црвенила, лишаи ми се прават дури од што не ми одговараат секакви работи. Со ова барем знаеш дека нема да ти излезе алергија или некое несакано дејство, мене воопшто не ми ја иритираат кожата туку напротив. Пудрите не ги имам пробано, но кремите се предобри, а ми служат и за подлога за пудра. :)
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов на темава само да ви кажам дека во парфимериите на еликсир пудрата на боржуа 123 оди со подарок коректор така да ако некоја си ја планира нека ја земе од таму :)

    И еден совет не ги слушајте вработените, јас денес бев и сите пудри што тука се набројани дека се одлични за мрсна кожа она ги искритикува дека не чинат за ништо :^) така да појма си немаат жените.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    ^ А мене Хипстер само што ме извести дека во Космо, Боржуа 123 Перфект оди со гратис маскара.
    [​IMG]
    Хипстерке, која ќе ја земеме ? :rofl:
    Кога нема - нема, ама кога има - опасно е. :lol:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Истото што и го кажав на Мишелка ќе го пишам тука, мене Еликсир ми се најсумљиви, имаат една парфимерија карши Дос, на црвен крст кај автобската, и лани знам имаше некоја промоција на Макс фактор, а јас тогаш бев ептен унесена по нив и се залетав.
    Кога да видам пудрата со поминат рок, т.е уште 2-3 недели до истекување.
    Маскарите често им се отварани и ги оставаат што не случај со Космо и другиве парфимерии, мене ми се има десено да земам отоворена и на каса да ми посочи продавачката и да ми ја смени.
    Тука, пикни што моеш.
    И најскапа парфимерија е, и Космо и Дм па и Шатци и Јуник имаат по некоја акција и се држат со цени, тука-тука. Овие се по 20 или 30 денари поскапи а некогаш и поише.
    Не сум идела да споредувам цени(а треба да го напраам тоа коа ќе иам време) ама со некои што ги знам на памет се запрепастив од разликата.
     
  16. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    И сигурна сум дека ти понудија подобро решение од MaxFactor? :lol:
    Еликсир освен што се ланец на парфимерии, истовремено се и увозници и дистрибутери на MаxFactor, Essence, парфеми, препаративна козметика и слично.. Значи се подразбира дека вработените ги форсираат сопствените брендови, а другото ако веќе мора..
    Инаку за цените, не верувам дека се поскапи, од сите парфимерии/дрогерии само ДМ малку се издвојува со нијанса пониски цени, меѓутоа и Космо и Шатци и Еликсир имаат имаат привилигирани картички со кои се добива попуст, така да со попустот од картичките цените се пониски од ДМ..
     
  17. mamacaci

    mamacaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Мене не ми се лупи ама некако ми стана осетливо,се зацрвени,изгуби сјај и коѓата стана затегната.Така да видов невидов си отидов во аптека и купив Eucerin® AQUAporin ACTIVE крема и ја купив пудрата на буржуа хелти микс новата,ја имаат на промоција во шатце со 20% попуст.Сега за сега е добро мислам дека полека се намалува цевенилото ама ја некако сум нестрплива.А пудрата е лесна,убаво се размачкува,свежо мириса и е со некоја средна покривност.Сега за сега задоволна па ке видиме понатамо.

    Е сега сакам и руменилото да го сменам,ке пробам на буржуа некако имаа најголем избор на бои ама тоа во друга тема :)
     
  18. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    сам ВАН ХЕЛП МИ!!!
     
  19. Madlina

    Madlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2013
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    301
    Можеш да побараш по декоративите, сигурно ќе најдеш бренд кој има нијанса правена баш за тебе..
    Еве јас исто сум измеѓу нијанса на пудрата што ја користам, и ќе ти кажам што правам веќе 2 години..
    Значи јас конкретно ја користам Хелти Микс Серум на Буржоа, тука нијансите одат по редослед 51, 52, 53, 55, 56. Мојот природен тен е измеѓу 52 и 53, па јас лично кога морам да изберам помеѓу двете ја бирам посветлата ниајнса, па така во зима ја користам 52ката. (Тука на пример можеш да направиш мали корекции со камена пудра и руменило, и воопшто да не се приметува дека е малку посветла пудрата). Кога ќе запролети и имаме повеќе сонце (баш овој период), се префрлувам на 53ка. Зошто од сонцето тенот ми станува нијанса потемен и 53ката ми е совршена. Таа ја користам се до одмор, а кога се вракам од одмор се префрлувам на 55... И така ги вртам трите нијанси, некогаш и ги мешам кога сум измегу период..
    Сепак ова е прашање на вкус, на пример имам 2-3 пријателки кои секогаш имаат пудра нијанса потемна од природната, така си изгледале поубаво...
     
  20. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Garnier BB cream for oily/combination skin

    Читав позитивни критики за ББ, па ќе ве прашам колку изнесува и каде можам да ја најдам :)

    или пак

    Bourjois 123 perfect
    Дали дава добар природен изглед на дневна светлина?

    Ми треба мислење која да ја земам. :?: