Имам проблем со пудриве, користев една на Gosh па ја сменив со Менхетен за мрсна кожа,ја користев некое време и од неа почна да ми се лупи лицето а имам мрсна кожа и ми се појавија многу бубулици, сеа земав ББ крем на Гарниер и добро беше на почетокот но почна да ми дава некоја безврска нијанса како портокалово и сеа незнам која пудра да ја користам, Ревлонот многу е тешка а и нијансите не ми се погодуваат. Ги читав коментариве наназад 100 страни и неможам да се одлучам за пудра,незнам што да правам... Сакам да го земам ББ кремот на Буржоа ама многу малце има а ми треба за секој ден.
Пошто сите ја испофаливте, одлучив да си ја купам камената pудра од Rimmel. Бев во ДМ и таму имаше две. Едната е stay matte rimmel pressed powder (со прозирно капаче-320 денари), а другата е match perfection rimmel compact powder (со плаво капаче-470 денари). Дали знаете која е разликата? Инаку, течна пудра ја користам Revlon ColorStay. Ќе одговара ли камената пудра од Rimmel?
Здраво девојки, некој праша за камената пудра Stay Matte од Rimmel, јас ја користам веќе некое време и мене многу ми се допаѓа. Течна пудра во моментов што ја користам е Seventeen Natural Velvet ама воопшто не ми се допаѓа ми иде да ја фрлам. Пред тоа ја користев bourjois 123 во летниот период и супер ми беше ама кога почна да заладува некако многу сува ми делуваше.
Јас би ти препорачала да пробаш од пудрите на Буржуа , штом имаш мрсна кожа , земи ја или 123 перфект или flower perfection. Јас ја користам моментално 123 перфект , супер е , не ја чувствуваш на лицето , а ако сакаш да е по-мат земи ја flower perfection. Инаку и јас ја имам менхетен за мрсна кожа од таа со црната тубичка , не ми прави некој проблем на лицето но не е за преку ден некако тешка почна да ми станува , тешко се нанесува , и бидејки сум светла со тенот , и најсветлиот број ми е темен..
Cocopuff, исто и јас се соочував со истиот проблем и на крај увидов дека „проблемот“ вцушност бил во подлогата која ја користам. Така сега, на есен-сима си користам Dove кремче и со него ги терам и првите месеци од пролетта, па после некаде кај средината на април си земам крема со мат ефект, ете на пример моментално ја имам Nivea. Дефинитивно е подобро, би направила било што само да не морам да се откажам од Bourjois 123 perfect. Не е правило течната и камената пудра да ти бидат од иста фирма, па не е ни грешка ако се користат на пример течна Менхетн, а камена Риммел. Како ти одговара, така ќе си правиш. А разликата помеѓу тие две пудри, е тоа што Риммел stay matte е подолготрајна и е конкретно наменета за комбинирана и мрсна кожа затоа што го задржува мат-ефектот подолг период, кој патем никако не и' е потребен на сувата кожа. Другава е „помека“, а ако добро се сеќавам, целата оваа плава колекција е наменета за сува до нормална кожа, па не знам колку оваа камена би била добра со долгото задржување на мат-ефектот. Ја пробав пред да ја купам Stay matte, ама дефинитивно не се покажа толку добра како неа. Ако ти треба пудра за секој ден, наместо ББ-кремата, подобро земи си ја исто на Bourjois - 123 perfect. Лесна е, нема да ти смета и доволно е покривна. Со малку коректор ќе ти биде супер и пакувањето ќе ти трае подолго од она на ББ-кремот.
женски Garnier BB кремот за мрсна и комбинирана кожа кажете ми колку трае во текот на денот? Јас сум на факултет по 8 саати во просек и обично дома кога ќе се вратам и кога ќе се видам ко торта во лицето многу се нервирам. секој ден се шминкам ама скоро никогаш сум немала некое проблеми, во последниов мецес почна многу да ми се мрси кожата и пудрата ми станува одвратна за 3-4 саати.
Фала ви девојки ке ја земам таа на Буржоа 123 па ке ви кажам,а таа да не е за зрела кожа?јас имам 23год.
Flower Perfection содржи екстракт од цветот на Дива Азалеја, растение кое расте на големи надморски височини, особено е отпорно на надворешните влијанија и има способност за брза регенерација на клетките.. Значи со помош на екстрактот во пудрата лицето е поотпорно на надворешните влијанија (студ, смог и сл.), а доколку и некои клетки се оштетат, помага во нивна регенерација. Затоа оваа пудра ја прокламираат како youth extension т.е. дека ја продолжува младоста..
Па за да „ја продолжува младоста“, сигурно нема да е нешто ради реда, макар било екстракт на природна или „природна“ база - како и да е, муабетот ми беше дека на младата кожа не ѝ е потребна некаква посебна регенерација додека си ги има природните така да ги наречам „залихи“ и природната еластичност - солидна крема според типот на кожа, па и лосион и тука таму некое гелче се подобра опција, него ли пудра со екстракти за youth effect (без разлика дали се работи за ефекти од типот - мазнење на лицето, „помагање“ при заздравувањето на ранички и флеки итн.) уште на 16, 18, па макар и 20 години. И покрај сè, за овој период мене ми е претешка, повторувам - барем според моиве досегашни искуства со неа.
Јас сметам дека за над 20 години е сосема ок, колку и да го негираме тоа, факт е дека дури и пред 20тата година се појавуваат почетните брчки околу очите и устата. Јас сум за користење на такви благи спречувачи на стареењето, сепак не содржи серуми и лифтинг ефекти, така да безопасна е ако ви одговара на типот на кожата И кога сум веќе тука ми дадоа тестерче од новата на Буржоа Хелти Микс нешто како подобрена верзија и ја пробав вчера, цел ден не ми мрдна од лицето. Преубаво ми се прилагоди со тенот, прво кога ја нанесов ми беше нијанса потемна бр.54 беше но потоа се изедначи со мојот тен. Кожата ми е сува, а пудрава се нанесува лесно и има лесна структура, одлично покрива, долготрајна е и не ми се лупи после саат време. Кожата ми изгледаше свежи и потхрането, не се приметуваа воопшто критичните суви делчиња на лицето. Воопшто не ја осеќав тешка на лицето, на допир ми беше многу мазно. Дефинитивно ќе биде моја наредна пудра. Има ок цена 630 деари.
Новата Healthy Mix има подобрена формула, зголемена е коцентрацијата на овошни екстракти (содржи овошни екстракти а не овошни киселини) и имаат додадено некои рефлектирачки пигменти кои даваат поголем сјај на тенот. Исто така сега е во стаклено шишенце, и ова и е промотивна цена која ќе биде до крај на Април, потоа ќе има редовна цена 790 денари.
Mишела, оваа вторава од менхетен што ја пофали, стварно е толку покривна, повеќе од римелот ластинг финиш? Дека ја испофали а ме изненади со ценава, рече од 350 до 450 ? Ако е толку добра, да ја земам неа, да не одам со римелот. Коректор иам секако. Планирав Ревлон колорстеј, ама ако оваа мехнетенов е толку покривна, плус со цинк и против акни и сл, океј би било да пробам ревлонов со оваа да го заменам? Комбинирана накај мрсна кожа иам Фала ти многу, знам дека ептен те напнавме на темава
Јас ја имам Менхетен, течна , лесна пудра е и не е толку покривна колку Римелот ама сепак и Менхетенот е покривна. И двете ги имам користено, римелот е малце потешка. Сепак пробај на тестер, види која повеќе ќе ти одговара
Штета за мене, пудрата би одговарала само за сува кожа не и за комбинирана, за бргу време ќе светне на лицето, додека од хелти микс серумот сум задоволна ептен.
Трнче, имаше две верзии на оваа Менхетн - perfect mat и natural, а со ова новово пакување некако не можам да се снајдам, ама би требало да ја има. Онаа natural е само за изедначување на тенот и добивање на некој си природен изглед, а оваа другава е попокривна, има супер текстура и иако е мат не е толку крута како класичната Менхетн. Покривноста е индивидуална - зависи колку и што очекуваш од пудрата, ама мене ми беше одлична, а бев доста нафрлана и ја користев без коректор. Лесна е и трајна и мислам дека со коректор одоздола на некои да речеме, нафрлани делови од лицето би била одлична, ама пробај ја па спореди си. Е сега, Ревлонот дефинитивно не би можела да ја споредувам со оваа пудра зашто сепак е доста попокривна, а јас пак, си го чувствував лицето преоптеретено додека ја користев редовно и мојата „дружба“ со Ревлон заврши неславно. Си реков дека ќе се навратам на неа за некоја година. Ја има во Космо, сигурно е уште на промотивна цена, ама не е за комбинирана или мрсна кожа, во тоа сум сигурна.
А мене Лореал ми е при крај. Сакам овој пат да земам пудра со многу голема покривност, цената не е битна. Некоја препорака?
Мене серумот ми е најдобрата пудра на светот, не ја менувам за ништо За новава дали ти одговара или не, најдобро да си пробаш од тестерчињата. Треба да има во секоја парфимерија во која ја има пудрата, не се срамете да побарате, може да нема на штендерот, обично ги чуваат во фиоките. Има само од една нијанса бр.54, но чисто да се види кој е ефектот на кожата..