Ако не се лажам, оваа првата мислам дека ја нема кај нас или ја имало порано, па ја повлекле од продажба кога ја пуштиле оваа новата верзија. Не се сеќавам да видов две од оваа колекција, така да, најверојатно станува збор за истата пудра или секако, нова верзија на старата Rimmel Stay matte. П.С. Оваа е доле е подобрената (а најверојатно и попокривна) верзија, затоа што има природни минерали во составот кои го контролираат сјаењето на кожата.
И двете се за комбинирана и мрсна кожа. Ако сакаш пудра со нешто подобра и поголема покривност, земи ја lasting finish, зашто stay matte има слаба покривност ако имаш некои неправилности. Мене ми е одлична stay matte со малку коректор одоздоле.
Јас со глупаво прашање, ама морам, значи да прашам. Пред некој месец ја купив Ревлон Колор Стеј, бр. 330. Ја користев исклучиво навечер и немав забележано дека ми е потемна. Нијанса, речиси две, ми е потемна и незнам кај ми беше паметот кога ја купував, па не видов. Признавам, се исповозбудив кога ја купував зошто сто пати пред тоа тргнував да ја купам па се враќав со некоја сосем 10та пудра. Муабетот ми е, можда и поради тоа ја згрешив бојата. Да преминам на прашањето. Сакам во понеделник да си ја купам пак, ама се плашам да не згрешам со боите пак. Оваа темнава ја оставам за на лето ко ќе се исунчам, ама за сега си сакам пак од Ревлончето и се плашам да не згрешам кога бирам боја. Како да одберам правилно без притоа да нанесам на рацете, зошто имам читано дека рацете ни се потемни од лицето?! Или да си земам 320 и толку, м?!
^ ко ќе одиш да ја купваш пробај ја нијансата на вилицата поблиску до вратот,така најточно ќе видиш која ќе ти одговара
Освен на делот кај виличната коска, правилно е и да се нанесе на раката, т.е. точно на почетокот од дланката, на делот помеѓу внатрешната страна од дланката и горниот дел. Нанесувате по должината на коската и споредувате со боите на тенот и пудрата. Не е грешка ни тоа, јас секогаш така сум бирала пудра и освен Менхетнот која признавам дека ја бирав набрзина и не ја ни споредував - никогаш немам утнато нијанса.
Камена пудра не иде да се става на гола кожа, само врз течна и тоа во мали колични. Kaмената и таа во прав се користат како зацврстување на течната и за да не свети лицето.
Знам дека Мишелка ми ја препорача Ластинг финиш на Римел,и таа мислев да ја земам,ама сега мајка ми ми се јави и ми кажа да си бирам која сакам пудра ама да биде на Буржуа(со голем попуст можам да ја земам). Сега,флауер перфекшн или хелти микс ? (да е покривна) Или пак некоја друга препорачајте....
мислам дека од ова ке бидеш благодарна нешто најдобро што имам корисено и доста покривно ептен сум изненадена http://www.yourhighstreetdirect.com/ekm ... 1847-p.jpg
Ако имаш мрсна кожа, во никој случај не ја земај Хелти микс зашто таа е за сува кожа, не знам колку пати спомнавме. Флауер перфекшн е покривна, ама мислам дека би ти била претешка на лице, посебно кога ќе почнат жештините. Јас ти ја препорачувам 123 Перфект, погодна е за секоја сезона, убаво изедначува тен и покрива недостатоци, а ако не си задоволна од крајниот ефект, секогаш можеш да ставиш коректор одоздола, зашто тој ја има таа задача, да ги покрие сите неправилности. Ако веќе си преограничена и мораш да бираш само меѓу тие две кои си ги спомнала горе - помало „зло“ од двете е Флауер Перфекшн, мислам дека ќе бидеш задоволна во секој случај, со Боржуа никогаш нема утка.
^Имам комбинирана кон мрсна кожа,така да хелти микс не. Кога ќе биде пожешко,не планирам пудра да ставам,или минимално Јанг дерм само,така да ќе ја земам или Флауер перфекшн или 123 перфект.Не,не морам да бирам само меѓу тие двете,него ги спомнав пошто ги фалевте,а оваа 123 не ја спомнав пошто некаде низ странициве прочитав дека не е покривна... Така да сеа незнам што да правам,ќе ја земам или флауерот или 123. Ќе одам утре во Шатци ќе ги пробам Фала ти највеќе за одговорот Мишелке
имам пудра но е потемна не ми се совпаѓа со бојата на лицето може некој да ми каже како да ја осветлам.. )
Макс Фактор, во црно-зелена туба, прекрасна е. Прошетај убаво поради цената. Шатци беше најевтина, 600 ден. Во другите парфимерии е околу 800 ден.
Дали некој знае дали Шатци држат Римел козметика?Во Космо во мојот град имаше само една пудра Ластинг финиш мое бројче ама некоја ја отворала( иако има и тестер) и се гледа дека е мачкано од неа па нема шанси да ја земам