Пробај ја 24-часовната на Дебора. Мислам дека со цената беше некаде до 500 и некој денар, меѓутоа зашто е онака погуста (полумат е), малку ќе ти биде потребно за да го опфатиш целото лице и поспоро ќе ти се троши, макар ставала од неа и секојдневно. Поефтина мат пудра од 400 денари нема да најдеш, најискрено. Менхетн е 400-450, онаа црната класична туба, ама според мене е една од полошите пудри, а не одрекувам дека дава супер покривност, меѓутоа премногу го оптеретува лицето и по некое време се праваат како точки по лицето од самата пудра и изгледа многу лошо. Плус, би била доста тешка за потоплово време. Неколку страници наназад има пишувано и за пудрите на Риммел, пролистај па можеби ќе ти одговара некоја од нив, имаат приступачна цена од некои си 300 денари.
Јас ја земав сега Римел Ластинг Финиш,и премногу ми прави ќеиф. Ептен е супер,покрива и подочњаци. 310 денари од парфимерија Ри-Ма во Бисер
Овде ми ја препорачаа Севентин Тајм Плус за сува кожа, ама мене не ми одговара, ми ја суши кожата и почна да ми се лупи целото лице. Сега планирам да земам ББ крема оти таа ја хидрира кожата, ама не знам за покривноста колку ке ти врши работа. Најди ја темата за ББ креми таму има мислења и од девојки што испробале креми од различни фирми.
Јас ја користев Maybelline dream liquid, пошто имам прилично сува кожа, и сум презадоволна, само што јас сакам се ново и ново да пробам, денес ми заврши и бев да си купам, и успат се мислев каква да земам, пробав многу, ама зачудувачки, лицето ми блесна со Римелот Lasting Finish, препрепрекрасно изгледа, значи имам сува кожа, и ефектот е предобар. Римелот ми делува многу подобро отколку Мејблинот Иако е добри 200 и нешто денари поефтина.
^ А оваа Ластинг Финиш нели беше за мрсна кожа? Ете, ти си доказ дека секоја кожа е различна, едноставно некому нешто совршено му одговара, некому не, без разлика на типот на кожата Инаку, има на Мејбелин една Dream Satin Liquid, за сува кожа е и доста ја фалат Јас ја купив еднаш одамна, ставив два пати и ја баталив зошто не ми одговараше, ама си ја зема мајка ми и нејзе и' беше совршена. Дава преубав ефект на здрава кожа, т.е. кожа со здрав сјај, ама на мојата комбинирана кожа не и' требаше тоа, туку спротивното Инаку, има прекрасна текстура и природни нијанси. За мене тоа беше пудра со најсовршената нијанса која успеав да ја пронајдам, одлично ми се совпаѓаше со кожата, но за жал пудрата не ми одговараше Инаку, друго сакав да кажам Читам и тука и на нет многу позитивни коментари за Ластинг Финиш, знам дека е доста покривна и долготрајна и дека одговара за мојот тип на кожа. Е сега, мене ме интересира каква и' е издржливоста на повисоки температури, за пролет/лето и како изгледа на кожа, во смисла дали е погодна за денска варијанта (бидејќи нели е доста покривна)? Да не се собира на кожата после некое време? И' фрлив мерак на пудрава, а сега за периодов барам нешто полесно, во смисла да не е тешко на лице и нормално, да не се топи на нешто повисоки температури. Мишела?
Секси јас коа испаднав од дома си ја ставив Мејблинот(последната залиха), и кога стигнав у парфимеријата кај другарка ми, си го измив лицето и ми даде тестер од Римелот, си се нашлапав пак одново цела После тоа шетав со мама низ бутици, низ град па на кафе заминавме. Си ставав кармин, се огледував, мене лицето ми беше исто од кога ставив, а денес беше топличко надвор нели. Значи мене ми одговара и за преку ден, немав ни топчиња ни нешто како лишаи, ништо ништо, огледалце лицето. Значи мене ептен ми одговара, и денски, а и стварно, попокривна од Мејблинот ми е, само шо јас си земав една нијанса потемна од мојата, пошто сега на солариум планирам малку да одам, па таман да ми одговара.
Ластинг финиш вреди многу повеќе од што и е цената Стварно е многу солидна пудра за тие 320 денари. Не би знаела да ти кажам како издржува на високи темепратури, ама претпоставувам дека е солидна. Јас почнав да ја користам од оваа зима и ми одговара и за преку ден и за навечер. За вечерно излегување можеш да ставиш малку повеќе и ќе изгледа перфектно.Покривна е и не се ми се собрала никогаш, само малку е потечна ( не колку Афинетон на Мејбалајн), ама мене не ми е тоа проблем. Нијансите се природни, јас користам бр. 200 и ми е идентична со кожата. Инаку комбиниран тип имам. Не за џабе има толку позитивни критики, а и не е скапа за да ти е толку мака и во случај да не ти одговара.
Прво ќе упатам збор-два до Анушка. Анушке, внимавај си со пудрата ти во секој случај, зашто гледам си пишала оти имаш сува кожа и пак ќе кажам дека пудрава има полумат финиш и секако е наменета за комбинирана до мрсна кожа, а нели штом ти одговара користи ја, меѓутоа внимавај си многу на состојбата на лицето, зашто ако на пример секојдневно ја користиш пудрата, можно е и те како да ти се одрази во негатива. Ти си ја знаеш кожата, меѓутоа внимавај си со оние пудри кои даваат мат или полумат изглед, зашто неговиот ефект и не е баш „пријателски настроен“ кон сувата кожа. Инаку Секси бејби, мене оваа и стеј мат течната ми издржуваат цел ден на лице, а имај во предвид дека нон стоп сум во движење - факултет, дома, денски излегувања, маткање низ автобуси, натаму-наваму ... Во комбинација со камената која веќе долго време ја фалам - одлични се и двете пудри; првата ако ти треба поголема покривност, а втората онака лајт изедначување на тенот (меѓутоа не покрива добро црвенила, оваа stay matte течната). Прилично е лесна пудра, меѓутоа не верувам дека не би се топела на жештините кои ќе надојдат понатака, ако нанесуваш само пудра без камена одозгора. Не знам каква е твојата состојба, ама јас без камена би се осудила да ја оставам само мојата омилена Боржуа зашто никогаш не ме разочарала од таа гледна точка. Овие на Римел ги немам пробано така и мислам дека не би издржале некоја баш типична летна и повисока температура без да се подрастопат малку, барем на Т-зоната. П.С. Напоменувам дека имам мрсна, периоднично комбинирана проблематична кожа. Да не дојде до забуни.
Мишела јас и другарка ми баш се чудевме колку ми леже, а имам стварно сува кожа, а пудрата ептен ми одговара. Јас за момент помислив да не бидне нешо од толку арно - неарно, ама се препуштив само на доброто и си ја купив. Па не е толку скапа да си ја трескам главата, ама ти ме исплаши малку искрено. Си имам чисто лице и не сакам никако да го расипам. Шо викаш да ја користам повеќе оваа за навечер, а навечер секако не излагам секоја вечер, значи нема секој ден да ја ставам, а за преку ден, дај препорачај ми која жити се. Јас користев Мејблин, глеаш пишав, секој ден, ама не ми е покривна ногу, незнам шо е со мене и пудрите, за преку ден ок ми е, ама Римелот попокривна ми е. Може имаш веќе пишано, а не памтам искрено, која пудра (течна, покривна,за сува кожа) да ја купам за секојдневно користење, посебно за од сабајле до поручек, секој ден на факс, кафе оваона, знаеш. Фала ти многу.
Јас ја користам Риммел Ластинг Финиш веќе две години редовно, покрај секоја друга пудра во несесер морам и неа да ја имам и потврдувам дека се топи при високи температури. Пудрава е идеална кога температурите се до 20 степени. Лето, исклучиво навечер ја користев, со камена над неа заради изедначување на исончаниот тен.
Не сум нешто многу едуцирана во врска со пудриве.И знам дека е ептен без врска прашањево,али ќе прашам срам не срам. Има луѓе некоја пудра што не се разлева-топи на високи темеператури?
за какво лице е? јас ја имам дерма блендот? само два пати ја имам провано и така ми стои. прекрасна е ама имам осекај дека е прејака за секој ден. м?
Дерма блендот е потешка, оваа аера теинт е полесна и секојдневно може да се користи. Може за нормална, за сува за комбинирана ...
Спојлер Не, знаеш, најубаво е да се раководиме според тоа како нас ни одговара, а не како налагаат брендовите, ама мене ме секира фактот дека пудрава е нешто налик на мат, па да не случајно ти се појават корупки/лишаи, нешто од тој тип. А тоа дека е покривна и дека преубаво лежи на лице - потврдувам. Пудрите за сува кожа ми се слаба страна, најнеиспитани ми се и освен оние неколку од Мејбилин и Хелти микс на Боржуа, немам некои подобри примери за да ти ги посочам. Е, ми текна на едни што се нешто налик „младешка линија“ од линијата на Дебора - Деби. Едната е као помат, другата која ќе ја постирам не е наведено за кој тип на кожа е конкретно наменета и си пишува само дека е идеална за осетлива кожа. Цимерката ја користи (има сува-нормална кожа), јас ја пробав ама не е мат и не ми одговара, па некако не ќе да е за комбинирана или мрсна кожа. Многу убаво го изедначува тенот и доста е лесна, па ако немаш некое проблематично лице, пробај ја и неа, тука-некаде е со цената како и оваа што ја имаш од Римел.
Јас имам комбинирана кожа и оваа пудра совршено ми одговара. Ја користам и лето и зима веќе година и пол. Презадоволна сум.