^ Изабела, ќе може некое зборче поопширно за пудрава? Каква е за лето, на повисоки температури? Се топи ли на лицето или постојана е? Покривност - средна, минимална, максимална? Колку издржува лицето без да светне? Јас сум во потрага по полесна пудра за претстојниот период пролет/лето. Ја меркам Римел Ластинг Финиш, ама како што прочитав во темава, не е нешто посебно издржлива на топло време, па добредојдени ми се препораки и инфо за други пудри за комбинирана кожа
Пудрата е за оние кои немаат премногу проблеми со мозолчиња, црнки за лица и слично, иако прекрива многу работи. Течна, секојдневна и лесна пудра која би требало да ја има СЕКОЈ според мене, одлична е за деновите кога не ви треба претерано прекривање.
Пудрава јас ја користам. Убава е и покривна. 500 денари е, фин избор има на нијанси, само изгледа мене ми ја утна девојката при давањето, ми даде нијанса посветла ама го средувам и тоа со камена пудра. Покривност ќе видиш на сликава подоле, која ја имам постирано и порано. Можеш да забележиш како ми изгледаше тогаш лицето и колку покрива со еден слој. Јас сум задоволна и од покривност, издржливост, но за мрсна кожа со нормална крема, без некој матирачки ефект светнува после 4,5 часа. Со соодветна крема до кај 6,7 часа можам да ја носам.
Пудрата на Флормар е 500 денари и можете да ја набавите во Веро или Рамстор (во продажните пунктови на Флормар), и бидејќи ми ја препорача девојка што работи во Флормар, мислам дека сега почнаа и со дистрибуција на нивните производи по парфимерии и поголеми маркети. Јас пудрата ја користам и лето и зима, во лето со некоја полесна крема за основа (конкретно изминатово лето ја користев основата од Џордани на Орифлејм, топ ми одговараше), а за зима, ставам некоја помрсничка крема. Летно време за навечер немам никакви проблеми со светнување, никако топење, но кога се шминкав секогаш со четка нежно ќе нанесев камена пудра на т-зоната. Во суштина истото го правам и преку ден во лето, само што ставам исклучиво еден слој пудра. И да треба нешто да корегирам тоа го правам со коректорче. Инаку има доста прикривност, ете на скала од 1-10 јас би кажала 9, што искрено за тие пари е одлично.
Цената е 1238 ден мислам јас толку ја платив, а за кожа кажав секаква скоро ... за масна не знам не ми е таква ... ама може би одговарала. Покрива многу и трае.
Купив од Дебора 24 часовна. Продавачката ми ја тутна, ме убедуваше, гњавеше, ама не е како за мене пудрава. Мене ми треба нешто за посува кожа. Ми делува како за помрсна кожа. Матира, не дава сјај, покривна е. Кој сака таква, супер е. И има благ убав мирис.
Дали има некој користено течна пудра од Евелин.. ? Јас планирам да си купам, како што слушнав била доста добра ама некако не сум сигурна..Па ако можете да ми кажете нешто подетално
Точно. Мат пудра е, за мрсна кожа. Цената е околу 680 денари. Супер пудра е.. само што многу се темни нијансите некако Пример ако од Колор Копи сте користеле 3ка,тогаш од оваа двојката ќе ви биде таман.
И јас сум во тешка дилема со пудриве. Реков, ќе си купам пак Ревлон (претходниот пат си ја утнав бројката земав потемна, па ја чувам за во лето ) ама па искрено, не ми се даваат пари за Ревлон, кога си ја пронајдов совршената камена пудра, па со Риммел течна пудра и камена Риммел, јас си го добивамм посакуваниот ефект. Плус, се шлакам со пудриве ко ненормална, ги трошам брзо и единствена пудра што ја користам повеќе од 2/3 месеци ми е Риммел-от. Моето прашање е, ако може некоја да ми одговори, која е предноста т.е. дали е подобар тој "порцелански" израмнет тен со Ревлон + камена пудра или не е битно каква е течната пудра кога камената е добра и добро ја фиксира? (Валда сум јасна. )
Да ве прашам нешто зошто ме изнервираа продавачкиве, ич не се усогласени со мислења. Од новава на Боржуа си најдов тестерче, ја пробав дома и ептен ме бендиса, дури и бојата ми беше погодена. Отидов прво до Космо да видам цена и кога ја прашав продавачката за каква кожа е ми рече дека Боржуа не ги прават пудрите за одреден тип на кожа туку може да сите. После нели за споредба, отидов до Шатци и таму ми рекоа дека е исклучиво за сува кожа. И сега, за што е? Имам една мус пудра, ама таа е потешка малку, не ми е за преку ден. Боржуава не знам дали ми се погоди зошто ново ми дојде на кожа или стварно ја бива, ама сега сум видно збунета за каков тип на кожа е. Искуства нечии??
Сè додека таа комбинација му одговара на твоето лице, ок е. Битно е каква е течната пудра, зашто не може на пример ако имаш мрсна кожа да ставиш пудра за сува кожа на лице и да зачиниш со камена. Значи и не е баш сеедно од таа гледна точка, меѓутоа во врска со „дилемите“ околу фирмите - тотално небитно. Што ти се допаѓа и што ти одговара тоа користи си и немај гајле. Со редовна нега и грижа за лицето, сè ќе си биде во ред. Јас вакви комбинации со течна+камена пудра терам од почетокот на мојата дружба со козметиките. Тајгерлејди, целата колекција Хелти Микс е наменета за сува до нормална кожа. Од овие мене само камената Хелти Микс ми е одлична, значи палче нагоре за неа за било каков тип на кожа. Овие другиве, дефинитивно за сува.