^^^ Јас со Ревлонот не користам камена пудра освен за свечености и излегување каде сакам да се шлапам со све и свашта. За преку цел ден не ми треба камена оти ревлонот ми го дава тоа што треба. Камена сум користела кога сум имала на лице слаба пудра која го светнува лицето после кратко време па да прикријам мрснотија. Значи ако ти одговара римел камената и ти држи долго тогаш веројатно не мораш да фрлаш пари на поскапи пудри. Но дали е исто ако под добра камена имаш делине, ревлон или диор? Не е.
Во парфимеријата каде што бев јас, ја купив околу 670 ден. Брзо и лесно се размачкува, не остава боја под ноктите и околу нив. Има благ, пријатен мирис. Многу е трајна. Го матира лицето. Не ја прави кожата масна, мрсна, не свети. Убаво прекрива (за денски можеш да си ставиш помалку). Ги пополнува најситните брчки, значи го прави лицето мазно, затегнато. Убаво чувство дава, не се осеќа тешка на лицето. Спојлер Мојата замерка беше што јас барав за сува кожа, а оваа е за помрсна кон нормална. Но, планирам да ја потрошам, да не се за џабе парите.
Не е исто Скорпионке, се согласувам во целост, ама не зборував од тој аспект дека сите брендови се на исто ниво, ами тотално се пронајдов во кој го опиша Лепа - пудрите ги трошам пребрзо и подобро вака за секој ден до факултет кога и онака ми треба само едно инстант освежување на тенот од пудрата, да имам некоја нискобуџетна од типот на Римел, а за излегувања и посебни прилики да си се шлапам со Боржуа. Па и понекогаш навистина не сум во можност да се снабдувам редовно со скапа пудра и дефинитивно подобар избор ми е да си имам една резервна варијанта со нешто пониска цена. А, не за џабе велат дека евтиното месо и кутрињата не го јадат, ама тоВа је това - студентски живот, парите по автобуски карти летаат.
^ Разбирам, но и мене муабетот друг ми беше. И јас кога си најдов одлична камена пудра -компакт на Менхетен, купував поефтина течна затоа што ми даваше фин завршеток. Но вака или онака пак истите пари се, зборувам за оние кои редовно користат течна со камена. Камената 400 и нешто денари, течната околу 300 и ете ти цена на боржуа или ревлон. Вака барем еден слој имаш на лице и за преку ден изгледаш поприродно. Но ако сакаш во секој случај да користиш камена врз течна а си со ограничен буџет тогаш побитно е камената да ти е погодена, само јас немам користено камена која е трајна и колку и да е прекрасен финишот кој го дава, не трае повеќе од 3-4 часа. После тоа не е баш прити сајт за денска светлина па веројатно ќе треба да поправаш и ете ти уште слој или два...
Никогаш, ама баш НИКОГАШ не слушајте ги препораките на продавачките, и не дозволувајте да ви продадат и да ве убедуваат за нешто што вие не го сакате, и сметате дека нема да ви одговара, или пак не сте сигурни. ПОИМ немаат ни од состојки, за каква кожа се и која е подобра или полоша, а иста/слична цена да се. Ако не сте сигурни не купувајте, и од дома обавезно читајте си по некоја критика, за било кој производ и да е, посебно за пудриве.
Можеби малце офтопик, ама убава вест за тие што користат Ревлон Колор Стеј, иако кај нас малце покасно стигнува се', но во странство веќе почнаа да ја произведуваат со пумпица. Еве и слика, ја најдов на Инстаграм дури пребарував слики за пудрава.
Зошто офф топик, нели темава е цела за пудри? Кај што пазарам најчесто во парфимеријата, уште пред 2-3 години имаа Ревлон со пумпица. И престанаа да ги носат. Продавачката кажа дека многу девојки се чуделе како е со пумпица, кога Ревлон е позната дека е без пумпица. И не верувале дека таа Ревлон е оригинална и не ја сакале. Па престанаа да ја увезуваат таа со пумпица. Така да, и кај нас имаше за кратко време (барем во таа парфимерија) пудри со пумпица. Да се надеваме дека допрва ќе донесат пак.
Офтопик зошто се вмешав во муабетот, погоре. А иначе за ова со пудрава, похигиенски и попрактично би било да е со пумпица, зошто мене лично ми се случува да си турам многу на ракава, па го враќам или го шлакам по лицево и размачкувам пола саат.
Едно прашање, на кој начин ја користите камената, ставате врз течната пудра , или па секоја посебна ?
Ве читам дека за навечер сакате поубава пудра, а преку ден ако е понеубава, поприроден изглед дава. Јас баш не се согласувам со ова. Мене ми е преку ден многу побитно лицето да ми изгледа убаво, без страшно изразени мани и недостатоци. Навечер на пригушено светло, па и не дека се гледа какво ми е лицето. Не разбирам делење на пудра за преку ден и за навечер, една ми е, сакам да сум убава и преку ден, па и навечер.
Не дека станува збор за понеубава пудра - фала Богу, колку и да е ниска цената никоја не би купила нешто со кое лицето изгледа смешно и грдо, ами понискобуџетна која сепак ќе изгледа убаво на лице иако е нели купена по два пати пониска цена од онаа убавата. Мислам, ова само некои пудротрошачки како мене и Лепа би го сфатиле, затоа не го сфаќајте многу-многу сериозно. Ние ќе си се договориме со Лепа.
^ А ако нискобуџетната изгледа убаво на лице, зошто истата не ја користите за навечер? Just sayin'...
Да не се сватиме погрешно, ама има разлика помеѓу дневна и ноќна пудра. Барем јас правам. Tука не се збори за квалитетна и неквалитетна, туку за тешка и лесна. Прво има пудри кои не се преку ден, и не треба да се користат, како Максфакторот и Ревлонот. Посебно Ревлонот, тоа е рамно на паштета за лице. Несакам погрешно да ме сватат девојките кои ја ставаат и користат ама таа тешкотија барем одбегнувајте сега во летниве периоди да ја ставате преку ден, ќе ви се засити лицето од неа и не му оставате да дише. Зашто преку ден цел ден сме со една пудра едно добри 6 часа и плус, и да треба да биде покривна ама не ефек на порцеланска кукла. Според мене не е страшно ако малку се познаваат некои критични делови, барем му оставаме на лицето барем малку да дише. Навечер, за некои посебни пригоди посебно сакаме да изгледаме што е можно подбро и да не ја поправаме шминката и за тие 3-4 часа можеме да истрипме и да ставиме попокривна пудра, или потешка, брзо ќе ја тргнеме од лице.Тоа го имлицира следново правило- СО ШМИНКА НЕ СЕ СПИЕ! Како што постои денска и ноќна шминка така постои и денска и ноќна пудра. Јас лично преку ден несакам да изгледам намаскирана, зафиксирана, и да не ми дише лицето. Сакам полесна пудра, да ми даде изглед дека не сум се замарам а и не се замарам многу нависитна, само ставам и цепам, ни камени пудри, ни фиксатори ни ништо, само крем и пудра или сеа бб крем како две во едно. Јас ги сакам Лореал многу, посевно крем пудрата и бб кремата зашто ми го даваат тоа, со малку време имам матирано лице кое не светнува, и природен изглед ама се прично скапи, ама со причина. Е сез пример Буржоа 123 перфект е две во едно, може и за преку ден и за навачер зашто е многу лесна и убава без да е тешка и да дава ефект на порцелан а пак да имаш чисто лице и мазно. Но секој различно си сваќа и си практикува не судам ни наметнивам, едноставно јас си ги разграничувам моите пудри на дневна и ноќна со исклучок на буржоато веќе отечено од моја стана и на Мишелка, изумот на столетието, мислам треба нобелова награда да добијат мртва озбилна сум
^ Зборуваме за оние кои стално сакаат да изгледаат перфектно и полесните пудри не им даваат задоволителен ефект па затоа финишираат и со камена преку ден. Значи џабе ставиле полесна пудра кога се зацементирале одозгора со камена. И се зависи од лице, од квалитет и од количината на пудра. Не значи ако е погуста на состав и попокривна дека ќе дава паштетаст изглед, а мене ревлонот не ми дава таков ефект искрено за разлика од макс фактор, и сум имала многу поефтини и демек полесни пудри кои од километар се познаваат на лице или ти го светнуваат како од нива да си се вратила и не би рекла дека му давале на лицето да дише, а се водат како "лесни" пудри...
Презадоволна од Rimmel Lasting Finish (врз неа малку фиксатор во прав од Essense кој го купив 85 ден. ) до 8 часа не светнувам