Да не останам покуса ја купив и јас Rimmel Lasting Finish нијанса 103 True Ivory. Чекав да ја испробам неколку пати пред да напишам мислење и можам да кажам дека е доста солидна пудра иако е од поефтините. На лице не ја чувствувам тешка, покривна е таман (добро не дека имам нешто кој знае што да покријам ама ете..), нијансата е ок, иако можеше уште малку посветла но немаа.. :up: за ефектот, цената (која патем ја купив со купон за попуст од ДМ за неверојатни 271 ден) Еве во спојлер едно видео каде девојката ги користи Rimmel Lasting Finish и Stay Matte (изгледа и таа ќе биде следна на листата) Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=d1BitAYaILc
Мене муабетот ми беше малце во друга смисла. Јас ја најдов совршената камена пудра која ми го израмнува тенот, ми покрива она што течната не успеала. Ја пудра секогаш ама секогаш за излегување ставам по два слоја. Не дека имам нешто од типот акни, туку ете се сакам таква, "порцеланска" . Преку ден ретко кога ставам пудра, за на факултет кремчето на мене и толку. Ама пак пудрата ја трошам пребрзо. Е сега немам пудра, ми се потрошија, освен Ревлон која ми е темна, па на лето ќе ја искористам. И сега сакам да си купам нова течна пудра и размислувам дали таа да е Ревлон или Римел, неможам двете, а сакам. Ама шта чеш, руменила, маскари, кармини и заштедата се потроши. Таман имам за Ревлон, ама па се прашувам дали јас ќе добијам уште подобра израмнетост со Ревлон + камена, подолготрајност, без маснотии по 5/6 саати, споредено со Римел течна + камена. А за тоа, преку ден или навечер, јас преку ден сакам само изедначен тен, покривност, трајност, а не порцелански изглед кој ионака невечер си го постигнувам со камена.
Неможам да се согласам со тебе од две причини. Прво кога се купува на своја рака без да прашаш и да се информираш за пудрата скоро секогаш се прави погрешен избор. Некој се информира на нет, некој во продавница ... Второ сите вработени во парфимерии посетуваат курсеви за обука од сите брендови. Секогаш кога ќе ми препорачаат го прават вистинскиот избор. Мене до сега не ми се случило да ми утнат пудра, како што си ги утнував јас сама, со своја глава од рекла казала муабети, и не е мубаетот дека сакаат да ми ја тутнат најскапата пудра, ми ја нуделе и од Севнтин и од Макс Фактор. Конкретно за мене, полесно ми во парфимерија да ми посочат пудра за мојот тип на кожа.
Јас ќе се согласам со тоа дека продавачките во парфимерииве не знаат баш се Кажувам од свое сопствено искуство , работев до пред некој месец во парфимерија, ни курс посетував ни некој ми кажуваше :geek: Кога почнав од почетокот постарите продавачки накратко од 10тина минути ми објаснија и тоа едната вели за една пудра дека е за мрсна кожа , другата за истата пудра ми велеше дека е за сува и нормално јас им го кажав тоа и тие секоја посебно нели, остај ја неа слушај ме мене јас знам И фино лепо после тоа ми рекоа учи си сама на секоја пудра пишува за што е епа сега видете колку знаат продавачкиве Навистина има некои што се разбираат ама некои те гледаат бледо и не знаат што да кажат кога ќе ги прашаш за било што Јас секогаш кога купувам си барам критики во оваа тема или по интернетов, никогаш не прашувам
Последна пудра која ја купив и од која сум презадоволна е "Мaybelline affinitone mineral". Да напоменам дека имам сува кожа. Кај оваа пудра ми се допаѓа што лесно се разнесува низ лицето, а и самата е лесна, покривна е ако се стави малце повеќе. Исто така издржува повеќе часови. Изгледа до толку си ја погодив нијансата што кога ќе ставам воопшто не се разликува од мојот тен. Препораките за оваа пудра, искрено, ги најдов овде на Фемина. Се двоумев помеѓу оваа и Ревлон, но се одлучув за оваа поевтина варијанта. Друга пудра која сакам да ја искоментирам е "Manhattan Mat Powder" која ја користев кратко пред оваа, но не сум воопшто задоволна од причина што е многу тешка на кожата, тешко се размачкува и некако не ми беше пријатна. Oд пудрите на Manhattan задоволна сум само од онаа со проѕирно капаче која се адаптира на кожата.
Ми треба течна пудра за престојниот период.Значи сакам нешто како Хелти миксот ама како што разбрав велите за сува кожа е. Јас имам нормална кожа и малку мрсна во Т-зоната.Ми треба некоја лесна за преку ден,не многу мат односно да дава природен изглед на лицето. Препорачајте ми нешто,би дала до кај 800 ден.Не сакам и овој пат да ја утнам,добра сум во тоа. За камена,во план ми е Healthy Balance на Боржуа.
провери си ја 123 од Боржуа, многу ја фалат, јас до скоро ја користев и океј ми беше. многу подобра од оваа на Севентин што ми ја фалеше продавачката од Јуник. Значи врска нема пудрата. Да ја потрошам и си се враќам на 123
Мимс очигледно си имала среќа со продавачките, какви се немуабети и совети ми давале и ме зафркнале многу пати. Затоа претежно читам на форумов рецензии и на нет, повеќе верувам во вашите искуства и искрени мислење, па и на некои странци него на продавачките во парфимерииве. Многу пати ми инсистирале на некоја си многу поскапа нормално нив да ем во корист. Космо ми е исклучок, навистина дел од вработени се упатени и знаат што е што, и се некако пореални. Ама сега и многу немам потреба од некој совети, нивни, голем дел од производите си пишуваат за каква кожа се, или им се испоробани па знам што да очекувам. Али поарно кога и немаше многу избор па и информации, лесно ме прелажуваа,. Инаку за пудрите кој како си љуби, јас не сакам тешки пудри, и ги избегнувам. А за тоа што викате дека лесна пудра се познава од километар, или е утната бојата или е неквалитетна, нема друго.
Хипстер јас зборувам за Космо бидејќи се од таму купувам, многу ретко од Шатци затоа што се поскапи, а во ДМ фала богу нема ни кој да прашаш Од сигурни извори знам дека имаат обуки минимум два пати годишно за сите брендови кои ги организираат фирмите кои им ги носат производите П.С. Анастасијаки може не си ги начекала обуките
Јас од свое искуство можам да кажам дека во локални парфимерии многу пати ме зезнале, ми предложиле пудра што не била за мојот тип на кожа. Значи, тоа ми се случило сигурно повеќе од три пати досега Е сега со Космо е подруго, имаат познавање колку-толку и кога и да сум прашала, ми дале предлози за пудра и воопшто за козметика што навистина е за мојот тип на кожа. Се гледа дека знаат што продаваат, дека не е само колку да ти продадат. Неретко и ми препорачуваат евтини производи што се добри за мојот тип на кожа. Козметика секогаш купувам исклучиво од таму А за поделбите на пудрата на дневна и ноќна, сметам дека со право се делат така и сосема се согласувам со Хипстер. Значи под дневна пудра подразбирам полесна пудра, а под ноќна/вечерна - потешка, попокривна пудра од типот на Ревлон, Менхетен црната и сл. Е сега, Лепа - те читав дека Римел Ластинг Финиш многу ти е погодена. Ако е така - ич не се мисли за друга. Земи си ја пак оваа и терај си штом ти одговара. Не мора да значи дека ако Ревлонот е поскапа, дека е и подобра за тебе. Ако Римелот ти го дава посакуваниот ефект (заедно со камена), нема зошто да не продолжиш да си ја користиш. А кога ќе се затопли, ќе се префрлиш на Ревлонот потемната што веќе ја имаш, зошто Римелов како што кажа ти, се топи на повисоки температури и решен проблем И за крај - Лепа, а ти што камена користеше? Значи ќе си пукнам
девојки да ви дадам еден мал совет може јас сум фанатик за пудри имам преку 40 пудри кои ги користам и супер ми одговараат едноставно колекционер сум на шминка еве како да пробате земете мало кутивче или кесичка од оние знаете што се затварааат одете во некоаја од големиве породавници и која пудра и да сте ја одбрале замолите ги проддаачките ако мозе малку од тестерот да ставите вво кутивчето да пробате дали ке ви одговара дури некои од парфимериите имаат мали тестерчиња или кесички . искрено до сега никоја ме нема одбиено одете дома и пробајте ако ви одговара супер ако не одете во потрага по нова и се тка додека не си ја најдете совршената пудра за вас среќно
Јас пак си ја купив денеска Ревлонот, овој пат бр. 320. Нијансата погодена 101%, одев во Космо секој втор ден и ги тестирав речиси сите бои. Неможев да си дозволам пак да утнам со бојата. Мислиш маска имам со бр. 330, а јас па си уживам, добивам коментари забите колку ми биле бели, а тоа од што ми била темна пудрата, забите иделе до израз.
Девојки ај збор два за пудрава си пишав јас горе во полето за пребарување ама речиси и нема пишувано за пудрава, има за камената ама ме интересира оваа течнава
каде го најде фиксаторот на есенс за 85 денари? јас баш денес го видов во каталогцето на есенс 225 денари
Спојлер simoncelicius, оваа пудра на Rimmel нема мат ефект и мислам дека повеќе е за нормална кожа отколку ли за комбинирана. За мрсна не е воопшто.
и дали некој има користено од есенс soft touch mousse мат крем пудра 295 денари е, лесна е на лицето и продавачката ми кажа дека доколку ја користам само таа без камена и си ставив во парфимеријата еве уште ја носам да видам до вечер дали ке ми излезат брунчиња црнки оти кожата одма ми покажува ако е добра утре ја купувам само да прашам дали некој ја има користено и како сте задоволни од неа исто ја пробав и онаа на менхетен антибактериската лесна е супер на лицето меѓутоа е слабо покривна help!