Ја купив денес Rimmel Lasting Finish, со подарок кармин на Кејт Мос. Како за првпат,на лицето одлично ми легна, се плашев да не земав многу темна нијанса бидејќи имам прилично светол тен, но нијансата soft beige излезе супер за мене, задоволна сум од тоа како ми го изедначи тенот и воопшто не е тешка. Има средна покривност, за мене е добро бидејќи немам некои сериозни работи што треба да се покријат, тек-тук некое мозолче кое ќе ме изненади, но со камена пудра одозгора сигурно ќе биде перфект ! Ќе известам по некое време со крајна оцена, но засега, навистина е одлична и евтина,а за тие пари добиваш навистина многу. Следна на листа ми е камената пудра од Римел. Предвидувам почеток на едно добро , евтино пријателство
Гледам сите спобудалевте по пудрава Rimmel lasting finish и се повеќе и повеќе ме терате и јас да си ја купам имам нормална кон комбинирана кожата на лицето, немам некои сериозни проблеми како акни, но имам проблем што долго време сум на факултет па веќе во средина на денот сум со светнато лице а кога ќе си дојдам дома веќе немам пудра Дали можда ете вие сите што ја купивте би можеле да ми кажете дали е трајна бааарем 5-6 саати но исто ми е важно и да не е претешка на лице зошто нема полошо од паштета на фаца! а за смешната цена вреди да се проба
Денес бев да ја купам vichy dermablend, ја пробав и имаше супер покривност. Си ја земав 15 Оpal и ми се погоди нијансата За трајност ќе пишам накнадно, ама вака од прв впечаток ми се чини дека си вреди за парите
Јас секогаш ја фалам Римел Ластинг Финиш, значи ја обожавам! За 320 денари е повеќе од супер, за солидна марка како Римел. Сега решив да напишам некои негативни страни, засновани на двегодишно редовно користење: 1. Кога ќе ја нанесиш, малце е тешко перфектно да ја размачкаш, треба малце повеќе време да се посветиш да не ти остане некоја цртка (читај браздичка ) од случајните фасцикулации. 2. Треба некоја минута повеќе за да се фиксира. 3. Трајност, споредено со Ревлон, Римелот има помалце. Околу 3/4 саати без проблем. 4. Се топи на температури повисоки од пр. над 20 степени, се чувствува на лицето, затоа ја избегнувам за преку лето. 5. И една лоша, за мене, страна е тоа што на испит кога случајно ќе се фатам за лицето, оставам траги на тестот. Ја обожавам поради тоа што е феноменална замена за било која пудра. Имам нормална кон комбинирана кожа, со исклучиво масно чело, но пудрава не ме светнува како на пример што ме светнуваше Мејбилајн Афинитон, за 2 саати.
^ Наменета е за комбинирана до мрсна кожа, чини 800 денари (некаде во некои парфимерии ја имам купувано и по 830). Јас сум презадоволна од неа, имам пишано милион пати критики за пудрава тука во темата. Одлична е и за дневна и за ноќна шминка, лесна, покривна, трајна ... совршена е.
Од ДМ го земав ама одамна пред еден месец мислам тогаш имаше некоја акција мн. производи по 85 си земав и руменило,бронзер,кармин (да се пофалам ) задоволна сум за тие пари толку.Инаку мислам дека редовната цена на фиксаторот е 295 ден.(ако зборуваме за истиот во сива кутија бел прав) 5-6 саати е трајна (кај мене и повеќе),не е паштета,и за комбинирана кожа мислам најдобро камена или во прав врз неа .Не сум некој експерт, но се надевам ти помогнав Спојлер незз како ке се покаже за летово бидејќи почнав да ја користам од февруари
пред некој ден ја земав новата од BOURJOIS HEALTY MIX сакав да ја пробам затоа што првата верзија таа што е во пластично мие најомилена пудра највеќе ми одговара затоа што имам сува кожа ми дава природен изглед супер покривање кое мие мене доволно и стои цел ден и затоа сакав да ја пробам новата ама некако се разочарав за нанесување е поубава по нежно некако се размачкува на лицето малку има повеќе сјај од првата и единственото нешто што ме разочара е тоа што има помала покривност од таа во пластично дефинитивно на кожа изгледа поприродно има појак мирис на овошје но сепак не сум толку задоволна затоа што покривноста која ја сакав од старата во новата ја нема и старата некако изгледа фантастично на моето лице му дава некаков посебен како да се изразам осветлувачки ефект особено во пределот под очите накако како да ми ги камуфлира подочнаците а новата мие некако што знам како мојата кожа само поизедначен тен ништо повеќе . инаку новата во космо како на промоција е цената е 630 денари
Бидејќи многу ја фалиш пудрава се решив да ја земам. Со купонче за попуст ја земав за некои 250-270 денари од дм. Ама им го украле тестерот за таа со бројче 200 и си ја земав таа 201, јас се си мислам дека ми е темна ама ми рекоа дека ми е погодена нијансава. Можеби е рано да кажам ама па ништо од ова што го пиша како негативно не го забележувам Добро, уште не сум ја пробала на повиски температури ама сега за сега е одлична. Не за џабе толку ја фалеше
^^ Точно. Ама ете кажав, пошто досега ја фалев да ги наведам и негативните страни, зошто страв ми е да не бидам крива, ако некоја феминка се разочара, а ја купила заради моите пофалби. И да, ова се негативни страни после 2 години редовно користење на пудрата, со потрошени околу 10тина пакувања на пудрава.
Точно 1242 денари И еве денес ставив од пудрата.. се изненадив колку само НАЈМАЛА количина се нанесува на целото лице. Значи ни четвртина од тоа што ми требало со другите пудри за да нанесам. Ја нанесов во 12:00, еве сега е 01:05, лицево ТОП ми е. Некои нови акнички што имам маааалку почнале да се познаваат ама се на се лицево ми е супер. Значи прво нанесов на цело лице, потоа ептеееен малку на деловите каде што ми требаше уште малку покривност и ја фиксирав со фиксаторот на артдеко. Ниедна пудра не ми издржала волку многу. А искрено не е ни тешка на лицето. Течна е доста, не се осеќа на кожата ама премногу пигментирана пудра е, затоа и е толку висока покривноста. Искрено вреди за секој денар, и најтопло ја препорачувам за било кој што мака мачи со пудриве и со издржливоста преку целиот ден. Више не мењам пудри, се додека не донесат MAC тука
marjana-mari имаш завидна колекција на пудри, само едно не ми е јасно сите се овие твои, мислам за твоја упореба, или работиш со нив? Зашто гледам имаш Буржоа и хелти микс и флауер перфекшнот, а тие се за различно лице, едната е за сува другата е за мрсна. Вајда имаш или одлреден тип на кожа, пример суво, па треба да корисиш само за соодвена кожа пудри...
и јас се мислев која пудра е најдобра за моето мрсно лице. читав тука на фемина кој какво искуство има со пудрите сепак додека сама не пробаш не можеш да знаеш како ти реагира кожата. се прошетав по парифемериите и си зедов тестери од пудри за мрсна кожа. секој ден си пробував по еден тестер од пудрите кога излегував да видма како ке се покаже пудрата во текот на целиот ден. најзадоволна сум од есенце soft touch mousse таа е како не е пенеста ,туку има интересна конзистенција кога се става има ефект како да имаш и течна и камена пудра немаа тестери си ставив во парфимеријата до вечерта мака немаше пудрата немав ни брунчиња ни ништо а и продавачката ми кажа дека најдобро е да се носи само пудрата да не се става дополнително камена оти можно е грутчиња да се појават заради конзистенцијата на пудрата. задоволително е покривна. исто задоволна сум и од max factor xperience денес баш ја носев беше многу топло и сега се погледнав во огледало пудрата си е на место. исто добра и е покривноста. и двете се лесни на кожата. тие две ми оставија впечаток додека пак пробав и на burjoa ми излегоа бубалици на крајот на денот не ми се допадна ич. на есенце цената и е 295 денари додека на макс фактор не знам сеуште ама најверојатно ке ја земам на есенце затоа што испадна супер за моето лице. најубаво пак ке казам пробај си на лицето сама ќе си видиш што ти одговара што не поздравв
Џенски дај препорачајте ми некоја тонирана крема за 14 годишна. А може и некоја полсесна пудра. Инаку кожава ми е комбинирана накај мрсна, црнки и по некоја акна.А да, и ако сте задоволни од некоја на Авон или Орифлејм кажете бидејќи таква најлесно можам да најдам, од мал град сум и немам многу избор. П.С. Има тема за тонирана крема? Барав и сум барала и не најдов...