Сум ја листала неколку пати. Значи тонирана и ББ крема се едно исто? Гледам нема многу пофалби за тие ББ креми, оксидирале, розеви станувале, не биле убави... И што ти знам уште. Затоа прашав овде, дај просветлете ме
хехее во право си имам сува кожа ама зависно која крема ја користам и зависно од кое годишно време ги користам сите фанатик сум за пудри и морам сите да ги пробам овие се сите ми одговараат само како сто казав во одредени прилики за " работа" тие што ми се за шминкање на клиенти ги чувам посебно овие се само за моја лична употреба според мене од овие бб креми што можат кај нас да се најдат единствено ми одговара од гарниер имам суво лице иако таа е за масна кожа супер ми одговара и нијансата од гарниерот мие најпогодена искрено ги имам пробано сите пудри од MAC и до сега немам најдено нешто што е подобро ни приближно од VICHY DERMABLEND пудрата
Ако, јас од чист мерак би сакала да пробам нивна пудра или од Make Up For Ever или Nars да речеме Ние овде сме осакатени некако со козметика, ништо нема
можеш да нарачаш од интернет јас претежо купувам од интернет имам неколку сигурни интернет веб страни кои продаваат 100 % оригинални и сите брендови кои кај нас ги нема ги наоѓам претежно имаат и попусти
хехехеех оваа мие најомилена дефинитивно нај нај http://www.allcosmeticswholesale.com/ се има и до сега имам нарачано преку 100 пати и се немам ни еднас разочарано и најбрза испорака http://www.sigmabeauty.com/?Click=1905 оваа е за четки . четките се фантастични со природно влакно но има и синтетички http://www.prettyandcute.com/ од оваа нарачав бб кремови кои сега треба да ми дојдат http://www.sleekmakeup.com/ дефинитивно најевтини палети на сенки кои сите ги имам пигментни долко стојат на очи избор преголем брза испорака и најевтино http://www.coastalscents.com/ овие ми се така едно од кои највеке клупувам ама има уште многу со кредитна картичка од првата страна секогаљ нарацувам многу и скапи производи и секогаш плаќам сo најскап SHIPPING и доага за 3 дена лудо праќаат со FEDEX експрес другите зависно коај страна имам какоц SHIPPING ама нјкасно за 2 недели
Vichy dermablend колку што можев да видам има 5 нијанси, но затоа што по аптекиве нема тестери, барем не таму каде што бев незнам која нијанса би ми била океј, дали 15 opal или 25 nude. 123 од буржоа сум 52, а исто така и од гарниер бб кремата ја имам нијансата light која мааааалку ми е потемна ама не е ништо страшно. opal нијансата на оваа од vichy да не е премногу светла? ако веќе си ја утнам нијансата подобро светла нека биде отколку темна, па со малку бронзер се се решава
Мене ми е 15 opal нијансата таман, и мене на боржуа ми е 52 ванила. Некако кога ја нанесов ми се виде како да ми е премногу светла ама по неколку минути се фиксираше и не изгледав како духче Мислам дека во ГТЦ во зегин има тестери, ама мислам Јас од таму ја земав и ѕиркав кај што стоеа пудрите и ми се виде како да имаше мали тестерчиња така да можеш да одиш да видиш таму за посигурно. Ама како и да е, посветла пудра може да се среди, за потемна е лошото.
е баш ќе проверам по уште некоја аптека некој тестер да не им се наоѓа. И да дефинитивно подобро посветла пудра него паштета
еве боите првото е VICHY DERMABLEND OPAL 15 VICHY е малку побела од гарниер второто e гарниер бб кремот а третото BOURJOIS HEALTY MIX 51 во никоја аптека немаат тестери од VICHY а затоа што се скапи нема ни да ја отворат да ја видиш бојата од искуство ти кажувам
така и си мислев со тестериве. обично за многу производи имаат такви мали тестерчиња во мали ко ќесенца знаеш на што мислам. ма ќе ја купам кад тад ако се зафркнам нема да ми биде прв пат ама после толку пофални зборови не би требало
ја пробав и таа на лицето послабо покривна од ессенце, лесна е исто мегутоа некако многу ми беше течна буквално водичка со боја ќе дадам 500 денари ќе ја потросам за три недели сепак пробај си види како ке ти стои на лицето
Пред некој ден ми требаше да си ставам пудра, па ставив Импала бр.2 Многу покрива, но сепак дава некој природен, сјаен изглед на кожата. Исто, многу малку треба да се покрие целото лице. Мене двојка совршено ми одговара на тенот и кожата ми ја прави многу мазна. Се израдував што си најдов пудра совршена за мене, не дека и често ставам де, ама сестра ми ми кажа дека млади не треба да ја употребуваат. Не ни знам какви пудри можам да користам на 18 години. Инаку, водоотпорна е и долго време го чува истиот изглед, но тешко се трга ептен. Посебно кај делот кај веѓите, и другиот ден си носев малку. Ако сте над 35 години, ви ја препорачувам.
Ау немој никако импала да ја користиш точно е дека е за повозрасни , јас еднаш ја купив на почетокот кога и почнав да користам пудри баш на твоја возраст и мајка ми ја зема за нејзе земи си Буржуа , ако имаш мрсна кожа - Bourjois Flower Perfection или Bourjois 123 , а за сува - Bourjois Healthy Mix, поскапи се да но одлични се, не ја чувствуваш кога ја носиш на лице , покрива солидно, и многу убаво мирисаат Кога се работи за лицето немој што и да е да користиш
Препорачајте ми пудра за нормална-комбинирана кожа,не ми треба голема покривност.Сакам по природен изглед и ако може и цени да ми кажете.Благодарам однапред