Девојки ќе ве молам за совет во врска со течна пудра... не се разбирам баш.. ми треба некоја течна пудра за млада кожа (имам 17 години).. кожата ми е комбинирана повеќе накај мрсна и ми се прават мозолчиња така да некоја да покрива прилично. По можност да е со прифатлива цена.. само да не е Импала,Малена.. фала ви однапред
Девојки што сте ги користеле Боржуа пудрите, која би ја препорачале најмногу за мрсна кожа и мат ефект? И каде може да си ја купам, гледам сите сте задоволни, не прочитав ниеден негативен коментар па решив да ја пробам и јас
каде е таа парфимерија т.е. ккако се вика eftina bila mn. Во Штип кај мистик била на некое ќоше незнам каде веќе да прашам
^ 450 денари е. Одлична е, ама за овие пари се наоѓа и нешто доста посолидно. DreamAngel, пробај ја Менхетн клир фејс, таа е наменета за млада кожа и мислам дека би била задоволна. Ако не се лажам, 400 до 450 денари е и таа. Пудрите на Боржуа ги има во секоја парфимерија во која држат нивна козметика, речиси сите пудри се 830 денари и за мрсна кожа најпогодни се (ги редам според покривност, мат ефектот е мање-више ист кај сите): Flower perfection, 123 Perfect, Bio Detox. Сите сум ги користела, нема да згрешиш која и да ја земеш.
Јас имам мрсно лице и ја користам Bourjois 123 Perfect лесна е не ја чувствуваш на кожата , мене ми е погодена и бојата и преубаво мириса , покривна е , но мислам дека е полу-мат , ако сакаш да е мат земи ја Bourjois Flower Foundation
Една искрена и најголема благодарност до сите што ја препорачаа оваа камена на Римел на чело мислам со Мишел, еден споменик ќе ве молам да му се подигне на девојчето пред некоја парфимерија. Супер, супер камена пудра. Претходната камена ми беше Хелти Микс на Боржуа, ама искрено оваа многу повеќе ми се погоди. Ја земав од ДМ со тоа купоните за попуст, а бидејќи во Сити Мол немаат тестери, стратешки си испробав прво во Космо па си се вратив во ДМ. Со купон доаѓа околу 260-270 денари. Нијансата ми е ептен погодена, што ми беше доста битно бидејќи оваа течна пудра што ја имам сега ми бега за една нијанса и ужасно ме нервира тоа. Супер го матира лицето (јас имам комбинирана накај мрсна кожа) и доста долго го задржува тој ефект, баш како што си пишува и 5 саати раат си. Еве денес на пример од 9 до сега ми е малтене исто лицето, а и факултет и автобуси и сешто поминав. Голем, голем плус од мене. Е да, само едно прашања. Моментално јас ја нанесувам со четка ама некако ми пушта влакненца четката и ме нервира. Никогаш немам нанесувано камена со сунѓерче или оние пуфкине, како и да се викаат, па ме интересира какво е вашето искуство? Со што е подобро?
Тајгерлејди и јас ја нанесувам со голема четка. Мислам дека е за руменило, ама сè додека супер ми врши работа - не би ја менувала. Пробав и со сунгерче и ефектот е речиси ист, барем по тоа што го приметив. Мајка ми тврди дека со сунгерче многу подобро можело да се распореди и натапка пудрата по лицето, ама јас ставам само на Т-зоната (и многу ретко, сосем малку тука-таму на образите) и не ми менува нешто многу. Евтини се сунгерчињата, јас ги зедов од маалска парфимерија, неколку за стотина денари, ама искрено и не ми менува баш многу дали ќе нанесам со четка или со ова. Ако те интересира, можеш да си земеш некое па ќе си видиш. Барем нема да „гониш“ влакна од четката низ кутивчето со пудра. Она пуфкастото се викаше тупфер мислам и немам нанесувано пудра со вакво, би пробала и со него ако успеам да најдам некое нели. Имав тупферче со пудра за тело, Фелче мислам дека беше, ама тоа во друга тема.
Јас ја нанесувам камената пудра со малечка кабуки четка од ваков тип, само мојата ја земав во Рамстор, околу 160 ден. беше и многу ми се погоди, не паднало ниту едно влакненце, а солидно го покрива лицето со пудра.
Ај јас да прашам нешто, ама немојте да ми се смеете Бидејќи моите познавања од областа на камените пудри се толку „големи“, ме интересира што е разликата меѓу обична камена пудра од типот на Rimmel Stay Matte и камена на која што стои ознака translucent powder? Значи, обичниве камени пудри пуштаат боја, затоа имаат и нијанси, тоа ми е јасно. Арно ама, мене ме интересираат оние translucent? Дали тоа значи дека таквите не пуштаат боја, туку само ја фиксираат течната пудра? Вториве се фиксатори всушност или не? И зошто има нијанси и од ваквите translucent камени, ако не оставаат боја? За вакви зборувам: Ај просветлете ме
Си ја сфатила поентата. Мислам дека е од типот на пудри кои само се прилагодуваат на нашиот природен тен, а притоа може, но и не мора да оставаат боја иако нели го матираат лицето и ја фиксираат течната пудра. Накратко - делуваат поприродно зашто се прилагодуваат на тенот. Јас имам малце негативно искуство со ваква „пудра“, т.е. фиксатор во прав - ме правеше Каспер. Ама правта беше бела, а оваа на Макс Фактор ми изгледа обоена, така да не верувам дека би давала таков ефект, ами само би матирала. П.С. Понекогаш може да се работи и за хајлајтер, ама мене ваквите пудри ми се асоцијација за фиксатор. П.П.С. Колку што се сеќавам од разгледувањето низ рафтовите, 05 е прва на листата нијанси од оваа пудра, така да, најверојатно оваа е сенаменска матирачка, а после неа имаше и други беж, розе и такамунатаму нијанси.
Имам користено јас таква во прав, на Авон, и катастрофа беше. Лицево ми го правеше како торта - на слоеви Ужасна беше, се познаваше од километар. Знам дека има и убави пудри во прав, од типот на Артдеко, ама мене ме интересираат камените translucent. Според ознакава логично е дека даваат природен изглед без многу боја, а мене тоа ми треба, зошто боја ќе си добијам со течната. Сега не знам дали да ја земам Rimmel Stay Matte - the Holy Grail на камените пудри , или па ваква некоја? Многу сум неодлучна значи, на крај ќе завршам со две, осеЧам А да одам во парфимерија и да шлакам на лицево за проба, не оди. Да е течна, ајде, ама камена да пробувам... Оваа МаксФактор ми фати око, ќе прошетам деновиве да видам дали и каде ја има, па ќе видам што ќе купам на крај. А за хајлајтер, тоа никако. Со мрснава кожа уште хајлајтер ми треба Ама мислам дека хајлајтерите се познаваат во пакувањето, имаат светки и доволно е само со прстот да поминам преку пудрата за да сфатам што е Обично најсветлите нијанси од камените (и од коректорите) се хајлајтери, така што тие ќе ги избегнувам Фала ти, Мишелка
Има и од Римелот Transparent 001..таа е таа за матирање без да дава дополнителна покривност односно боја
Одлично, фала ти, не знаев дека има и од Римелот ваква Тогаш дефинитивно ќе си ја земам таа, па ќе споделам впечатоци овде (се надевам воодушевувачки како на мнозинството)
ЈАс имам и од макс фактор и од римел таква транслуцентна камена пудра..макс-факторот е малце потемна а римелот одлично се прилагодува
Sexybaby ако си решена да купиш од Макс Фактор јас би ти препорачала да си земеш обична камена.Ja имам користено и обичната и оваа translucent и бев многу позадоволна од обичната.Од оваа translucent некако побрзо светнував во т зоната,иако продавачката ми кажа дека единствена разлика меѓу нив е што translucent се приспособува на твојот тен без оглед на тоа каква течна пудра имаш ставено.Гледам дека ја фалат и на Римел али таа ми е следна на список за купување па ќе споделам импресии.Како и да е со Макс Фактор немаш утка,многу убав финиш дава на лицето
Јас пак. Овој пат со предупредување за тие кои допрва планираат да ја купат Ревлон Колорстеј! Значи, секогаш кога бирате нијанса на пудрава, одбирајте една нијанса посветла од вашиот тен. Пудрава оксидира (што не е штетно за лицето), и после пола саат е потемна. Ја прочитав цела тема и најдов мислење на една феминка која го имаше напишано ова, и си докажав дека видот ме држи сеуште зошто мене и оваа Ревлон (320) ми е потемна. Не многу, ама пак дели. Значи ја пробав, на брадата, совршено ми стоеше. Ги пробав и другите нијанси светли ми беа. Ја зедов 320ката, за да после пола саат станам потемна. Ќе земам, некој ден, ќе ја истолчам и ќе ја фрлам таква. Не давам веќе пари за пудри, туку ќе одам на солариум. ...или за инает (мој) ќе шетам "со маска". Не е дотолку, ама кога си ја најдов совршената пудра, кога ќе ми се посреќи и нијансата да си ја погодам?! Ми се плаче...
Лепа мислам дека нема потреба од паника, лето иде, значи седи у двор или на тераса по пола саат секој ден, па за недела време, ќе ти бидне таман пудрата, како па воа лето ќе ги врииш двете не Ревлон Инаку идам да прашам нешто и не ми се смејте исто и јас како Секси бејби да си кажам. Не е пудра, ама мислам дека тука најарно е да прашам. Јас сакам хајлајтор, значи сакам некој добар, најдобар шо може тука да се најде, дали е и тоа тоа, а мислам на Ким Кардашиан, шо го има најмногу истакнато под очите, како побело иде, шо ми е најпрекрасно на цел свет. И мислам нели дека може и на цело лице, или на повеќе места на лицето да се става, совет и за тоа ве молам. Кој ќе ми го препорачате, која марка, и колку пари (стварно не ми е битно колку, оти го сакам најдобриот, шо ќе доловува таков ефекат! ) До сега немам користено да потенцирам.
Анушка, Мимс го фалеше хајлајтерот на Севентин, овој: Колку што ме држи сеќавање, и ти и Мимс имате сува кожа, што значи и тебе ќе ти биде одличен Го имам видено во Космо и убав е, ненападен, дава само како бисерен сјај. Штета што мене не ми одговара да го користам заради маснава кожа, мада мислам дека би можел да ми користи како сенка Уствари може и како хајлајтер, ама за веѓите Розевиот посебно е преубав Едит: Цена не знам, ама не е многу скап, ми се чини околу 300-400 денари Едит бр. 2: Хајлајтерот се става над јаболкниците во делот под очите, потоа на средината на носот, на лакот кај веѓите и на виличната коска. Меѓутоа, ако се нанесе умерено, може и на цело лице ако сакаш, тука нема правила, само поентата е сето тоа да биде со мерка за да не светиш премногу Еве ти и сликичка: Спојлер