Анушка да, овој на Севнтин го користам и предобар е. Го има вака на розевкасто и на бронзено, види кој повеќе ќе ти одговара. Јас собирам пари и за бронзениот, инаку е 500 денари, ама 300 и нешто е на попуст во Космо до крајот на Април со клуб картичката. Па ѕирни го ако ти се допаѓа земи си го додека е на попуст затоа што и не е малку намалено.
Да ве прашам ,. Лореал True Match (r3c3) за каков тип на кожа се препорачува? Имам сува кожа а се мислам да ја купам... што мислите?
Јас го користам шимер пан стикот на макс фактор и ми дава преубав ефект, незнам точно дали е хајлајтер ама јас го користам како тоа Цената му е слична како и обичниот пан стик што значи околу 400 ден. Еве ти и сликичка од ефектот што го дава.
Јас ја имам користено, а имам сува кожа и ми беше ок, ама не го добивав посакуваниот ефект со неа. Некои делови на лицето кај образите како да ми ги досушуваше, а пак Т зоната иако ми е сува ми светеше ко да е мрсна. Јас не сум многу задоволна од пудрава, иако текстурата и е лесна и одлично се нанесува и размачкува на лицето, сепак е индивидуално, ако не пробаш нема да знаеш. А ако не ти одговара подобар избор ти е новата Хелти Микс на Буржоа, е таа ти е одлична за сува кожа
Другарка си ја зема пудрава од Авон пред некое време, и е многу добра навистина! И јас си нарачав, во каталогот ја видов за 340 денари и не се воздржав.
денес си ја купив EVELINE пудрата до топла беж нијанаса и ке видеме како ке ми делува на лицето мислам дека е малку мат ама не е проблем за парите е супер
Аовршена е да, јас не знам колку тубички сум потрошила, но многу ми стана тешка со тек на време. Покривна е доста и густа, но ако имаш чисто лице не би ти ја препорачала, ќе ти ги затвори порите скроз и ќе почнат полека се повеќе црнки да ти излегуват. Зависи од каде ќе ја купиш, отприлика 450 ден (плус минус некој денар)
Имам ваква камена пудра. Но скоро при крај ми е. Убава е но сакам да ја сменам. Оваа пудра се прилагодува на секој тип на кожа. Сакам пудра која ги прикрива недостатоците а да ви кажам оваа и подоцњаците ги покриваше Меѓутоа барам некоја друга поефтина која би ми ја препорачале?
Здраво женски сакам да се подновам со некоја убава пудра , старава ми здосади а и како некако да не ми поркива више. Немам бублици некогаш знаат така да искочат пред мензис ама ништо страшно, е сеа сакав да ми дадете совет за некоја пудра за комбинирана кожа до 500 денари така.
^ Да, станува збор за истата пудра, само во нова амбалажа. Нијансите исти се како од претходната серија, така? Ме интересира да не случајно има текнало да стават некоја ванила или ајвори нијанса.
Добро е штом пак ја има, јас ја користев и бев презадоволна но околу 2 години ја немаше во мојот град, инаку пудрата е супер а и не беше скапа сега незнам колку е јас ја земав околу 400 ден. на времето, за комбинирана кожа е одлична
Девојки дали се уште се продава оваа пудра на мах фактор? мене ми беше незаменлива а не сум ја сретнала по парфимерииве?
Менхетенот мат ја користев пола година. Увек на почетокот дава некоја лажна надеж дека е супер но потоа.. На лицето почнуваш да ја осеќаш тешка, кожата се презаситува, иако е мат и антибактериска се појавуваат црнки, мали мозолчиња, и на крај се појавуваат лишаи што се познаваат на било која пудра. Ама за покривност има една голема 9,5/10. Ја купив вашата фалена 123 Прфект. Се двоумев меѓу 51 и 52 и ја зедов посветлата. Не сакав да ми дели . А пак оваа ми е иста скроз ко тенот. Првиот впечаток не ми беше баш ваууу со оглед на тоа дека е тука префалена. Се совпаѓа скроз со тенот, мислам дека ми е утнато бројчето. Покривност една 7/10. Лицето ми е како на бебенце, толку меко и нежно.Одма дава една свежина и полу мат финиш . Ги нагласува сувите делови, околу носот и на образите што ми се последица од менхетенот. Е сега ке и дадам уште малку време за да се покаже Инаку во Шатци, Битола има 25% попуст, така да ја зедов 608 ден. Тоа е еден огромен +.
Среќа што си ја зела посветлата, зошто пудрава оксидира ненормално.Јас ја земав 52ката, ми беше супер, ама после кога се видов...Се е супер, ама огромен - има од мене за тоа, мразам пудри што оксидираат. Сите што планирате да ја купите, земајте една нијанса посветла од вашата дефинитивно.
Имам користено еден мал милион пудри. За што? - За да си го расипам само лицето.. немам ниту едно брунче(да не се урочам) ниту црвенило ништо..и од немајкаде мора пудра на толку чисто лице. Користев импала(многу лоша пудра и многу делува како паштета иако ставав малку), потоа од менхетенот таа во црно тубиче за мрсна кожа(тотална утка за мене),потоа од макс фактор со црно капаче гледам сите ја фалите мене воопшто не ми одговараше посебно без камена, па потоа се префрлив на дебора убава беше но само онаа колор копи со зелено капаче, па почна изгледа да ми се презаситува лицето од неа а и неубаво баш мирисаше..и сега си зедов една од делајн(или делине) и е супер бидеќи имам чисто лице..
Не оксидира. Јас ја имам нијансата 52 и никогаш, ама баш никогаш во овие година дена не се случило по некое време да ѝ се смени нијансата, т.е. да потемни. Лошо искуство со оксидирањето имам само со Макс Факторот, Боржуа никогаш не ми потфрлиле. Не дека целта ми е да убедувам или нешто слично, ама и во ниту една рецензија на нет нема пишано дека оксидира, а верувајте дека пишуваат доколку постои „опасност“ од некоја таква појава. Повеќе тешкотии имав со Флауер перфекшн - не се совпаѓаат нијансите. На пример, од Био Дитокс и од 123 Перфект ми одговара нијансата 52, а од оваа морам да земам 51, зашто 52 е доста потемна.