Си го повлекувам зборот. Тогаш сигурно лицето ми било у друго стање, па не ми се свиѓало. Еве, ставив денеска и многу убава ми е. Дали е до ПМС незнам, ама денеска многу си ја сакам.
Е јас баш прочитав рецензии каде што пишуваше дека оксидира.Ќе пробам да ги најдам и да ги постирам. Мене ми оксидираше, може е до лицето. Едит, еве ги. Во една се спомнува дека оксидира на сува кожа, иако не е наменета за таква - сепак оксидира. Прочитајте ги внимателно. Спојлер http://www.midnight-violets.com/2012/05/review-bourjois-123-perfect-foundation.html http://katieclarkemakeup.blogspot.com/2 ... cts-1.html http://macnunu.blogspot.com/2012/08/bou ... eview.html http://www.parokeets.com/en/2012/04/pro ... oundation/
А зарем не пишуваме овде од наше искуство за тоа како се покажале пудрите кои ги имаме, или прераскажуваме рецензии од нет? Или јас погрешно сум ја сфатила темата?
И после се чудам јас зошто ми доаѓа да фрлам во канта производи кои се толку многу фалени а мене не ми чинат за ништо. Ќе речете може не ти одговараат на твојот тип на кожа. Па до толку ванземаљски тип на кожа немам. И ако вистина тука не зборувате од искуство туку гледате рецензии, треба да знаете дека производите таму и во Македонија веројатно не се ни приближно со ист квалитет.
410 денари од Космо. До BellaS, навистина е совршена и густа. Али во последно време почнаа да ми искачаат многу акни и ред други глупости. И мора да користам доста покривна. До anggell, да антибактериска е и наменета е за тинејџери.
Пред да купам производ читам прво рецензии, а ако таму не им чинат - тука па ич. Морав да ја купам 123 Перфект зошто беше тооооолку фалена, а излезе гомно.Ем ги истакнува сувите делови, ем некако ја прави кожата уморна, а и не е толку покривна ко што се мислеше. Никогаш не сум пишала за пудра дека е убава, освен ако не сум ја пробала. ( е сега за тие со сува кожа, читам мноооогу рецензии, прашувам другарки, па тогаш препорачувам - иако и затоа се уништи смислата на темата, ама ајде...)
Па Шкорпионке, или нашата кожа е некој посебен тип, или се прераскажуваат нечии други искуства- нема друго. Не да ми доаѓа да фрлам во канта, ја купив и камената на Римел, точно, ја собира маснотијата, ама можам да кажам дека Голден Роуз што си ја купувам на лето за 100 денари, затоа што ми треба некоја потемна во тој период од 2-3 месеци, многу повеќе покрива од оваа. Баш ме интересира како ви го покрива тоа што не ви го покрила течната, жити се? За коректорот, исто, па тој од Мис спорти што ми се маткаше низ дома многу повеќе покрива, вчера си ставив од него, абе раат, со овој на Артдеко нерви искинав, не ми се фрла само ради амбалажата . Изгледа и јас сум вонземјанка, и со таква кожа, не знам .
Незнам од каде излезе сега па дека не кажуваме од свое искуство, и конкретно за Буржоа 123 перфект мене ми е трета пудра и ми се покажала како најдобра, заедно со Римелот што ја нема кај нас со портокалово капаче. Мене ни една не ми оксидирала, а по 7-8 месеци сум ја користела, си има иста боја како првиот пат. Мацка зашто така незнам, дали може негде да ја рекламираш, или тоа кај нас никако не функционира. Само јас и Мишел имаме напоменато дека имам мрсно лице, не комбнирано, јас немам сувдел на лицето, и образите ми се мрсни, и морам обавезно 2-3 пати во ден да го поминувам со тоник, посебно летно време. Така да незнам зашто овие конфузии настанале, јас не читам премногу рецензии на нет, зашто како што кажав веќе си имам најдено тоа што ми одогвара за моето лице, и не ги менувам па не барам ништо ново. Пред се треба ди си го познавате лицето, па според тоа да се бара производ. И јас сум против менување пудра на секој 3-4 месеци, освен ако не сте си ја нашле совршената. Тука и бојата на пудрата-бројчето има голема улога. Лично мене ми одговара зашто е сува и брзо се впива, нема дополнитено маснотија, зашто јас ја имам одвишок.
Моментално не сум многу при пари и ја зедов Импала да ги поминам празнициве Сега ми се свиѓа. Покривна е и одговара на мојата комбинирана кожа. Убаво изгледа навистина, ама не верувам дека е толку сјајна за 150 денари Знаете или сте слушнале нешто штетно за пудрава? Да не си го упропастам лицето..
А-а. Не си морала да ја купиш веднаш, си можела и да ја пробаш прво, па да видиш дека не ти е добра. И провери го убаво рокот ако ти стои уште лепенката со декларацијата, да не си зела некоја на која и' истекувал рокот? И јас не знам дали некаде сум напишала дека камената покрива недостатоци кои течната не ги покрила, милион пати имам напоменато дека камената пудра нема никаква покривност во однос на недостатоците, а тоа што ги камуфлира порите не го спорам - тоа го прави и секоја друга камена пудра. И да, раскажуваме наши искуства, ама во случајов морав да спомнам дека никаде го немам сретнато податокот кој Маца го искажа, зашто ниту една тука не се пожалила за вакво нешто, па се заинтересирав да прочачкам и наоколу. Ако некоја мисли дека пишаното не е веродостојно и некој тука мати нешто, нека не чита и решен проблем.
Јас ја имав користено... - добра е за парите )) - има некоја средна покривност (барем за мојава кожа која е со флекички од акни) -слободно си ја носев преку ден, не ми беше воопшто тешка, но јас имам мрсна кожа и по некој сат одма ми светнува лицето... Иначе моментално ја користам ревлонот.... презадоволна сум, но пред да ја земам таа, ја користев од менхетенот црната за мрсна кожа... па најискрено можам да кажам дека двете ми се скоро исти... иста покривност, исто кожата ми ја поднесува, единствена разлика е во цената и во нијансата (оти потешко ја погодив бојата на ревлонот)... па мислам дека кога ќе ја потрошам ревлонот слободно би се вратила на менхетенот. Знам дека имаше критики за менхетенот, но ете... мене искрено на мојава кожа се покажа одлична. нз оти сликата не излезе.... да појаснам само.Дадов одговор за пудрата римел со ја постави swrcii
Каква врска има тоа што не сум ја пробала пред да ја купам, жити се? Ама баш каква? Поентата е дека ОКСИДИРА, и за мене, не е добра ко што ја фалите.Ем ги истакнува сувите делови, ем и не покрива толку ко што викате. Така беше и за таа Rimmel Stay Matte, фалена фалена, после некој рече дека не покрива и слично, па одеднаш таа стана непокривна и не толку трајна пудра.На некој му се погоди, на некој не, така да нема потреба да се уфрлувате во нечија критика.
^ Поентата е во тоа што ако си ја пробала прво и си воочила дека не ти одговара, нема да си лупнела 800 и кусур денари за да ја купиш. Не знам зошто оние што ја препорачаа пудрава испаднаа криви што вас не ви одговарала. Сите тука си кажуваат свое искуство за одредени производи, а на вас останува дали и вие ќе ги пробате или не. Никој не ви ставил нож под грло.