Каде јас окривив некој? МЕНЕ НЕ МИ ОДГОВАРА И ИМАМ ПРАВО ДА ЈА ИСКРИТИКУВАМ ПУДРАТА. Каде навредив, окривив некој? Јас не ја купив затоа што Мишела рекла дека е убава побогу, ама се надоврзав дека беше фалена, ама лично ЗА МЕНЕ не вреди за тие пари. Ако вие си ги извртувате зборовите, или пак не сфаќате, ваш проблем.
Ама се зезнав , ќе се изедам жива сега По сугестија на мајками ја земав Хелти МИкс на Буржоа, и не гледам никаква покривност... Лесна е на лице ,што кај мене резултираат ваквите пудри со никаква покривност, нема ниту пола мат финиш, а капак на се , посветла ми изгледа од 123 Перфект иако го земав истото бројче. Може не требаше одма да го земам, требаше да испробам, веројатно имаат разлики, ама бидна. Кога ја вадам со влажна марамица , марамчето ми се слепува за делот кој го поминувам, нешто како и искуството со Ревлонот... Ја земав 620 од Космо на намаление е, и се каам, ама ќе морам да си ја истрошам После пробани Менхетен црната опаковка, Ревлон , 123 Перфект и оваа Хелти микс, 123 Перфект ми е нумеро уно, па Ревлонот, и на трето место Менхетен и оваа( заедничка карактеристика им е слабата покривност и бледата нијанса, чиниш не си ставил пудра , се се познава)...
За каква кожа е пудрава? И колку пари е отприлика? Имам ептен сува кожа, немам акни ама затоа имам доста изразени подочници кои сакам да ги прикријам и црвенило на кожата. Пред некое време ја зедов Мејбилајн афинитон и не ми е којзнае што, немам некој задоволувачки ефект од неа, значи ми треба пудра со поголема покривност а истовремено да не ми ја суши кожата. И со мејбилајнот многу ми се истакнуваат ситните брчки пр кога се смеам под очите од пудрата брчките ми стануваат многу забележителни. Еве сега на еден блог прочитав дека може да ставам вазелин на тие места значи под очите кај мене, ама во многу мала количина па после пудра. Ќе пробам па ке видиме дали ке се подобри ефектот.
^ За комбинирана/мрсна кожа е, дава мат ефект. Но, како што кажа, имаш сува кожа па не знам колку би ти одговарала оваа пудра. Јас моментално ја користам (имам комбинирана кожа), сум прилично задоволна а има и има добра покривност. Цената и е околу 620 денари.
Оваа пудра е наменета за зрела кожа. За тие пари (+/-) подобро да си земала некоја од Golden Rose што во споредба со оваа сметам дека има и поголем квалитет. А настрана тоа што секогаш ме потсетувала на паштета
Може некој да ми каже збор,два за пудрата на Риммел во стаклено шишенце што е? Ја гледав вчера на попуст е во Космо 320 ден е...
Некоја пудра до 300-400 денари ама да е добра.Не ми се дава пари за скапи пудри,користев од орифламе ама сакам да сменам малце.
Пудрата 123 на Bourjois оксидира. Мој конечен одговор. Јас ја имам 52-ката, колку за информација. Зимата и не се примеќаше до толку, ама сега на топлините ептен лошо ми изгледа. Дури и дечко ми ме примети сабајлево. Ама сепак не и откажувам љубов, преубава структура има. Инаку денес ја купив наголемо фалената Lasting Finish на Rimmel, нијанса 103 True Ivory. Не ќе беше лошо и посветла да имаше, ама ајде. Па ќе пишам како сум задоволна. P.S Ќе ја купев и Perfect Mat на Manhattan, ама ја немаше 70 Vanilla во парфимеријата. Ајт, следен пат.
Читав и пак незнам која од Bourjois беше за нормална кон сува? И да која би ми ја препорачале REVLON или BOURJOIS? Loreal true match Ја има во македонија?
^^ За нормална кон сува од Bourjois ти е Healty Mix-от. Ако имаш таква кожа Bourjois ти е подобар избор од Revlon. И да, True Match од L'Oreal ја има тука.
Со месеци се убедувам да тргнам некој денар на страна за квалитетна пудра, ама не сум за штедење. Сакав да ја земам Revlon ColorStay но не ми се даваат толку пари, а не ми треба ни толку тешка пудра. Неделава што следи, планирам да ја надополнам козметиката, па да не трошам време за џабе барајќи нова пудра, ако можите да ми препорачате некоја за нормална кожа. При крај сум на пубертет, акни немам, освен за време на менструација кога морално е да ми се појави една огромна (по можност на сред чело, меѓу веѓи или кај устата). Ми треба некоја само за да ми прикрие некое мозолче, црвенило и подочњак- стандард! По можност да е матирирана, и со пристапна цена, некаде до 350ден. Веќе една година ја користам на Essence, Soft & natural (03-medium beige), ама во тежок дефицит сум. Мишелке, anyone?
Мама Миа, можеш да ја пробаш оваа на Менхетн од линијата наменета за млада кожа. Штом сакаш мат пудра, мислам дека би ти одговарала, а и тука некаде е со цената, меѓутоа повеќе е наменета за комбинирана кожа. Не верувам дека би имало некоја нус-појава кај нормалната кожа, сепак ти си го знаеш лицето и знаеш што ти треба. Плус штом од оваа на Есенс користиш беж нијанса, ќе си најдеш соодветна и од оваа другава. Мој совет ти е ако ти одговара оваа која моментално ја користиш да не ја менуваш (не ми текнува што пари беше оваа), а некоја со пониска цена не ми текнува. Не би ти ја препорачала Stay matte течната на Римел - поевтина е некои 50-тина денари, добра е колку за изедначување на тенот и покривање минимални недостатоци, не изгледа како маска, меѓутоа по месец и половина користење, стана како водичка во тубичката. Спојлер П.С. Пред некоја година имаше една исто од Есенс, до 300 денари беше, за комбинирана кожа. Jа имам користено, не беше лоша, ама не е до толку мат како што ја претставуваат и кај мене некако лицето си добиваше некој чуден сјај додека сосем да се впие, па после беше ок.
Прашав за пудричево ама никој не ми одговори па ајде сега може ќе имам среќа За каква кожа е, покрива ли, мојава при крај е па гледам оваа доста е намалена па да ја пробам http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 6807_n.jpg
^ Ја немам користено, но ја имам пробано (тестер). Најпрво многу е лесна (на прв добир како вода е ) и не е многу покривна. Не е мат, дава некој природен сјај на кожата. Мислам дека е за сува кожа (јас имам сува и тој ден океј ми се покажа, немав суви делови по лицето и слично), а + и што дава некој дополнителен сјај, па мислам дека никако не е за мрсна кожа. Е сега најглавното, во составот има како мали дискретни светкички, кои кога ќе ја размачкаш по лице по малку и светкаат, па заедно со сјајот што го дава пудрата малце изгледа ко да светкаш цела, ама за летно време не е страшно, баш симпатчно ми изгледа На крај краева ако е толку ефтина земи ја, па ако многу ти свети ќе си ја користиш како вид на хајлајтер Најдов две слики од нет, како изгледа ставена на кожа и размачкана, па размисли си Спојлер
Според сликава не ми делува како пудра али стварно е ефтина 179 денари е намалена во Космо па ќе ја земам ако се погоди добро ако не здравје Фала ти
Јас сум прилично бела и планирам да ја земам на Боржуа е сега ми одговара и 51 и 52 пошто доаѓа лето се мислам да ја земам 52 па ако оксидира да не ми биде многу темна? Ај некој поискусен со пудриве нека пише?
Таа што им оксидира не е твојата, таа е 123 Перфект таа е за мрсна кожа. Хелти миксот и детоксот се за сува, а дали оксидирааат незнам. И јас сум многу бела, 52 ми е супер на пудрите од Буржоа, 51 ми е ептен бела, кај ја бела па и та абела, ептен дух. 52чето е некако подобро според мене. Совет-кога ќе одиш во парфимеријам спореди ги тестерите обавезно, стави на врат или директно малку на чело или на брадата една точка, немој на рака само. Зашто кај секој различно нели е. Еве ги како изгледаат 51 и 52 на слики од нет. Спојлер Ама моево скромно искуство со пудриве ми покажа дека сликите лажат, не е иста бојата на слика него на денска светлина. Исто и на светилка, навечер не изгледа исто како преку ден. Така да најдобро би било да си појдеш и со свои очи да си видиш и пробаш. Инаку за пудрава што оксидира ме замисливте сеа, ќе ја тестирам баш, ќе се сликам одма после нанесување и после 3-4 часа и ќе постирам. Да ми оксидирала т.е сменила боја, сигрна сум дека мајка ми ќе ми кажеше и ќе забележеше.
Хипстер, мала корекција - БиоДитокс е за комбинирана до мрсна кожа. Ја користев цела година додека да преминам на оваа сегашната, има доста потешка структура од Хелти Миксот и поспецифична е, малку леплива додека да се впие целосно и не се размачкува убаво со било каква подлога. Не е за сува, но некоја со нормална кожа најверојатно би можела да ја искомбинира со похидратантна подлога одоздоле. П.С. Кај мене не забележав оксидирање ниту со БиоДитокс, за Хелти Микс не знам.