Eпа Роуз нека ми прости тогаш, јас мислев Био Детоксот е за сува кожа. Значи Хелти Миксот ќе ти биде најпогодена. Инаку има две хелти микс, Healthy Mix foundation и Bourjois healthy mix serum. Пробарај низ темава, некој пишуваше дека имало разлика меѓу нив, само незнам која била подобра.
Ме зачудивте сега со оксидирањето на Буржуа хелти миксот... Јас ја користам веќе долго време, бројче 51 - троа беличко, ама мене ми одговара. Сериозно немам забележано било каква оксидација на пудрата, а и да имало ситуации кога ,,потемнувала'' тие околу мене би ми кажале... најверојатно. Текстура има феноменална, вреди за секој денар и не планирам во скоро време да ја сменувам, нормално ако не најдам некоја подобра, а оваа сега за сега си врши работа и те како. И да не спомнувам каков овошен и прекрасен мирис има, рачунајте автоматски ми се свиѓа. Последниов пат ја земав од ДМ, 700 и нешто денари (750 ми се чини, ич, ич не памтам цени - се ми е измешано), а во Космо се дешавало да ја начекам и поефтино.
Анабелче, не беше дискусијата за Хелти Микс, но те прокупес. Се работеше за оваа пудра. Спојлер И јас како и Хипстер, немам приметено ништо, да имаше некој ваков знак сигурно ќе приметев зашто постојано шлапам кармин и се џарам во огледалцето со надеж дека ќе најдам некоја фалинка да ја „разработам“, па и мајка ми ќе го изјавеше тоа нејзиното познато (и одамна нечуено ) „пак си одбрала потемна нијанса на пудра“. Јас не си се откажувам толку лесно од Боржуа, па до таму да е.
Девојќи ве молам за совет, имам 16 години сакам да купам течна пудра која убаво покрива немам некое лице полни со акни но сепак би сакала убав рамен тен(цената не е проблем).Ви благодарам однапред
Лето иде - весело ќе биде. Лесна пудра или ББ кремче кое ќе дава скромна покривност, нема да растекува на жешко и нема да лепи и да остава отпечатоци на мобилен или врз блузите и маиците на луѓето штом ги гушнеш. ??? Пак ќе кажам, за мрсна и комбинирана кожа една од посолидните пудри е Seventeen Natural Velvet Longlasting. Одлична, и со камената на Римел како си одговараат, меч мејд ин хев'н. И на слики излегува супер, лицето е стакло. Околу 600-630 ден. ма супер пудра за тој буџет.
После толку двоумење за која камена пудра да ја земам, не купив камена, туку пудра во прав Земав translucent зошто сакам само да ми ја фиксира пудрата, дополнителна боја не ми треба. Ја земав на Сефора Smoothing Translucent Setting Powder. Презадоволна сум, убаво легнува на лицето, не се познава воопшто, убаво ја фиксира пудрата, не и' ја менува бојата и дава мат финиш. Лицево на 32 степени и на цел ден шетање надвор на сонце не ми светна цели 9 часа, што е и повеќе од задоволително. Штета што ја нема кај нас, одлична е. Инаку, ова беше најевтината пудра во прав во цела парфимерија, затоа ја купив Многу убави производи имаат Сефора, малку соленки со цени, ама сепак не се прескапи. Да би ги имало кај нас, би можела да си дозволам по нешто од време на време Конкретно пудрава чини 15 евра отприлика (цената и' беше во локална валута, ама толку е во евра горе-долу)
Може да ми препорачате некоја течна пудра, ДОБРО ПОКРИВНА, за СУВА кожа..? Ја имам Ревлон ама не ми е нешто посебно добра.. а 800 ден. ја платив, за џабе..
Ја користи некој пудрава или слабо? Јас пробав во парфимерија на рака чисто онака и на прв поглед ми се чини како добра. Одлично се прилагодува на тенот, дури и воопшто не се познава дека е ставено пудра. Е сега доколку има некој искуство со неа, ме интересира каква е во однос на трајност и тие работи.
Моментално ја користам и сум презадоволна од неа лесна е, добро покрива, наменета е за помлада кожа и околу 250 денари е.
Девојки во јуни сум на свадба и уште сега си одвоив буџет за квалитетна пудра, се решив за Revlon, colorstay. Чини некаде околу 800 ден. Па би сакале да ми дадете ваши совети, дали ми дала добра покриеност (инаку немам многу прблематично лице), времето ке е прилично топло - да не се растече, дали изгледа убаво кога ке се нанесе и колку време би била фиксирана. Фала ви однапред.
Незнам дали некој ја има пробано пудрава, ама јас морам, ќе имам грижа на совест ако не ја пофалам до небо! Значи пудрата ми ја препорача една другарка која работи во парфимерија, ми ја препорача оваа и таа една за против стареење-брчки исто на Максфактор, и бев кај неа некња и си ја ставив на лице 3во 1, за таа се одлучив, колку да видам дали ќе ми одговара. Ја ставив најтемната (или претпоследната нијанса, не памтам) , а имам не толку темно лице, natural beige или 52ка на Боржуа ми се совршени за тенот, а оваа пудра пошто има прилично нежни и светли нијанси, дури најтемната(претпоследната) ми лежеше совршено. Да напоменам, често знам една нијанса потемна пудра да ставам, едноставно така најмногу си го сакам лицето. Пудрава има посветли нијанси. Со дечко ми шетавме цел ден низ Скопје, почна да врне, па седнавме на ручек, па до дома пешки по влажно време, пудрата блескаше на мене цел ден!!! Јас незнам дали конечно ја најдив совршената пудра(го кажувам воа само да не се подречам, верувам дека воа е совршената пудра!), ама е дефинитiвно една од подобрите што моето лице ги видело. 840 денари е.
А јас да се пофалам пак, дека Ревлон 320, сега откако си фатив боичка ми е супер! Се жалев дека ми е темна, но сончање малце, 2 пати солариумче и таман си е.
Прочитав гооолем дел од темава и сега се мислам помеѓу ревлон colorstay и лореал infallible а имам комбинирана кожа мрсна на Т-зоната, па ме интересира од тие што стално ги купувате , бидејки забележав низ коментарите различни цени , знаете ли каде се најевтини ?
Таман што се одлучив да ја купам класичната менхетн, читам тука се негативни коментари дека од неа се појавувале лишаи, а мојава кожа е ептен мрсна. Ми треба некоја мат пудра се двоумев измеѓу менхетн и макс фактор совет
јас имам мрсна кожа и супер ми се погоди пудрата на Менхетен , многу е покривна но дефинитивно не е за преку ден , потешка е пудрата и зе вечерни излегувања би била идеална барем за моето лице зборам пробај ја мислам дека и ти ке бидеш задоволна.