Менхетен црната е за многу мрсна кожа. Јас со години ја користам и тоа за мене е најдобрата пудра за мрсна кожа што постои. Користам и други пудри, ама Менхетен секогаш ја имам во несесер, незаменлива ми е. Мене никогаш не ми направила лишаи, напротив - совршено ми лежи на лицето и ми го прави како фотошопирано Тешка пудра е, за преку ден не би ја препорачала, ама за вечерни излегувања е совршена. Ако имаш многу мрсна кожа, мене ми е многу неверојатно дека ќе ти направи лишаи. Сигурно на комбинирана кожа која има и суви делови, на нормална и не дај Боже на сува кожа ќе направи лишаи бидејќи не е наменета за таков тип на кожа, но на мрсна не верувам. Во овие 7-8 години откако ја користам, лишаи никогаш не ми направила. Така што моето искуство со Менхетен е прекрасно и ти ја препорачувам. Само стави подлога (крема) пред да ја нанесеш и немаш гајле Не ти треба ни камена/пудра во прав одозгора, Менхетенот е доволно прашкаста и сува и го одржува лицето мат цел ден
А женски,што би одбрале вие помеѓу Мејбелин афинитон минерал и Максфактор Фејс Финити ? Која е попокривна ?
Максфактор е попокривна барем јас така мислам.Ама е тешка пудра,ако немаш многу нечисто лице не би то ја препорачала. Мејбелин има солидна покривност.Мислам јас сум задоволна од неа,ми ги покрива пеѓиве.
Максфактор е попокривна. Таа ти е 3 во 1, не само пудра, и мене лично многу ми одговара. Покривна е и предобро стои, и тоа долго и долго. Не ти треба коректор со максфакторот. Топло, најтопло ти ја препорачувам.
Мислам дека сум досадна ... М? Ама гледам дека секоја е по потрага на добра пудра ... Кажувам ... инвестирајте во Vichy пудрите, нема да згрешите!
Најдобра што ја имам пробано! Имам мрсна/комбинирана кожа склона кон акни, оваа покрива се и мрснотијата не избива на челото како порано! 800 денари е од космо. Ја има и за сува кожа. Единствена мана и е што не е со пумпица како другите пудри па ја нанесувам со четка. Топло препорачувам!
луѓе ми треба совет за пудра... сакам некоја што е лесна што лицето го праи да изгледа природно.... немора некоја не знам каква покриеност али да покрива малце... имам сува кожа и цената да биде максимум до 500 денари.. али битно ми е да ми го измазни лицето и црвенило да покрива.?
Дали Ревлон пудрите ги има во Зегин? И јас ја земав Ревлон 320 и многу ми се чини темна, претходно ја имав 180, сега сакав пак таа да ја земам, па да ги мешам заедно.Дали ја има Ревлон во Зегин?
Конечно и јас да ја пофалам пудрата 123 perfect на буржоа, дефинитивно е преубава,ми дава природен изглед на лицето и не ми свети лицето може малце после 9часа а ако ја фиксирам со камена пудра нема гајле до 12 ч ако не и повеке до феминката што ми ја прпорача
за матура решив да ме шминка блиска пријателка и сакам да купам квалитетна ии покривна пудра бидејќи имам големи подочнаци такви црни ко дупки сакам стварно асална пудра се мислам меѓу ревлон или макс фактор 3in 1 совет?
Ниту една од овие пудри немам користено, но добро би било да си земеш коректор (посветол од твојот тен) за подочнаците
Досега ниту еден што сум користела не ми помогнал....ако некој знае и имал искуство слободно нека каже затоа што се мрднав веќе со пудри и чуда,нејкам да фрлам пари за џабе
Епа и така никој не ми одговори дирекно... Ке те послушам и ке си ја купам. Се надевам нема да ми се растече и ке ми трае цел ден на свадба во Јуни!!!
Ревлонот со сигурност ќе ти стои цела вечер без да мрдне и да се растече. Јас за матура бев шминкана со ревлон, лицето ми беше стакло и издржа цела вечер и цело сабајле без да се избрише некаде. Негативност е што на слики излегува малку бледа во лицето. Задолжително е да ставиш коректор пред да нанесеш пудра, а ако имаш потреба и врз пудрата можеш да си нанесеш коректор. За да се фиксира убаво пудрата ако имаш мрсно лице нанеси камена пудра, а ако ти е по сува кожата нанеси пудра во прав. Ќе имаш беспрекорен изглед.
каметана на дебора ја имам и мене ми е супер..јас преку ден и за во школо зашто несакам да се шминка со пудри ова она..ставам малку од камената колку да ми ги прикрие црвенилата и супер ми е..убаво изгледа и без течна..прекрива одлично..само со камената ми се губат сите црвенила и не ми доаѓаат до израз толку мозолчињата..за искачање навечер обично ставам и камена и течна..коректор не ни користам,немам потреба