Пробај со коректорот на miss sporty во стикче е плава опаковка, има смешна цена 80 ден, ама ти гарантирам дека е покривен
Имам пробано секаков вид на пудри, секакви марки и како најзадоволна до сега сум од течната пудра на Макс Фактор - Колор Адапт. Оваа пудра е за нормално до масно лице , слична и е структура како на пудрата од Менхетен но сепак е малку потечна и може и за преку ден. Јас сум задоволна од пудрата и еве како две години не ја менувам... Сега сум во план за лето да купам и камена пудра само колку да ја фиксира течната пудра да не се растечува од потоплите температури. Некој предлог за камена пудра кој дава природен изглед на лицето , а сепак покрива ? Добра е пудрава, многу покрива но се познава многу преку ден .
Ве молам кој знае нешто да ми каже за пудрава? Ја имам користено Time Plus порано но многу ми светеше лицето, да не е слична и оваа па да се зезнам ?
^ Oваа е измислена за мрсна кожа. Значи ако имаш мрсна кожа, или евентуално комбинирана, пробај ја - утка не правиш. А зошто прво не ја пробаш на тестерче, да видиш како ќе ти биде лицето со неа, па да се вратиш да ја земеш? И лесна, доста покривна структура има.
Денеска бев до Космо и пробав повторно неколку , за ревлонот секогаш ме разубедуваат таму дека не е за млада кожа , дека е тешка за неа , па ме замислија .. јас имам скоро 20 години , не знам сега дотолку ли не одговара за моите години? јас сепак решив да ја купам и после пола саат мислење излезе дека ја немаат моментално таа нијанса па утре или прекутре ке одам повторно да си ја земам
Јас ја користам неколку години и сум презадоволна! Ревлонот според моето искуство е најпокривна пудра посебно за проблематично лице. Јас ја купувам од Зегин (на Партизанска-кај Буњаковец), мислам дека беше 690 денари.
Дали може збор два за пудрата од Catherine Arley foundation со црвено капаче. Колку е покривна, дали е за мрсна кожа и колку сати трае на лицето? Планирам да си ја купам, ми се виде евтина препорака за мат пудра освен manhattan i max factor.
Дали некој ја има користено течната пудра на Флормар, да ми каже дали е добра, се мислам меѓу неа и на Мanhattan perfect mat, досега ги немам користено.Иначе имам мрсно лице и многууу проблематично со бубулици, особено во пределот на брадата, затоа ми треба некоја добра пудра што ќе ми покрива колку - толку Фала ви однапред, поздрав.
True Match има убава текстура но не можев да си ја погодам бојата. И ако добро памтам, доста е течна и не е покривна. Сепак, во глобала и не бев нешто воодушевена од неа. За Infallible имам пофални зборови. Ја користев зимава, средно покривна и се задржува долго. Супер е, но не би ја опишала како лесна пудра, па затоа за пролетва ја сменив. Со Lumi немам искуство освен со ова: Спојлер Убаво е и лесна формува има, така да претпоставувам дека и течната пудра ќе биде тука некаде. Во моментов ја користам оваа: Спојлер Славната, прочуена и прекрасна Healthy mix. Ја обожавам. Многу е лесна и таман е за пролет и лето. Само што не е воопшто покривна, па ако ви треба за таа намена, не е баш за вас. Ако не е ништо сериозно, со малку коректор одоздола се ќе се среди. И уште една пудра, што не можам без неа: Спојлер Предобра е, како ништо да не сум ставила а сепак го изедначува тенот и е сосема доволно покривна. Ја обожавам. Плус со СПФ 15 е.
Повеќето критики се за пудри кои и одговараат на мрсна кожа. Има ли некој за сува кожа да каже нешто, да пофали пудра што би и одговарала на овој тип кожа?
Да, комбинирана кожа имам, и не ми треба да е покривна, немам проблеми со кожата ама баш ќе ја пробам и оваа па ќе кажам
По правило пудрава е за нормална - мрсна кожа, пошто е мат, ама јас имам сува кожа (освен на Т-зоната), си ставам кремче прво па пудрава, и мене перфектно ми леже. Е ај сега де Нема правило според мене.
Aнушке, си ме спасила за бојата на пудрава. Се на промоција во Космо со камена за 840 и ја меркам долго време, да ја земам, и ја земав најсветлата. И пробав на тестер, абре бела-креч. И ми текна на твојот пост, дека си се чудела како може да си ја земала најтемната, и баш си помислив да разгледам да не се зафркнам. Ама 45 е креч-бела ни на жолто ни на розево мава, никаква. И среќа и продавачката истот ми го кажа, лето иде, како и да е, колку и да си бела, оваа ти е секако пребела, земи ја најтемната, измеѓу тие некако ми беа чудни. Никогаш во живот не сум земала најтемна пудра,ама оваа колекција е за многу бел тен, како црнец се почувстував Убава е пудрава, лесна кремаста, брзо се размачкува, мека е многу. Башка за 840 заедно со камена, е навистина ефтино. А камената на максфактор мене не ми е за фрлање. +
Шо зборуиш бе? Со камена заедно 840?? Џаблк! До кога трае промоцијата, кажи до вторник, до вторник.... My nigger girl