Абе денес бев сабајле, вајда трае до крај на месецов, зашто ја има и во каталогот. Јас ја земав во Космо во Гтц она малоно, ама изненадува, чесно има некои работи што големите ги немаат. 75ки има најмногу, скоро секоја трета е 75. Ќе ги видиш во кутија спаковани од лева страна скроз најдоле одма карши штандот на Буржоа, кај што е вратата од магацинот. Имаше уште 5-6 кутии. Во големото Космо до Принц може има повеќе. Камената кај сите е 5ка, тамн е средно бела. За 840 ептен се исплати. Претходниот месец беше со маскара 2000 калории, ама многу брзо се потроши Забораив да напоменам дека попустве важат само со космо клуб картичката. Ако ја немате се вади на лице место, 40 денари е и со неа ете ској месец има нешт на попуст.
Мацка беше во право,стварно оксидирала бојата на Буржоа 123 Перфект. Сега ја почнав новата а од старата имам ептен малку, и новава е побела. Не е некоја огромна разлика ама се познава. Да не ставев од новата врз старата, немаше да приметам дека има разлика, зашто не се приметува многу. Ма да мене повеќе ми се свија вака оксидрана, не сакам да сум толку бела. Ја оставам на страна до есен нека мирува нека смени боја малку. ББ кремата ќе си ја трошам и новата на Максфактор, ептен ми се свија како изледа на лице, потемна е тамн за летово.
^ Хипстер, мене ситуацијава ми мириса дека во пудрата нешто е сменето. Мојата е купена одамна, може од пред Нова година. Од тогаш немам купено нова пудра, а се изначитав во темава коментари дека оксидира. Баш се гледав во огледало пред некоја недела кога дискутиравме, пред и после предавања (речиси повеќе од шест саати имаше изминато) и немаше промени. Со старата и кај тебе се' е во ред како што разбрав, нели? При крај ми е и ќе си набавам прво тестер да не случајно многу ми се познава иако се сомневам, ама мамето нивно, сакаат да ја уништат единствената пудра која ми одговара нај нај. Ќе си се префрлам на БиоДитокс бе, мамето мамино. Некоја прашуваше за пудрата на Лореал, онаа мат (а и' должам и мини-излагање на Трендафилка)... така нешто беше, во розова тубичка. Ја имам, нијансата light sand и првото што ми падна на памет кога ја нанесував беше - копија на црната (клета) Менхетн! Сепак, доста полесна е од неа, не ја чувствувам на лице како маска, добра е на покривност, ама ќе се согласам со феминката која рече дека доста се познава, посебно на дневна светлина ако си се запулите подетално. Не ми прави ќеф нијансата, најпрвата ми беше пресветла и бев мали Каспер, бежовата ми е претемна, оваа ми дели минимално, колку да ми паѓа нешто во очи за да се понервирам малку, ама не е некоја болка за умирачка, нели де. Солидна покривност, солидна трајност, ако ме зезнат овие Боржуа - си барам оштета и се префрлам на оваа. За инает. П.С. Трендафилке, убави слики се вадат со пудрава, мислам, се разбираме - нема Каспер д френдли гоуст ефект. Изгледа конечно ќе си ја сменам профилната на социлајнава мрежа.
Да да старата си е супер, само оваа е побела него старата. Али толку нема веќе, гребам од ѕидот веќе неколку пати, одвај ни до пола неможам да се нашминкам. Таа е купена лани, новава пред месец дена. Вака нема разлика од шише, ама на лице има разлика, побела е некако. Можда смениле, а можда и стварно оксидира, али не е иста бојата, новава мава на бело, другата на розеникаво, природна боја. Не знам што да кажам, тоа е тоа, битно и најдов земена и повеќе од одлична е новава на Максфактор, каде каде полесна на лице него старите паштети.
Чекајте сега пријателки, ме збунивте. Јас ги имам трите од Буржуа, хелти миксот, flower perfection и 123 perfect. Хелти миксот ми е најнајпогодена по текстура ама дефинитивно не е за мрсно лице како моево, и светам мајку му на километар само со неа, па ради тоа на одредени делови ставам од 123 прфект, за да колку толку се тргне сјајчето. Flower perfection ја имам веќе одамна, ама нијансата ми е утната и си стои така. Имам апла мрсно лице, да ја земам оваа на Макс Фактор од Анушка и Хипстер или њет, шта кажете? Ме мрзи да одам да ја пробам прво на тестер.
^ Прво пробај си ја, зашто ете таа мене не ми одговара, немам поим зошто и како. Убава текстура, лесна, полумат ми се чини, ама пребрзо светнувам на мрсните делови, само на образите ми е така подобра. Хелти миксот е за сува, овие другите две ти се океј. Почни си „терапија“ сончање на тераса Анабелке, да видиш како ќе ти легне нијансата на Флауер перфекшн-от (ако е потемна, нели де).
^ Зависи од тоа колку мрсно лице имаш. Ма да Максфакротов е солидна, нема да светнеш во првите 5-6 часа. Мислам дека 123 е најдобра за ептен мрсна кожа, ама ептен. Која и да ја земеш нема да утнеш. Само имај предвид дека бројчињата на Максфаторот се пресветли, мораш убаво да ставиш на брада за да споредиш која највеќе ти одговара. Хелти миксот не е ич за мрсно лице, баш суво е Не ја користи, џабе што е убава кога не ти одговара на типот на кожата. Пробај во космо за 840 ја имаш комбинацијата од камена+течна на максфактор. За тие пари е предобро. Текстурава на оваа максфакторот е помазна, лесно се размачкува и не се суши толку брзо како 123,остава простор поубаво да се размачка. Убави бројиња за светла кожа. 85 кај нас ја нема, а од 35-55 е мала разликата.
Се враќам на темава со рецензии од Макс Факторот, ја пробав на тестерче, убаво се изнашлакав на цело лице - и белив ит ор нот, и јас одма светнав на мрсните делови, и многу ми е криво затоа што има прекрасна стуктура, баш како што вика Хипстер - лесно се размачкува и не така одма, за да поубаво се размачка нели насекаде. И не е паштетеста, него е многу лесна пудра по структура. Мене т-зоната најмногу ми страдаше во случајов, а и образите, имав на тие места мини рефлекторчиња. Ама затоа кај другарка ми пудрава и ,,пасува'' како никоја друга. Има нормална кожа, може и затоа така добро и ,,стоеше''. Тоа е, јас останувам тогаш на 123 прфект, сега и во вечни векови, амин.
Ако има некој да пише коментар за Минералната пудра на Ардеко. Сакав да ја купам, ама во Unique имаше само една нијанса 8-ца и беше претемна, а и ме интересира ако има некој да ја искоментира http://3.bp.blogspot.com/-2Y20JRPzxtM/T ... MG5800.jpg
^ Иста ситуација сум и јас Анабела, чекав и да се впие, па и да поминат пола саат или саат, ама ништо. И некако ми се чини дека ми направи повеќе црнки на брадата, ама од неколку пати ставање - не би можела да го потврдам ова со сигурност. Да беше малку повеќе мат, ќе беше одлична, дури и покривноста според мене е на доста високо ниво. Инаку, минералната на Артдеко мене лично ми е супер, ама прескапа ми е. Јас ставам само обична крема и со кабуки-четка нанесувам. Се топи на лицето, лесна е и трајна. Може да правите комбинација од тонирана крема, па пудрава или пак обична крема за подлога и оваа одозгора. Убавото е тоа што ако не ви покрие добро од прва, можете да нанесете повторно на критичните места - не изгледа тортесто и слоевито како со течните пудри. За светнувањето на критичните зони кај оние со мрсна кожа не би можела да коментирам, зашто ја немам пробано без камена. Секогаш нанесувам, иако можеби со ваквите пудри нема потреба, ама навика ми стана.
Max Factor All Day Flawless 3-IN-1 со Буржоа 123 за не светнување не може да се носи, но не е лоша, мне не ми светнува толку брзо. На челото малку после неколу часа, ама ништо страшно. Бојата и текстурата ми се свијаат, природни нијанси и ептен природен изглед дава. Акцент на тоа ставам.
Ги изначитав последниве страни и искрено читам само пудри за мрсна кожа...Јас искрено никако да си ја најдам совршената... Ете ќе ставам моја слика за тоа како ми изгледа кожата ... Некој совет :?
Совет: не ти треба пудра...или, било која пудра што не е многу покривна би ти одговарала. Земи си некоја од поефтините.
Знам дека не ми треба..ама знаеш сепак кога имаш ставено изгледаш поубаво...Проблемот е во тоа што имам нормална кон сува кожа и неможам да си најдам некоја што ќе ми дава природен изглед, а вооедно да не е многу тешка
А да си земеш ББ крема? Јас имам сува кожа и ја имам таа на Граниер во подебелата тубичка. Затоа што е полесна и дава сјај јас и ставам камена одозгора и руменило (и двете ми се на Есенс) и така ми стои и до 5 саати со некој природен изглед.
Презадоволна сум од минералната на Артдеко. Имам сува кожа и на повисоки температури несакам да нанесувам многу пудра, па само со крема и со минералната одлично си поминувам. Со голема четка за пудра во прав ја нанесувам, само со такви четки може да се нанесе рамномерно, никако со сунгерче. Цел ден си стои на лице без да мрдне, да се излупи или слично. Само стварно е скапа, 1150 денари ја имам земено јас од Космо, нијансата ми е 2ка. Провери си да не имаат повеќе нијанси. И ако можеш пиши ми која цена е во Јуник
Имам мрсно и проблематично лице и доста бубалици во пределот на устата, мн. светол тен. Пред некој ден ја купив пудрата на Буржоа флоуер перфекшн 52 и сум прееезадоволна поскапа е 860 ама дефинитивно вреде за парите , мн добро покрива и долго стое препорачувам ја дефинитивно
miljkovic, имаш убаво и чисто лице, да не ти треба којзнае каква паштета(тешка пудра) Али според мене пудра не се става само ако имаш неубаво лице, туку како заштита од надворешниве влијанија, и сега пудриве содржат и фактор за сонце, така да се покорисни. За сува имаше препораки, пиши на пребaрувачот горе сува кожа ќе ти излезат многу постови само за сува. Предлози во спојлер, што може да ти користи. Спојлер Healthy Mix foundation- за нормална кон сува, цена 800 и некој денар. True Match од L'Oreal e за нормална кожа, повеќе одговара за сува или нормална него за мрсна, ја имам пробано убава текстура има, ама исто чини околу 800 денари, "Мaybelline affinitone mineral исто за сува кожа. (мислам дека е околу 600, ама не сум сигурна) Римелот Lasting Finish- 300 и некој денар Од Менхетен овие две- Римел ластигн финиш(околу 600денари мислам дека е) И од ББ кремите ако сакаш, оваа на гарниер, ако јас не сум ич задоволна од кремава, но може оваа за сува кожа е подобра. Цена 300-400 денари. Од секоја бренд скоро има пудри за нормална до сува кожа, не се ограничувај само на овие. Гледам и ти си беличка, потешко е да се најде правата бела нијанса што не е пребела а не е ни темна, отколку да си ја најдеш правата пудра, барем јас уште мачам мака со нијанси зашто тешко има убава бела а не пребела. Се надевам дека ти помогнав барем малку
Не ми е целото во пределот на устата имам бубалици , за покривноста ако мислеш јас сум задоволна и тоа многу