Пишав претходно ја користев Римел лас.финиш 300,при крај ми е и сакам да сменам па би ви била благодарна ако ми препорачете некоја со средна покривност лесна за летово инаку имам нормална кожа само челото малку ми светка до 400-500 денари да е
Многу време наназад ја користам Manhattan пудрата! Доста е покрвна ама многу е тешка и не ја сакам за во лето! Секое лето велам дека ќе ја променам ама никако да се кандисам да одберам нешто што ќе ми одоговара!
Девојки што мислите за Мејбелајн пудрите, добри ли се? Ги користи ли некоја од вас...сакам да ја пробам, ама да не си направам некој проблем со кожата...фала ви однапред мои феминки
Порано ја користев импала тогаш ми беше баш погодена оти имав проблеми со мозолки и акни Али по долго време ако се користи истата пудра после станува грда барем во мојот случај беше така сега си користам виши пудра и сега за сега ми е нумер 1 преубава е и после кога се мија лицето останува нежно и влажно
Во последно време не ми покрива доволно пудрата што ја користам, често ми се мрси лицето на челото, и одма се бриши. Значи користам Debrah 24 Peerfect и камена пудра од Deborah. Не знам што да земам за поголема покривност во текот на летово. Препорачајте ми некоја пудра со не многу солена цена.
Људи,ја вчера си ја купив Макс Факторот со камена гратис. Девојката во Космо ми рече дека не покрива баш убаво,и во право беше. Не покрива онака да те направи пластична,туку покрива ептен истакнати недостатоци и баш го прави лицето природно и не е тешка. Плус,нема ограничување за возраста,и нијансите никогаш не ми биле по погодени.Течната е Sand 60,а камената е 05 translucent. Лицево ми е баш какво што сакав ! Без недостатоци,а сепак не како пластика.Презадоволна сум ! А и оваа каменава се совпаѓа и со Ластинг Финишот на Римел(уште малце ми остана од таа),па така да се на се е супер
еве јас да ти одговорам значи ја имам користено оваа пудра , не ми направи нешто на кожата никаков проблем , туку ја згрешив нијансата , земав потемна од што треба и ја баталив ете ја цела стои во фиоката а и за покривање ако имаш чисто лице е ок но ако имаш акни и некои др. недостатоци не е баш покривна а да не заборавам дека оваа пудра е за мрсно лице потоа земав оваа камена пудра демек нова во продажба па ајде да пробам и сум презадоволна , покрива совршено и не се осеќа на лицето но проблемот ми е само што остава траги каде ке се допреш со лицето а незнам дали постои пудра која што не остава траги некаде така да за течна пудра , јас би ти препорачала Буржуа или пак ако сакаш нешто поевтино , Менхетен
Ај јас уште еднаш да прашам, т.е. да си потврдам Буржоа Flower Perfection беше за масна кожа, така? Сакам да си ја земам, на акција е моментално во Космо и е 654 денари (намалена од 850), а акцијата трае до крајот на мај, па затоа ми се брза. Читав тука многу пофалби за неа, ама пошто многу се спомнуваа пудрите на Буржоа, па викам да не сум ги помешала. Значи од Буржоа пудрите Flower Perfection и 123 Perfect беа за масна кожа, така? Јас на Flower Perfection и' се намерачив, зошто како што паметам од некои претходни постови, структурата и' е помат од 123 Perfect, а и малку попокривна е. Многу ги мешам Flower Perfection сo Healthy Mix, не знам зошто, а оваа вторава беше за сува кожа, зар не? Мене за првата ме интересира дали сигурно е за масна кожа, да не направам белја Мишела вака-така ме убеди Буржоа да ги пробам Мислам, јас од мојот Holy Grail (а нејзе толку омразен ) Менхетен не се откажувам, ама ќе и' се вратам на есен, кога ќе подзалади
Да , Буржуа 123 и Flower Perfection се за мрсна кожа Јас ја користам моментално 123 Перфект и сум задоволна но кога ке ми се потроши оваа Flower Perfection сакам да ја пробам за оваа сум прочитала дека е мат па би те замолила кога ке ја испробаш да ми кажеш како ке си задоволна од неа
И BioDetox е за комбинирана и мрсна кожа, ама малку е чудна и не знам колку би ти одговарала, затоа оди на сигурна варијанта и земи ја Флауер перфекшн, сигурна сум дека нема да погрешиш. Не би да ја препорачувам, специфична структура има, а за моето лице се покажа дури и повеќе од одлична, само што дури и 123 Перфект е попокривна од неа, значи доста слаба е во однос на покривноста. Мислам дека си направила убав избор со Флауер-от, па те очекувам да се испозаљубиш во Боржуа како тинејџерка од деведесеттите во Леонардо ди Каприо. Па ќе видиш зошто си пекам по пудриве.
Бидејки гледам дека пишувате за Flower Perfection и некој ја спомна и Healthy Mix, да ви кажам мое мислење. Healthy Mix е супер пудра, јас ја користев заедно со камената, за камената не ви ја препорачувам многу на секој, особено за тие што имаат осетлива кожа. На сестра ми лицето и’ се исфрли целото со ситни бубулици, отиде во Космо да се рапсраша и и’ кажаа дека им се имаат пожалено доста девојки за истата пудра. За течната немам никакви замерки, одлична ми беше мене и камената, но ризикував, сепак не ја препорачувам. За мене, Flower Perfection е подобра од течната Healthy Mix зошто повеќе покрива и мислам дека има подобар мат ефект. Flower Perfection ја земав 830ден. од Космо, и о-д-л-и-ч-н-а е. Значи незнам точно дали имам масна кожа, но мене оваа пудра ми покриваше се’ што сакав на лицето и + беше мат-без сјај и одлично ми се погоди бојата. Моментално го користам второто шишенце, иако искрено во последно време пробувам кога не е морално да ставам пудра,да ја заменам со ББ крем бидејки до некаде покрива, а има поздрав состав од пудрата. Сеедно, јас топло ја препорачувам Flower Perfection.
Јас пробував тестери од Flower Perfection, Healty mix и 123.. И да ви кажам дека само 123 ми стоеше цел ден и не ми го мрсеше лицето дополнително. А, другите две ми го мрсеа лицето уште повеќе.. Незнам зошто така
Епа зашто Хелти Микс ти е за сува кожа. И серумот и пудрата хелти микс се за сува, и не ми е јасно зашто постои хелти микс камена пудра кога на сувата кожа најмалку што и треба е камена пудра Толку е, 5 пудри има буржоа, другите се наменети за мрсна кожа, јас не ги имам пробано поради тоа што си имам сува кожа, али хелти миксот посебно таа новата што излезе како замена за онаа со црната пумпичка е предобра за сува кожа!
Јас сакам пудри со просечна покривност и затоа што имам сува кожа стварно ми е тешко да одредам од која имам најдобар ефект. Од сите брендови, според вас која е најпогодна за екстремно сува кожа?
Мислам дека е за нормална кожа, сестра ми ја користеше и беше задоволна. Не е тешка пудра а е доволно покривна .
Ми треба добра пудра па некој што се бави професионално со шминка да ми препорача некоја што може да се најде во МК, исто и за хајлајтер течен или било како само да има добар ефект поз
И јас да ја пофалам Ревлон за комбинирана до мрсна кожа , по долго размислуање ја купив и пријатно сум изненадена , одлична покривност и не се мрси Т-зоната воопшто , па сега немам ни потреба од камена пудра , ја препорачувам за сите што сакаат голема покривност , фиксираност и кои имаат проблеми со мрсна кожа
Што мислите, дали би било во ред секојдневно да се користи ревлонот колор стеј, дека важи за потешка пудра па дали е препорачливо за секој ден или само за вечерни излегувања и посебни пригоди? се плашам од некој контра-ефект..