Хајлајтер нема кај нас, можиш само да си го порачаш од странство, зборам за добрите што се бренд. Се скапи, ама вреде секој денар. Моја следна инвестиција е хајлајтер, се штеди за него моментално и од Италија ќе ми го донесат. Јас сакам да прашам, пошто деновиве параноја имам со брчките, не дека ги имам, мислам на 22 години колку можиш да имаш, ама сепак превентивно, пошто мајка ми има, не многу, ама тие што ги има околу очи и устата се доста длабоки и не сакам јас така. Таа ставаше и ноќни и дневни кремови нонстоп, и тоа скапи, ама џабе, само лицето сјај и доби, и се измазни, а брчките не, и затоа јас од страв пошто навистина имам линиии околу уста и неколку линии кај очите, сепак нормално е, ама имам пресува кожа, а сувата кожа е најмногу склона кон брчки, така да сакам сега да купам пудра преку лето што ќе ме штити и што максимално ќе му дава хидрација на лицето, и секако превентивно за спречување на брчки. Што ќе кажете за оваа пудра, ми ја препорачаа вчера во повеќе парфимерии, но јас сакам да знам, дали некоја знае возрасна граница за користење на оваа пудра? Јас планирав да ја купам пудрата на Вичи за сува кожа (рај, рај рај е) ама сега сепак ме заслепи и оваа која стрикно се нагласува за против брчки и мазнење на лице. А у случај па да и вие знаете за добра квалитетна пудра поврзано со ова што пишав, слободно пишете, чекам јас.
^ Анушка, пудрава е многу убава. Јас ја имам користено, имам сува кожа и ептен супер м и беше. Прво, многу убаво мириса, освежително, го нема оној пудрест мирис. Има средна покривност (покрива, црвенило и дамки, а изгледа многу природно) и многу е лесна на лице. За некои ептен проблематични црвенила ако имаш, ќе ја користиш во комбинација со коректор, бидејќи нема највисока покривност. Мене во парфимерија ми кажаа дека е за зрела кожа над 30 години, (ако добро памтам мислам дека ми рекоа за над 30 години) ама јас пак би си ја купила без оглед на тоа. Цената е околу 800 и нешто денари, ама според мене вреди.
Читам доста ги фалите 123 и Flower Perfection и знам дека наназад имате објаснувано за нив, но сакав да прашам дали се погодни за преку ден? Имам чисто лице, ми треба само за изедначување на тенот, па не треба нешто многу да покрива и затоа ми е страв на дневна светлина да не изгледаат паштетасто на лице. Имам комбинирана кожа и очајно ми треба нешто да ми се изгуби сјајот на Т-зоната, а не сакам да користам камена пудра. Дали постои некој друг производ што може да го регулира сјајот, Неутрогена пример? И како бре си ја бирате нијансата, без да утнете? Јас пробав различни бројчиња од двете на раката и двете ми се чинеше дека одговараат . Нешто измеѓу сум, ниту премногу бела, ниту црна. Знам дека отупев и ако не ме сфативте, ќе си пишам пак .
Ми треба нова пудра, па се мислев за Ревлон. Влегов во парфимерија, пробав на рака нијанса и покривност, имам неколку флеки на едната рака и не покри ама баш ништо. Истата покривност на флеката ја добив со ББ кремата на Есенс. Се разочарав, сакам некоја пудра баш со убава покривност, убаво да излегува на фотографии, затоа што планирам да ја користам само за такви намени. Нема врска цена, секако ќе трае и трае, добар предлог ве молам.
Libera, јас одамна веќе 123 Перфект си ја користам и за дневни и за ноќни излегувања, со повремени паузи, меѓутоа уште не сум ја сменила. Нијансите се повеке светли, па така некако и даваат природен изглед, го нема тој апла изглед на слоевито лице и паштетеста структура. Буквално се топи со кожата на лицето и мене со малку камена за фиксирање ми е мелем. За флауер перфекшн не би коментирала, мене не ми беше толку по мерак, ама сепак е супер-солидна и има нешто подобра покривност од оваа другава. Ако не сакаш да користиш камена пудра, можеш да ставиш некоја подлога одоздоле строго со матирачки ефект. Јас моментално ја имам кремата на Нивеа, одлично се покажува барем за сега. Меѓутоа, проблемот со мрсниот сјај е најистакнат кога е потопло, кожата си се поти, се лачи себум итн. и затоа мислам дека тешко е да се спречи појавувањето на мрсниот сјај само со крема или подлога. НО, секое лице е различно, ете ти имаш комбинирана кожа па можеби кај тебе би успеало, мојата е доста мрсна и никако не би можела да се извадам со оваа опција. Обезбеди си некоја поасална крема и пробај, ако ти одговара кремата - во предност си, дури и да не се задржува мат-ефектот долго време. А пудрата, за да не ја утнете нијансата, нанесувајте ја на виличната коска, на границата меѓу вратот и делот од брадата/вилицата, како и да е. Така најубаво ќе видите дали и колку ви дели нанесената нијанса од пудрата. Мене секогаш ми успева на внатрешниот дел од дланката, ама ако веќе ептен не можете да погодите нијанса, виличната коска ви е сигурна варијанта.
Marama,баш ме зачуди за Ревлонот дека не е покривна.Мене ми е најпокривна од сите што сум ги користела,а сум ги сменила скоро сите .Сестра ми има црвенило на лицето и само Менхенетен и Ревлонот и ги покриваат,така да можеш и Менхетен да ја пробаш.Сестра ми има суво лице,ама ја користи за комбинирана кожа зошто вели не и е истата текстура таа за сува не и одговара.Само пред нанесување да си ставиш крема да се впие убаво во кожата.
Марамке, 123 перфект на Буржуа! Има страшен мат финиш што е топ за овој топол период, не светиш ич, огромна покривност - за мене е бр 1 пудра, не се примерува дека имаш пудра, го изедначува тенот и да а фина боја и нијанса на чисто лице, милион пофалби за пудрава... Мн луѓе ме ја имаат пофалено како личи на мое лице, што е супер, бидејќи не паѓа во очи дека имаш пудра или некоја бубуличка. Наменета е за мрсна кожа, а јас имам комбинирана накај сува со мрсна т зона, ама ми легна одлично. Пробај си во космо, има тестери и мн бројчиња, 820 е горе доле и во космо и во дм и во шатци... Вреди за секој денар и мене ми трае месец ипол ама ја користи и сестрами и нема ден а да не ставам.
Aнушке ќе бидам малку груба ама мислам дека нема да се налутиш, не мислиш дека претеруваш??? Побогу зашто пудра за брчки, кога сигурна сум дека немаш. Ај креми, некако може да помине, ама не верувам дека никоја пудра први чуда во криење на нив а сигурно не спречува јаување на нови, сто посото сум сигурна. Ако толку си запнала за тие брчки, земи креми, мачкај се со ноќна на мајка ми и помага една ефтина од бугарките, подобра и е и од нивеа Q10 a до кај 200 денари е. Мислам дека немаш толку сува кожа за да се плашиш. Само сувата кожа е проблематчна и рано се јауваат бори, додуша на на 22 ама ипак.
Е де ма! Кажи - ако се нервираш, не ни пишам више на темата! Инаку малку претерувам де, синоќа баш со Лепа зборував за брчки, она како мој личен фармацевт за консултации, и заклучиме дека брчките се гентески, добар процент. Ама не дека нешо па чуда ќе напрае пудрата, него пак знаиш да е добра и да негува, ете нека не биде за брчки, сите се над 30, најнова информација , ама ќе си ја земам на Вичи за сува кожа, пошто летото нели дупла заштита ни треба, и оваа пудра е совршенство, многу негува и хидрира. И секако некое кремче ПОВРЗАНО СО БРЧКИТЕ МОРА МОРА!
јас еднаш ја купив пред 2-3 години и воопшто не ми се допадна. ја користев 2-3 недели и ја фрлив. можеби ја смениле структурата незнам ама јас ич не бев задоволна и некако чудно ми мирисаше
Една од најубавите пудри, иако не е многу скапа али ефикасна и покривна. Презадоволна сум и ако на почетокот се двоумев дали да ја земам зашо не било која пудра може добро да стое на моето лице и да може да ја прифати, им ја препорачувам на сите
Very me течна пудра за сите типови на кожа, каква е и дали покрива или Орифлејм Бјути Мат течна пудра ,која е подобра и повеке покрива?
Oваа Мат мислам дека покрива нешто подобро. Вери ми е како кремче, само изедначува тен, а црвенила, флеки, акни и недостатоци не покрива баш.
И мене ме зачуди со коментарот за ревлон , да не била некоја што е постар тестерот или изложен на сонце , затоа што мене еднаш ми се случи да пробам тестер од ревлон и беше воденеста , потоа пробав друг и се си беше во ред , пробај на пола или цело лице и ќе видиш најубаво