Јас ја купив Буржоа Flower Perfection, па да споделам впечатоци како што е редот Ја користам веќе 4 дена и сега засега - ми се допаѓа. Прекрасна текстура, многу покривна, ама лесна на лице, не е паштетеста и дава мат кадифен ефект. Ау, да не го заборавам мирисот - мириса прекрасно, на цвеќиња Се двоумев во Космо помеѓу оваа и 123 Перфект, но на крај ја земав Флауерот иако продавачката ме убедуваше дека 123 била подобра Ја пробав и таа од тестер, фина беше, само што структурата и' е малку потечна од Флауерот. И двете ми беа добри, многу се мислев, ама ја земав Флауерот зошто беше на акција Задоволна сум, преубаво го прави лицето, не светам добри 4 часа (после тоа морам да поминам со хартија), но сепак, не постои пудра за масна кожа што ќе го одржува лицето мат цел ден, па нека е и најскапата на свет! Ова зборувам за без користење на камена одозгора, да се разбереме Значи, задоволна сум од Флауер Перфекшн, а наредна за проба ми е 123 Перфект И уште нешто. Нијансите на Флауер Перфекшн и 123 Перфект не се исти. Јас од Флауерот ја земав 53, а читајќи ве тука бев убедена дека ќе ми треба или 51 или 52, ама многу се бели. На 123 Перфект 53-ката не е иста со 53-ката од Флауер Перфекшн, па ако сте користеле одредена пудра од Буржоа, а сега сакате да пробате друга од истиот бренд, не се ослонувајте на фактот дека нијансите се исти. Проба обавезно! И така Ау, заборавив, тоа сунѓерчето уште го немам пробано, а искрено не верувам ни дека ќе го пробам Според мене, течна пудра најдобро се нанесува со прсти, но тоа е веќе индивидуално
Девојкиии!!!! Ајде ке ве молам за помош. Си купив пудра на Ревлон, ама ја утнав нијансата,кога ставам се суперр, покривност екстраа, трајност без коментар.... ама бледичка меправи малку.. Дајте идеии, што да превземам, ако камена која....????
Порано користев пудри од авон, али оваа од Лореал најмногу му се допаѓа. Лицето ми го прави кадифено, убаво покрива, не е воопшто мрсна. Ја обожавам!
И јас купив Ревлон,ама претемна нијанса и незнам како ке ја користам, дали да си купам уште еден посветол па да ги мешам
И јас така се зезнав зедов многу посветла нијанса, и сега ставам од друга пудра што е потемна и ги мешам, и на крај исто ставам и бронзер онака само го поминувам нежно лицето со четкaтa и супер е.
Нема да се наруши составот на Ревлонот, ако комбинирам со друга пудра.... Знаеме сите дека Ревлонот е одлична пудра со трајност и висока покривност...
^ Епа нема да биде иста како кога би нанесувала само од Ревлонот, меѓутоа со малку камена пудра ќе биде океј, во случај посветлата пудра да не дава таков мат ефект како Ревлон колорстеј.
Спојлер http://wow.mk/deals/deborah-milano-5-in-1-pudra-i-korektor-stik_396.html Сакам да знам дали вреди да се порачаат? Пофалби, критики? Понудата истекува утре
девојки може ли да ми кажете која пудра на еssence е најдобрА ? Имам комбинирана кожа и ми треба некоја што не е водичка
Во Зегин,Космо и Дм. Во зегин е најефтина во споредба со останативе продавници.Јас ја користам и задоволна сум од нејзе иако многу и се темни нијансите.
Дали некој ја има користено пудрата од Loreal True match...........................И каде можи да се најде
^ Во Cosmo и DM, обавезно ја ноѓаш. Ја немам користено подолго време, т.е купено, но ја имам пробано на тестерче. Има многу лесна структура, и не е воопшто од типот на паштетести пудри - значи е многу течна, и со самото тоа многу лесно се размачкува рамномерно насекаде, само што според мене нема и некоја голема покривност - него прилично средна, и мислам дека колекцијава е наменета баш за оние што немаат некои големи ,,проблемчиња'' со лицето и немаат потреба многу да покриваат, па доволна е за да се израмни тенот и да се покрие она што може, од типот на црвенило, мали флеки итн. Испадна многу долга реченицава. Друго нешто, јас имам мрсна кожа, и она што го приметив е дека т-зоната одма ми светна после Лореалов. За неполн час откако ставив од неа, забележав дека лицето ми станува уште помрсно и уште посветкаво. *** Јас се префрлив на Буржуа 123. На оваа и flower perfection-от им дадов предност периодов и ги ставив најгоре на листата, т.е ги користев и двете константно, се додека не увидов која ми прилега подобро, во секоја смисла. И Дефинитивно заклучив дека најмногу од сите пудри до сега, Буржуа 123 ми е најпогодена, и според структура, и според покривност, нијанса, и се останато што е пропратно. Не светнувам, има некој минимален ама доволен матирачки ефект, поубава и поразмачклива структура има од флавр перфекшнот и најбитното ми трае по цел ден! Ама буквално! Презадоволна сум, и ме радува фактот што конечно најдов пудра прилагодлива на моево лице. 10/10
јас ја имам пробано оваа, и сите можни нијанси ги порачав зашто имам специфична боја на кожа, никако да си ја погодам нијансата и затоа мешам иначе убава е за секојдневна употреба, не дека навистина е мат, има малце примеси на мат пудра.. Ако ти е за покривање тогаш не ја порачувај, зашто не дека нешто многу покрива, а ако ти е за нијанса на лицето или подобар изглед тогаш ти ја препорачувам зашто не е тешка
Јас ја порачав пред некоe време и кога ми стигна потемна беше отколку што очекував Но за среќа имав од друга пудра посветла што не ми одговараше и ги мешам
Девојки ајде ве молам дајте ми некој предлог за течна пудра ете нека биде со мат ефект (како што имам слушнато за летен период тие се убави)... Имам нормална кожа, е сега на моменти ми е сува, на моменти помрсна, но во глобала нормална е не гледам некоја драстична разлика да оди накај мрсна или накај сува... Читам тука дека сте многу задоволни од Боржуа, па за нормална кожа ве молам кажитеми , или ете нека биде од некоја друга фирма но да е квалитетна и да е за млада кожа , не за постари фала ви однапред