Не се лажете многу дека на фришоп е којзне колку поефтино, 200-300 денари максимум до 500 денари е разликата од парфемиве и шминкиве од јаки брендови, освен ако не ти е уз пат фришопот за накај одмор се исплати, ама за специјално да се упатиш накај фришоп не вреди. Со оваа пудра искуство немам, јас за фришопот да ти кажам само а кај нас на Есте Лаудер пудрите се околу 2500
Па убаво ти кажа де шо, посончај се малку и таман ќе ти биде, ионака е лето сега, 2 пати да излезеш на сонцево ќе поцрнеш.
Oleeenka мешај го со некоја ептен бела пудра и така нанесувај. И јас имам таква една 3 пати потемна од мојот тен и да ти кажам пробав со една што ми е побела од мојот тен, ама текстурите не беа исти и баталив, ја ставам само кога ќе се вратам од одмор. Убаво ти викаат, не се лути
Ги имам гледано во Космо и Рима во Бисер,но најефтина ти е во Зегин(барај ја во тој во Буњаковец,јас само таму ја наоѓам)
Женски, ми даде брачеда ми една пудра неа и беше пресветла од Римел Lasting finish, ја немам пробано оти ми е многу деликатно лицето.. па се мислам дали да ја користам... Ја има некој користено? Што пудра е? За што кожа?
Оваа беше за мрсна кожа. И како што читав овде, покривна, лесна пудра. Баш беше фалена. Имаш наназад во темава за неа.
^Земи си ја,ич да не се мислиш. Јас ја имам,супер е.Покривна е доволно,не го прави лицето како пластика(знаеш што мислам).Има густа текстура,ама убаво се размачува и упива во лицето. Нема да згрешиш.
Мене така ми се чини или преку ноќ ми се смени типот на кожа Навистина ептен сум збунета , и појма немам каква пудра сега да купувам Значи цел живот имав сува кожа до толку што после миење ако не ставев крема не можев да го помрднам лицево, ама последниве две недели кожава појма немам каква ми е, како мрсна ми делува. Пред некој ден после миење не осеќав потреба за крема, а и неколку дена да не ставам крема не ми е проблем Кога ќе се допрам за лицето, тој дел околу челото е доста мрсен, исто и кај очите и кај носот, другите делови се така-така. Можна е ваква промена на типот на кожа
Ај ве молам некој што ја користел да ми каже дали е добра пудрава? На неа пишува дека е за сите типови кожа е сега ме интересира дали може да се користи и за нормална [пошто имав сува кожа а сега можам да кажам дека ми е нормална] ? И дали е покривна пред се, бидејќи имам неколку пегички кои сакам да ги скријам?
сакам да си ја порачам пудрата од ел ер козметикс 1000 ден е ја пробав многу убаво покрива ја има некој пробано?
Пудрава е италианска,одлична е пред се летна бидејќи го мразам она чувство на разлеана пудра во жешки денови,покрива доста а има и одлична цена околу 200 денари достапна е во маркети каде што чуваат козметика.Ептен сум задоволна
Не ти е сменета преку ноќ кожата туку времето е топло а на сонце порите се шират и автоматски од нормална кожа имаш комбинирана накај мрсна. Ти препорачувам полесна крема( Еуцерин аквапорин или зелената линија) и заштитен фатор обавезно 30- ка. поздрав
јас ја земав од супер тинекс ама ја има и во останатите парфимерии сигурно знам за во гтц ама незнам во точно во која парфимерија
Девојки вака значи сакам да си купам пудра,а најверојатно имам нормална кожа. Инаку досега имам користено пудри на Mybelline и од нив бев стварно задоволна. Е сега се мислам дали да сменам нешто,или пак да си продолжам со истото. Инаку имам прилично чисто лице,имам пеѓи кои што не се толку изразени.Со мозолчиња си немам проблем. Така да ако може Мишела,да ми предложи некоја убава пудра,би и била благодарна. Само несакам да има паштета изглед.