Јас имам нормална кожа, читав назад и фалена е многу хелти миксот на буржоа, и сега се мислам дали да ја земам или не, дека како што знам за сува кожа е... Ако може помош од некоја феминка, дали вреди да ја земам, или мрсна да не ми ја прави кожата?
Јас ја имам хелти микс од буржоа. Мене ми е супер, дури и малку ми го прави лицево мрсничко, ама тоа дека е лето, па повеќе се потам. За есен, зима би била идеална. Инаку, имам сува кожа.
Aко ти одговара пудрата што ја користиш, немој да ја менуваш. Подобро е така верувај, си знаеш дека ти одговара и немаш гајле, ниту пак потреба да се туфкаш дали си утнала или не. Ако веќе толку сакаш да смениш малку, пробај ја Xperience на Макс Фактор. Но, ако бараш покривна пудра, уште од старт ќе ти кажам дека не е баш нешто многу покривна, но дава убав свеж изглед и секогаш може да се „интервенира“ со коректор. Лена е на лице, не се ни чувствува дека имаш нанесено пудра. Не сум сигурна дали оксидира, зашто имав искуство со друга пудра на МФ во врска со оксидирањето, а кај оваа не приметив нешто такво. Има убав избор на нијанси за оние со посветол тен. За цената навистина не се сеќавам, одамна ја имав (и не би ја купила пак, зашто не ми одговара, мислам дека не е баш за изразито мрсна кожа). Спојлер
од орифлејм Џордани пудрата сте ја користеле? колку сте задоволни..и некој детало повеќе за неа?? позз
мислам дека е за зрела кожа... јас ја користам пудрата-прекрасна е.имам сува кожа но мислам дека ке ти одговара пробај ја...јас само за нијанса си ја утнав...ама ја мешам со една многу посветла и убаво стои
На оние што имаат сува кожа им ја препорачувам Сatherine arley, многу добро покрива, има убав мирис и долго трае Се мачев долго време додека да најдам соодветна пудра, и конечно најдов па од сега не планирам да ја менувам. Не можам да најдам слика на интернет, но ја има во парфимериите (прозирно пакување), некаде околу 150 е
сакам да си ја порачам пудрата од LR козметикс 1000 ден е ја пробав многу убаво покрива ја има некој користено досега?
Јас мислам дека таа пудра е за зрела кожа незнам можеби сум грешка. Инаку имав една другарка која што е користеше и беше задоволна од неа,кажуваше дека давала природен излгед и била доста покрина.За каков тип на кожа е незнам.
Ги купив пред неколку дена, па еве да напишам мое мислење Досега немам користено пудра од Макс Фактор, никогаш ги немав ни пробано претходно, ама колешка ги пофали овие две и ги земав за оваа цена во Космо, бр. 45 Warm Almond и translucent 05 камена. Течната пудра е убава, според кажаното има прајмер, коректор и пудра - 3 во 1, има фина мат текстура ни претечна ни прегуста, убаво се размачкува, добра покривност и одлично ми одговара на тенот ( немам некоја проблематична кожа од аспект на акни и сл., тек таму по некоја..ја користам со коректорот на Артдеко-камуфлаж). Нешто што ми беше важно е трајноста на пудрата (сакав некоја потрајна, со која нема да засветам после 2 часа) и оваа е баш одлична во тој поглед, заедно со камената ги тестирав едно 8-9 часа и супер се покажаа (имам нормална/комбинирана кожа, и ептен лесно светнувам во областа на челото и носот ). Амбалажата и е одлична со пумпица и стаклено шишенце од 30 мл. Што се однесува за камената остава супер мат финиш кој доста долго трае, а нема боја и ја нанесувам со четка, не со сунѓерчето. Мирисот не ме воодушевува мн мн ама не е страшно. Препорачувам :up: одличен комплет...
Уште трае оваа акција во Космо? Оваа нијанса 45 темна е многу или не...мене ми треба cremy natural дали ја има оваа нијанса или некоја приближно.
http://www.chicprofile.com/2012/10/max- ... hotos.html еве со слики во линков, таа им е најсветла овде бр. 45, иако гледам дека на интернет има и други (50 и 55 беа темни доста и маваа на розево) иако изгледа светла, убаво се прилагодува на лице кога ќе се стави.. инаку трае акцијата, јас во понеделникот ја купив, а одамна ги имаат со оваа акција
Се мислев помеѓу Ревлон и Боржуа и ја земав Ревлон. Не зажалив пудрата е добра само што јас очекував поголема покривност. Долготрајна е убава текстура има, ми смета пакувањето некако не хигиенски ми е вака. Ми се допаѓа што за разлика од Боржуата на моево лице дава многу поприроден изглед и не е тешка пудра, и не ми треба камена пудра за после, ама за тие пари очекував малце повеќе.
Фала ти многу некоја85 оваа натурал сигурно ке ми одговара како што гледам на сликата 45 ке ме прави многу бледа.
уф предложете ми пудра за сува-нормална кожа до кај 250 денари итно ми треба а не можам да си најдам, сакам да покрива убаво, само да не е на голден роуз ме чеша лицето од нив некоја друга има??
фала душо ама мислам дека на есенс не покрива баш многу а дали некоја има користено пудра на She оние што ги има во DM?