Сигурно ја има побарај ја по парфимериите, види во тие подобро снабдените ма да верувам дека ја има скоро секаде.
никогаш не сум користила пудра бидејки имам прекрасно чисто лице и не ми требаат ниту некои јаки шминки и сенки.. кога сум без ништо на лицето се чувствувам секси
Па океј е пудрата,ама за тие пари искрено сметам не вреди.Нема некоја покривност голема,лесно се нанесува,но сум приметила кога вадам шминка исто како да не сум имала пудра ставено,марамиците се бели.
^Вторава ја користев и некако чуствував на почетокот како да ми се топи по лицето, а после 5-6 часа се стврднува и се набира околу брчките и останатите нерамни делови (црнки, брадавици) Мене воопшто не ми се допадна...
http://www.neseser.hr/images/stories/jr ... 967835.jpg јас оваа си ја купив и задоволна сум. како „пенеста“ е, многу fluffy на лицето, лесна е и не се осеќа дека ја имаш на лице, а доволно покрива. Исто, има ефект како да имаш ставено и камена пудра врз неа (во почетокот, првите 1-2 сати). Иако оваа пудра е за мрсна кожа, сепак мислам дека без камена пудра при рака не треба да се планира за подолгорочно носење, затоа што по одредено време ако имате мрсна кожа, се појавува оној грд сјај, а пудрата иначе си стои, не се бриши како некои други кои магично исчезнуваат од лицето по некое време. Едноставно оваа изгледа реагира на топлово неубаво после 2 сати :/ вчера едно 7 сати не ми мрдна шминката, основава значи е супер, само што на 2 пати минимално нанесов камена пудра врз Т-зоната, другото таман си беше.
Ја користам оваа пудра и сум многу задоволна. Порано користев друга повторно од Махфактор, но тие не се веќе во производство
Напротив, токму оваа пудра е многу тешка посебно за лето и не се препорачува за лица со сува кожа бидејќи е многу многу густа и, јас таа ја користам и сум пре пре задоволна но сега за летото ја заменив со друга.
Се согласувам И јас ја имам пудрава и ја користам само во зима и не секогаш многу ми е тешка некако а имам и мрсна кожа. Кога ја купував во Космо ми рекоа дека е само за мрсна кожа
Мислам дека е за комбинирана до мрсна кожа зашто има матирачки ефект. До пред скоро беше на некаква акција во Космо со гратис камена пудра, но регуларната цена би требало да е некои 800 денари.
Manhattan clear face natural mat foundation Се вратив на една од моите љубови, само и` го промениле пакувањето. Лесна, совршена за лето, прашкаста, убаво покривна и нема светење воопшто. Неутрален мирис, и не се чувствува дека имаш пудра. Тргнав за ББ крем, се вратив со неа и не зажалив, 450 ден. во Јуник. Само нема некој посебен избор на нијанси, ја одбрав мојата 77, малку темничка, среќа лицето ми е исончано и имајте предвид дека има жолт подтон, не розеникав.
Да ја пофалам и да ја препорачам за сува кожа. Текстурата и е некако свиленкаста и нежна, на лице не се ни преметува дека имате пудра ставено, а покривноста и е солидна. Цената и е околу 550 денари.