незнам која на макс фактор ја имаш јас ја имам оваа пред некое време ја купив со неа добив и еден куп тестери прво ги користев тие и супер ми беше но кога преминав на шишенцето приметив голема разлика многу лицето почна да ме пече ставив и на раката имаше ист ефект, а лупнав добри 940 денари
јас би ти ја препорачала на менхетен. и јас ја користам оваа супер е. не би ја менувала само следниот пат ќе си земам една нијанса посветла. Ја користам веќе 8-9 месеци а сигурно ќе ја користам уште еден месец
И јас ја имам оваа истата пудра само бројчето ми е Sand 80 така пишува ама малку ми е темна и ставам многу малку како финиш и кога бев да ја купам ми дадоа само 2 нијанси кажаа дека други нијанси нема. А посветли нијанси има ли?
Менхетен има многу нијанси , нема шанси само 2 да се. Може таму имале само две. Инаку Багуфче оди во Јуник , во трговски има една парфимерија, ја заборавив како се вика ама последен пат кога бев имаше само 3 нијанси, затоа Јуник се посигурни.
MANHATTAN најдобрата пудра што ја имам ставено не моето лице ја прави кожата прекрасна мека свежа и преубаво покрива мат пудра без масло тукму тоа што му треба на мојата кожа не би ја менувала за ништо
Ооо супер е цената. А значи поволна е за сува кожа? Прочитав ја користеле за комбинирана, а тоа и ми одговара донекаде.
Па незнам баш, повеќе би рекла дека одговара за мрсна кожа, како прашок да има во неа, сува е, па така мрсната кожа не свети. Јас имам комбинирана кожа -мрсна на Т-зоната, на лицето нормална, па одлична ми е. Ама можеш да си ја користиш со малку крем како подлога доколку имаш сува кожа
Jaс обавезно ставам крем на лице пред да се шминкам. Јас 2-3 пати на ден ставам крем Имам уште пудра, така да сепак кога одам да купувам си прашувам која е хидратантна. Ама гледам задоволни сте па да си прашам. Најчесто хидратантните не покриваат многу, со кремче се, една пудра што ми ја понудија повеќе беше крема него пудра. А не ми се дава многу пари за пудра, мислам не ми се дава над 700. Така да оваа е супер цена.
Мислам дека не е само оваа што е мат за мрсна кожа,мислам дека има и за друг тип на кожа од истава,прееска баш во новото Веро гледав,и таму беше околу 400 може и 400 и нешто,ама имаше два типа,таа за мрсна(мат)и уште една ама дека мене баш оваа ме интересираше па не заприметив што пишуваше,ама сигурно има за повеќе типови кожа од истата
Е вчера ја зедов.Јас нарачав друга ама ја немало и ми ја донеле оваа. Кога видов дека за мала тубичка давам 760 ден, а плус ништо посебно од пудра... Морав да ја земам зашто мораше да ја отворам за да видам каква е,не можеле после така да ја враќаат.Само ќе кажам Макс фактор пудрите порано вредеа за сите пари, сега НЕ!Сто пати поубава и по покривна ми е од Виши.
Па не е баш за сува кожа! Самата пудра е малце посува и мислам дека одговара на помрсна кожа (иако пишува дека е за комбинирана) Прашај што имаат да ти понудат од менхетен за сува кожа, имаат добри производи... (Со исклучок на течната пудрата во сино паковање (антибактериска) не ја бидува ич)
Каде се продаваат Виши пудрите, никаде немам видено. И ме интересира дали е хидратантна, и колку пари е?
Ги има само во аптеките на Реплек....Убави се навистина.Јас ја земав некаде 670 ден, меѓутоа имаш избор.Ако навистина си заинтересирана не се мисли оди до Реплек и земи.
Џули можеш ли да најдеш слика од таа пудра на Виши и да ни ја покажеш? Јас имам видено само две пудри на Виши и двете се над 1300. Или ако можеш кажи ми точно име и презиме на пудрата за да знам да ја побарам.