Девојки мои ми треба вашата помош т.е совет...другарка ми има проблем со кожата преосетлива и е кожата на лицето и има пробено мнооогу пудри за лице ама речиси од секоја и се јавува црвенио и почнува во наредните 5 минути да и отекува лицето...дали некоја од вас има некој совет за пудра за лице која би можела да и одговара...или дали има некоја од вас сличен проблем...за да ни даде совет..(инаку има правено алерго тестови ама ништо све е ок) фали ви многу
За каква кожа е? Баш пред некој ден гледав дека е на попуст, па си викам да ја пробам .. Подочњаци тешко дека целосно ќе покриеш само со пудра, барем овие моиве, не се покриваат со ниту една, земи си некое коректорче за нив, доколку целосно сакаш да ги покриеш. Инаку, убави, природни нијанси има Seventeen Natural Velvet пудрата, и јас сум бела и ја имам 4ката, преубава е и одговара на нормална кожа. mila34 има пробано некоја од органските?
јак колку знам ги има користено тие на мејбелајн за преостлива кожа....послем на менхетен исто за преостелива кожа....сега незнам за која органска збориш,,ама би ни било од помош
Органските пудри се на природна база, односно не содржат синтетички компоненти, па помалку веројатно е дека од нив би настанала некаква реакција. Има повеќе фирми што произведуваат таква козметика, мислам дека производите од lavera и logona ги има кај нас, нo најдобро е да си праша по подобро снабдените парфимерии и аптеки кои органски производи ги нудат. Исто не би била лошо да посети некој (неспонзориран) дерматолог.
ја имам нормална кожа.и мене ми одговара, не е многу густа ама не е ни како крем. по густа е од таа со минералите и поќе покрива.
Или пак Виши, Клиник - само нека си има на ум дека се нешто поскапи од овие другиве фирми. Посебно а осетлива кожа, мислам дека пудрите на Виши би се покажале супер.
Прв пат ја видов оваа марка за козметика во италија, и имаше многу работи на попуст и земав течна и камена пудра и премногу ми се допагаат
Девојки, да ми препорачате некоја ефтина пудра, до кај 300 денари ама квалитетна и да има добра покривност. И да има потемни нијанси затоа што планирам да ја користам откако ќе се вратам од одмор а не ми се даваат пари за скапа пудра кога и така нема да ја користам долго време.
^^^Essence soft and natural, ја земав онака за проба, колку за до комшии да не одам така ненапудрена и супер излезе. Трае некои 3-4 часа после малку светнува лицето. И на рака кога ќе ја ставиш на денска светлина доаѓа многу црвена ама на лице не е...чудна работа (зборам за тројка). Немаше многу нијанси мислам 3-4 дека беа ама само една е посветла другите се темни. Природно делува на лице, не се познава дека имаш пудра. До 300 денари е.
Имам една пудра лани ја користев кога се вратив од одмор, имам ми остана прилично многу. Прашањето ми е дали може сега да ја користам или во канта директно?
Rimmel Lasting Finish, убава и покривна, и колку што знам има потемни нијанси.. околу 320 денари во Космо и ДМ.
Мирисни ја, ако и е чуден мирисот онда канта. Иначе рокот им е 2-3 години така да ако си ја купила лани и не стоела негде на мн топло или сонце би требало да е ок.
Јас ја гледав денес во ДМ, ама незнам нркој што ја користел. кажи ми дали е покривна бидејки немам некое чосто лице и дали дава мат изглед?
јас ја користам пудрата од avon ideal shade light medium (вреди за секој денар ) , е сега зависи какви ти се мозолчињата ако ти се поголеми тогаш треба и коректор,а вака некои ситни ги прекрива, не е тешка пудрата дури и не ја чувствуваш на лицето толку од мене,мислам дека помогнав