Оваа ја имам од L'oreal true match foundation- 15 евра Задоволна сум, доста е лесна за размачкување и покрива
Имам нормална кожа но многу се потам, исто така и лицето многу ми се поти и кога ставаммм пудра и се испотам целата сум за никаде дали знаете да ми препорачате навистина некоја пудра што ке се зацврсти на моето лице ? било каква и течна и крем и камена сеедно
Јас ја имав (ама нијансата ми беше многу темна па ја поклонив ) и онака ок е за секој ден, не е мн тешка на лице.. Инаку мислам во КИМ парфимериите ја има (јас ја земав преку дистрибутер)...
Во куманово ја земав, ПИКАСО парфимерија Значи добро ме ориентирала продавачката, таква и барав лесна пудра секојдневна.
Женски дај кажете ми дали сте ја виделе некаде пудрата на bourjois flower perfection бр. 52, сите броеви ги има само овој нрможам да го најдам, бев во дм во сити мол, во трговски во космо , во космо во сити мол но немаше, ако видите нексде пишете ми
Да се самоцитирам, ја најдов пудрата што ја барав, ја змав од дм во гтц, имаше уште две пудри нјанса 52 ја пробав и фантастична е , ми се допадна повеќе од 123 perfect бидејќи е по-мат најдобри производи имаат Буржуа и никогаш нема да ја сменам пудрата
Препорака за камена пудра, мат, за многу мрсна кожа? (за користење без течна одоздола) Пробав на Римел, и воопшто не ми се допадна...
Aко не сакаш да користиш течна одоздола, не знам колку би ти помогнала камена во случајов, подобро земи си некоја пудра во прав. Јас ти ја препорачувам таа на Артдеко или пак пробај ја на Аура. И двете се супер, потребно ќе ти биде само малку крем кој матира - соодветен нели, за нас сиротите кои си патиме од мрсната кожа и ќе биде океј. И двете ги има во Космо, Артдеко како и обично е поскапа, а таа на аура мислам дека е 300 и некој денар.
Добив поклон MAC BB Cream ама луѓе пресветол е некое чаре? нема нешто по перфектно, како да немаш ништо на лице, ама како умрена сум пресветол е
Имаш некоја пудра која е потемна од твојата кожа нијанса до две? На секое нанесување на МАC bb кремата ставај по една точка од потемната пудра колку да добие само некоја боја што е малку потемна и да ти одговара. Ќе ти речев да нанесуваш камена потемна врз неа, ама целата на бб кремата е да не осеќам пудра на лице, што со камена или пудра во прав се постигнува поинаков ефект. И јас имав еден обратен случај, имам една пудра потемна од мене и ја мешав со една посветла ставав по точка од светлата за да се изедначи бојата, ама текстурите беа толку различни што како го*но изгледаше на мене. Ако имаш некој квалитетна и убава пудра или бб крема а малку потемна од твојата кожа, пробај ништо не губиш.
Rose, така ко што ти кажа Хипстер гарант успева, ама не изгледа лошо и ако го спастриш лицето со бронзер, ако е посветла ББ-кремата, бронзерот ќе даде супер финиш и нема да се познава дека нијансата не чини.
^ Ја има. На акција е во Космо со жолтата маскара од Мејбилин. И јас исто се заинтересирав за пудрава, онака добра ми се виде на прв поглед, ама кога видов дека е со некој anti-age ефект ми се скрши филм.
скоро сите од оние познатите бјути гуруа ја фалат и пудрата а и коректорот. Која и е цената? таман би ми дошла во комплет со маскарата секако требаше да купам нова. Јеј
Oнаа на Maybelline од сликата на претхоната страна е со anti-age ефект, како што напишала Sanniii. Никако не е препорачливо да се употребува козметика со таков ефект кај лица помлади од 35 години (па и до 40 и повеќе), а гледам дека сите оние кои сте до 25 сте напнале токму за таа пудра. Ако е со таков ефект значи и дека треба да има што да покрие, а не да ја покрива младата кожа на која и нема такви недостатоци. Не пишувам со намера да ве убедам во нешто. Ваш избор е дали ќе си ја остарите кожата пред време.