Артдеко, јас користам rich treatment foundation и многу ми е убава, ми дава влажност на лицето(кожата ми е сува) покрива и трае
Јас сум за било која пудра на Mannhattan ... на мојата кожа се перфектни (имам нормална кожа со Т зона понекогаш мрсна) Сум пробала секакви пудри, буржоа, лореал, севантин, римел... сепак на крај пак се вратам на менхетенот мој
Мене лицево ми е нафрлано со акни, и имам прилично сува кожа. Можете да ми препорачате некоја пудра што прикрива... ?
И јас имам комбинирана кожа ама менхетен никако никому не би ја препорачала. Порадо Макс фактор секогаш убава кремаста текстура имала и презадолволна сум и од камената и од течната. А од менхетен се згрозив колку е леплива некако како гипс да имаш нафлане врз лице. Под никој случај не изедначува тен. Од мене големо НЕ
се согласувам, покрива добро но некако е тешка, јас имам мрсно лице пготово на челото и пак ми е тешка. јас сум си презадоволна од Буржуа flower perfection
Од Менхетн единствено задоволна сум од колекцијата Clearface, посебно од perfect mat пудрата, која за разлика од онаа кобната која милион пати ја имам спомнато тука, не ми го осакатува и суши лицето, ниту пак ако од ладно излезеш на топло се топи или пак во обратната ситуација - се собира како точкички по мрсните зони на лицето. Сиромашните нијанси се друга приказна, ама ако толку ви е мерак да си купите Менхетн, пробајте со оваа колекција.
Сакам да ја земам пудрата од Мејбилајн Фит Ми немам приметено дали ја има кај нас за да си одредам нијанса ако ја нема ќе ја порачам ама неможам од око да видам која нијанса ќе ми е таман. Ќе ставам слики ако можи да ми помогните.
Ја имам од Mannhattan онаа во црното тубиче , имам сува кожа и како паштета ми е па морам да ставам крема (нивеа светло плава со мече) ставам зада ми даде малце свежина наместо подлога ја ставам , не свети добра ми е....ја корстам подолго време но се милам за Артдеко...купив коректор и баш ми се свиѓа...како иде цената на пудрата??
ако мислиш на оваа Менхетен, оваа пудра е за мрсна кожа , не за сува мене ми беше ко паштета што имам мрсна кожа незнам како тебе не ти направила проблем досега штом имаш сува кожа
Мене менхетенот оваа во црната туба, животот ми го има спасено . Не, навистина досега пудра што нај ми одговарала и најмногу покривала е оваа. Само уште да си купам некој коректор за овие темно плавите подочници и мислам дека ќе ја имам добитната комбинација за убаво лице. Да, оваа пудра не е никако наменета за сува кожа бидејќи е најгустат пудра во светот и јас што имам комбинирана-мрсна кожа секогаш пред нанедување на пудрата ставам основа за шминка (прајмер) бидејќи и мене ми е тешка.
Не сум баш задоволна од пудрата на Bourjois flower perfection густа е добро покрива,но мене ми делува многу неприродно и многу малку да ставам пак се познава дека имам ставено пудра,и за краток период кожата почнува да свети. Но затоа бев презадоволна од Bourjois Perfect 123 која не е толку густа ,покрива нешто помалку од flower perfection но затоа па делува многу природно скоро и да не се познава дека имам ставено пудра и со оваа пудра скоро цел ден лицето ми е матирано без сјај.
Многу е подобро да користите добри производи за чистење на лице, отколку 83480230948 слоја пудра. Пудрата колку и да е добро нанесена, на нечисто лице, никогаш нема да изгледа природно и најчесто ќе привлекува негативни коментари за вас. И ќе си создадете доживотни компликации со лицето. Посетете некој дерматолог - да ви објасни што ви треба и да ви препорача соодветни производи за чистење лице кои ќе ги употребувате секојдневно. Ќе си имате убаво и чисто лице секогаш и секаде. Сведете ја на минимум, користете ја само кога навистина имате потреба. А и на чисто лице многу поубаво изгледа. Раскопани акни прекриени со пудра - Со години користев една пудра на Chanel која даваше многу убав барбика финиш, ама ја тргнаа од продажба. Од тогаш немам купено друга. Еве слика од пудрата:
Ако имате нормална кожа,и немате флеки и акни,ви ги препорачувам Само ги допокриваат малите несовршености и се многу лесни,не мирисаат нападно
Оваа пудра е навистина многу убава. Редовно ја следам Camila Coelho и таа ја користи исклучително оваа пудра. Лично јас ја немам користено, но од туторијалите се гледа дека е убава. http://www.youtube.com/watch?v=T7kx1hqll94