Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Течна пудра за лице

Дискусија во 'Лице' започната од angel, 23 ноември 2009.

  1. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    [​IMG]

    Јас оваа ја земав околу 900ден., 20мл е за разлика од др пудри кои се,обично по 30,така да, доага поскапа..ама од моето искуство, вреди за парите..прикрива, а не се познава дека имаш ставено
     
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Во потрага сум по нова пудра. Дајте препорачајте ми некоја за сува кожа само поевтинка, бидеќи имам чисто лице.
     
  3. PinkSparkle

    PinkSparkle Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    И јас барам нова пудра, така за посува кожа, ама и да покрива убаво зашто не ми е баш чисто лицево...
    Дали АРТДЕКО одговара на сува кожа?
     
  4. NicoleSch

    NicoleSch Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    е па вака и јас имам суво лице пробував повеќе пудри , сега моментално користам менхетен ја зедов околу 400 ден ама задоволна сум покрива доста иако и лицето ми е доста чисто .. викаат не била баш за сува кожа повеќе за мрсна ја зимале но јас од доле ставам подлога т.е. кремот кој го користам за сува кожа и после врз него нанесувам пудра.. ама баш сум задоволна :)
     
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Незаменлива ми е! И требаат неколку минути да се впие, но после не мрда. Солидна покривност, некогаш немам потреба од коректор. И има пристапна цена, 320 ден.
     
  6. RiRii

    RiRii Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам пробано тајм плас преубава е за млади е лесна е ама не ја користам бидејки ја утнав бојата :tmi: 10 пати посветла е од мојот тен..А би ти ја препорачала јас ја земав од парфимерија.

    Инаку дали некоја има користено оваа пудра каква е? сакам да ја пробам оти е менхетан не за др :D
    fajlovi/image/125907
     
  7. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Мојот најголем непријател! имам проблематична кожа но земајќи во предвид колку пудрата ја доуништува ми се плачи кога ќе нанесам. Во потрага по ''совршена'' пудра бев од ко докзнав дека постој и веќе користам иста 3 години. Различен е типот на кожата кај сите жени и не секоја кожа можи да поднеси тешки пудри па одгоре и камена, руменило итн.. Се советував со дератолог пред да ја одберам пудрата, инаку користам Maxfaktor и немојте често да ги менувате пудрите останете на една која навеќе ви одговарa. A слојот на кожата дали вие мрсен или сув, тој проблем лесно се решава со подлогата еве јас имам мрсна кожа па користам Clean&Clear крем веднаш се суши со се пудра над него.
     
  8. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Мислење за пудрава??
     

    Прикачени фајлови:

  9. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    користев делине едно време воопшто не ми се допаѓа а менхетенот е многу груба,импалата не е лоша и оваа на малена е добра и ефтина е +
     
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Имав купено Делине за да си ја осветлам пудрата што ја имав, воопшто не е покривка, ниту трајна и на сонце веднаш ми се топеше.
    [​IMG] Нешто околу оваа? Каде ја има, колку пари е и каква е покривноста?
     
    На UnknownLadyDi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    воопшто не е добра делине мој совет ти е да си земеш менхетен јас ја користам и сум презадволна :)
     
    На swrcii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Нешто слична е како импалата. И добра е,доста покрива и е ефтина околу 150 ден.
     
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мишела се бара да ми помогне околу пудрите :D

    Ми треба пудра онака за изедначување на тенот и за покривање на подочници. Релативно чисто лице имам, само сум многу бледа. Имам сува кожа и ми треба пудра што нема да се собира и да ми прави лишаи,а и да не делува паштетесто и тешко на лицето. Па нека е и поскапа само да си ја погодам и онака не ставам нешто многу и редовно. Може да е и ББ крема сеедно.

    Се мислев меѓу овие на Буржуа, само што коректорот Хелти микс ич не ми е погоден,па да не не ми одговараат и пудрите нивни. Или некоја на Артдеко?

    п.с И некоја финта како да си ја погодам најприближната нијанса до кожата. :)
     
  14. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    3.480

    Од сите пудри има тестери, пробај малку на кожата на лицето. Најдобро е на виличната коска, така ќе видиш дали бојата на пудрата и бојата на вратот се слични :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Значи со пудрите имам огромна мака. Многу си сум беличка на тенот и никако не можам да си погодам нијанса. Ако купам иста нијанса со тенот изгледам како дух, а ако земам една нијнса потемна сум како со паштета намачкана :D Денски гледам да ми бидепогодена нијансата оти повеќе се познава а за навечер маки мачам.. на слики ми вади бела како дух.
    Ако има некој ваков проблем да ми препорача некоја пудра што нема да ме прави како духче а и да е така солидно покривна. :)
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Јас моментално ја користам оваа
    [​IMG]

    лицето ми се презасити од Менхетенот некако, па решив да сменам, па се мачев неколку месеци какви се не пудри пробав и ја открив оваа и презадоволна сум, засега не би ја менувала

    лоша страна е што само во Џамбо имаат штанд и неможам да ја купам од друго место никаде =(
     
  17. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Макс фактор течната пудра ми е незаменлива! Ја користам нијансата под број 100 што е,иако е малку светла ама поради светлиот тен само таа ми одговара...ако зеам 200 многу па темна ми е и ми се двои од вратот, смешно е! Малку е скапичка ама вреди затоа што многу убаво ми ги покрива сите недостатоци,долго стои на лицето не се брише со саати и не ми предизвикува никакви иритации на кожата што мене ми е најважно! Ја препорачувам! ;)
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Бидејќи Мишела е поискусна со пудрите за масна кожа јас ќе ти дадам совет за сува :) ББ кремата на Дебора е одлична за сува кожа и нијансите и се супер, можеш да си погодиш за светол тен, а да не се бледи нијансите туку баш се природни, и покривноста е ок и што е најбитно на високиве температури не се растекува и не свети иако ми е сува кожата ми се случува тоа со ББто на Гарниер на пример. Ако земеш Хелти Микс серумот можно е да ти засветува кожата, мене ми засветува на челото и носот иако ми се толку суви до степен на лупење, значи од жешково и од што ќе се испотам сијам ко да ми е масна кожата. Додека пак од новата хелти микс тоа не ми се случува затоа што и структурата и е малку по густа и покривноста и е поголема, јас би рекла одлична покривност дека има, на пример покрива опасен подочњак без коректор. Друга лесна пудричка што можеш да ја земеш е од Севнтин Тајм Плус, и они имаат супер нијанси, јас би рекла дека со покривност е ко новата Хелти Микс и структурата им е слична, можеби малку погуста е на Севнтин, ама пак Хелти Миксот некако мене по природно ми изгледа. Многу ми е ја пофалија и на Менхетн ББ кремата, ама јас ја немам пробано, знам само дека една нијанса имаат и се прилагодувала на секоја кожа, дали е безбојна незнам :lol: Битно можело да се користи и за сува кожа, а давала мат ефект и трајност околу 10 часа. :) Среќно во потрагата па извести не :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно со Мимс за тоа погоре - и јас ќе ти ја предложев новата Хелти Микс (ја пробав јас од љубопитство, да видам како стои на лице и патем преубава структура има и за жал не ми одговара), онака што имам правено муабет со девојчиња кои си „патат“ од сува кожа се доста задоволни тие што ја користат нели и мислам ќе ти одговара, без разлика што коректорот не ти чинел. И мене не ми чинеше оној БиоДитокс, а пудрата ми беше преубава.

    Пред некое време шминкав другарка со пудра на Артдеко, Rich Treatment во стаклена амбалажа на принцип на Ревлонот е - без пумпица и ја спомнувам највеќе заради нијансите, има преубав избор на светли нијанси (девојката е посветла и од мене), а мислам и самата пудра е наменета за сува до нормална кожа, па имај ја на ум за да си ја пробаш.

    Инаку, сакав да ти одговорам за ова.
    Најсигурно за непромашување нијанса на пудра е да нанесеш од пудрата на виличната коска - баш на границата со вратот и лицето. Мачкање на цело лице не, а на рака - на онаа коскичка кај палчето што е граница меѓу внатрешниот и надворешниот дел на дланката, но, некогаш не се доловува ефектот иако за брзо чекирање нијанса е ок.
    Ти нанеси си на виличната коска и така најсигурно нема да утнеш, зашто ќе видиш како ти прилега на кожата на лицето и дали и колку ти дели од вратот. :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Имам комбинирана кожа, мрсна само на Т-зоната и немам акни ниту флеки од акни. Сакам некоја лесна пудра што изгледа природно и го изедначува тенот оти имам млада кожа.. Со средна покривност. И да, не штедам на парите битно да врше добра работа.

    Која пудра би ми ја препорачале?