Bourjois Healthy Mix. Но сепак тоа е мое мислење, слушни и други препораки и најдобро е да си пробаш прво.
Флормар освен во веро центарот имаат штанд и во рамстор, баш пред влезот за супермаркетот. Сум ги виделела и во некои обични парфимерии. Дали некој ја видел линијата fit me на maybelline негде кај нас? Не ми се верува колку време ја чекам да ја донесат, а постои со години сегде низ светот.
kaде да најдам мостри од vichy пудрите?прашав во зегин во лептокарија немаат ни да пробам моментално за нијанса
Мајка ми кога купуваше лосиони за чистење лице,креми и други работи од VICHY и дадоа гратис мостри од пудрите кои ги имаа.Имаше и многу други мостри освен од пудри.Тоа само да начекаш кога имаат акција (пр.во Космо) и ако купиш нешто добиваш мости од целата нивна колекција.
Најзадоволна сум од камената пудра на Flormar, покрива се и совршено ми одговара на лицето. А и многу ефтина е, 140 ден. ја купив. Прво нанесувам на лицето течна пудра Seventeen, па потоа од камената пудра на Flormar и совршено изгледа.
Оваа Хелтхи микс од Буржуа е за сува кожа барем так имам прочитано на темава еве јас имам мрсна кожа , ја користам Буржуа 123 перфект , и лесна пудра е и не делува вештачко баш се изедначува до тенот како и ти што рече и добро покрива
Ние моментално сме во Струга, и тука сме цело лето и јас морам да ја порачувам пудрата да ми ја праќа мајка ми од Скопје. И знам дека од таму ја земаме само од Џамбо во парфимериите каде што сум ја побарала ја немале. А за во Рамстор незнаев...еве корисна информација ми даде
дали некој ја пробал пудрата на Seventeen ама не тајм плус, туку таа другата велвет, поскапа е од тајм плус па ме интересира мислење
јас ја имам користено течната 500ден. е ја имав таа за мрсна кожа..погоре што има пишувано за неа..ја користев некое време и и ја дадов на мајка ми..мене ми е тешка,неможам да ја користам A девојки loreal true match за каква кожа е? ја видов на попуст во космо а и една другарка ми ја има фалено..ја има некој користено за да каже збор,два за неа патем имам мрсна кожа со по некоја акна
Пробај ја пудрата на Лореал, mat magique. Има средна кон нешто појака покривност (ако се нанесе втор слој), но многу е нежна на лицето и не се ни познава дека имаш ставено пудра. Многу е лесна и не се ни чувствува на лице, затоа што всушност е налик на оние mousse пудрите и многу малку е доволно да се покрие целото лице. Нијансите се малку зезнати, но ако си беличка 02 rose ivory ќе ти биде океј. Не мава толку на розе, иако бев убедена дека ќе бидам како Пиги од Мапет бејбис - природна е ептен. На почеток во првите неколку минути можеби ќе ти изгледа дека нема врска со мат пудра зашто остава како светлуцав сјај, но се впива за брзо и дава солиден мат изглед. Со малку камена терам подобар дел од денот. Мислам дека беше 550 денари, мојата е земена од Космо. За истиот тип на кожа мене ми беше супер и Bio Detox на Боржуа, но се работи за пудра со специфична формула, па не знам колку би била задоволна од истава. Пробај ја, може ќе ти се допадне.
па ја има во Кам маркетите и останатите поголеми,бројчињата се од 1 до 4,околу 120 денари е,покрива и му дава сјај на лицето.
Ја користев претходно и таа другата пудра на Seventeen велвет, демек поскапа е па си мислев подобра е али нема врска после некое време почна лицево да ме печи од неа. Според мене тајм плус е подобра иако е поефтина.
Oваа е 550 и вреди за секој денар...Многу е покривна и мат, трае цел ден без да мрдне, е а плус и мене терсене ми е нијансата ретко можам да трефнам идентична нијанса, а оваа ми е баш идентична воопшто не ми двои... Лошата страна е што ми остава траги на телефонот
Се мислев 1 саат која да купам, и ајде реков ќе ја пробам велвет, а тајм плус 3 години ја користев и прилично бев задоволна од неа. Засега добра ми е и оваа велвет, прилично покрива, па ќе видиме дали ќе вреди за парите
Лични импресии од пудрава, за affinitone mineral на maybelline се работи. Многу е лесна и баш природно изгледа. Го прави лицето многу мазно да допир и откако ќе се извади се чувствува истиот ефект.