Прво нанесувам на лицето течна пудра Seventeen, па потоа од камената пудра на Flormar и совршено изгледа. [/quote] Колку е оваа пудра на Seventeen?
Јас. Пудрата навистина покрива, но многу е мрсна. Кога ставам, како да ставам мајонез на лицево, толку мрсно. Ако немаш многу брунчиња не ја ставај, зашто како порцеланска кукла ќе бидеш. Подобра е ако имаш по проблематично лице. А пудрата на Малена е многу убава, мене барем ми се допаѓа. Јас ја имам сега 5, зашто сум потемнета и ми одговара на кожата. Не е мрсна, напротив, како што треба да биде пудро е. Seventeen ми е омилено и најдобро за моето лице, но има само 3 бројчиња, мене ми одговара 2, зашто се прилагодува скоро на 90% на лицата на луѓето. Многу е тешко да се најде 2.
Некоја замена за Менхетан пудрата во црната туба што е? Потрошив 2 тубички од неа (и прв пат да купам едно по друго иста пудра) значи се покажа предобра, ми го покрива црвенилото што го имам на образите и темно плавите кругови под очите. Но сепак сакам да сменам малку но сакам пак таква пудра што е многу покривна бидејќи имам доста за покривање. Цената до кај 600 денари?
^ Па знам дека Импала многу покрива, значи многу. Ништо не ти се познава на лицето, ни брунче, ни ништо. Незнам цена, но мислам дека е ефтина и тоа под 600 денари.
Moжеш оваа да ја пробаш, најдобрата пудра што сум ја користела :up: Никогаш нема да ја сменамм.. таа е мојата љубов Спојлер Инаку цената мислам дека е околу 600 денари, највеќе 670 денари. Можеш да ја најдеш во Космо..за други парфимерии не знам. Јас од таму ја земам. Има 9 нијанси. Јас ја земам со бројот 5. Највеќе ми одговара. За покривност да не зборуваме..прекрива и тоа како .. незаменлива е .. барем според мене. Пробај ја, јас ти ја препорачувам.
Со оглед на тоа што имаш само 15 години, мислам дека тешка пудра како Менхетен не ти е потребна, а уште помалце па катастрофална пудра како Импала што ти ја препорачале погоре. Пробај ја од Менхетен пудрата за тинејџерска кожа или пак пудрите на Seventeen. Подобро да користиш поквалитетна пудра што е полесна, а црвенилото и подочњаците да ги покриваш со коректор, отколку да си ја мачиш кожата со тешки пудри.
Целото носот и брадата ми се мрсат сум пробала неколку пудри до сега ама неможам да си најдам соодветна за моево лице ... немам бубулички чисто ми е цело лице. Ве молам препорачајте ми некоја добра течна и камена пудра и ако можете да ми кажете цена и од каде ги набавувате ..
Импала добро покрива ама е тешка пудра,околу 200 денари. Аура добро покрива,цена околу 370-400 денари
Да, ама најверојатно би го немало овој дух-ефект со некој поквалитетен фиксатор. Овој мојот не чини ни така ни така - ефектот беше ист и кога го нанесов над течната пудра, така да ... му откажувам друштво - и онака фиксатор ретко ми треба.
Мишелке пошто ги имаш овие две пудри користено ме интересира која е подобра за комбинирана кожа (нормална кон мрсна, периодов повеќе ми е мрсна)? Која стои по природно, подолго време издржува да не светне кожата? И не мора само Мишела туку која и да ги има кристено нека сподели мислење. Loreal mat magique Bourjois 123 perfect Инаку имав прилика да ја испробам пудрава на Max Factor Facefinity, квалитетна пудра за комбинирана и мрсна кожа. Убаво лизгледа на лице, долготрајна е, средна до висока покривност. Се на се убава пудра која вреди да се проба но сепак за мене не е пудра која ќе ја симне од тронот Ревлон колор стеј која е поефтина и подора во се.
A-j-a, трите ги имам користено и за мрсно лице Лореал веднаш ја исфрлувам од игра. Прелесна структура има, не се ни осеќа на лице и има баш пристапна цена од 550 денари (за разлика од другите две нели), но не е воопшто издржлива на топлото време - се топи и навлегува во порите, а појавата не се спречува дури ниту со камена или пудра во прав одозгора. Тоа не значи дека е лоша пудра, напротив, но сметам дека за постудените денови би била супер и затоа ја оставив мојата за понатаму, да видам како ќе се покаже. За комбинирана кожа не верувам да го има проблемов толку изразен како кај мрсната кожа, но сигурно ќе се појави мрсен сјај во Т-зоната по некое време. Во однос на покривноста - дава природен изглед, нема да ти покрие ако имаш некои акнички на пример, ама со флеките се покажа сосема океј. Слаба кон средна покривност, со можност за надоградување со нареден слој и патем, не изгледа слоевито кога е нанесена на тој начин. За Боржуа имам пишувано многу пати и уште си стојам на тоа дека е една од подобрите пудри за мрсна кожа, за мене лично подобра дури и од Ревлон. Чини 800 денари, лесна на структура, ненормално добра во издржливоста - ете, денеска се возев низ автобуси по припек, со малку камена на носот и челото мака нема, си стои како фиксирана, а воопшто не остава вештачки изглед и многу ретко ми се појавува мрсен сјај дури и без камена која од навика секогаш си ја нанесувам минимално за секој случај. Лесна е на лице, воопшто не го оптеретува, со малку пудра ќе го покриеш целото лице и тоа доста успешно - одлично се справува со флеките, не навлегува во порите и не ги истакнува, со акните е солидна, ама ако станува збор за некои покрупни, можеби ќе ти треба и малку коректор. Палче нагоре имаш од мене за оваа, ако ти се допадне купи си ја, топло ти ја препорачувам. За Макс Фактор и нема да ти коментирам, штом веќе си имала прилика да ја пробаш на лице, се согласувам со тоа кое си го пишала - и моите импресии беа тука некаде, солидна пудра, убава покривност, но мене не ми беше некако по ќеиф и по навика си продолжив со горе споменатата. Ако навистина се мислиш помеѓу Лореал и Боржуа, мојот глас оди за вторава. Далеку поиздржлива е, дефинитивно.
Натурал Велвет е за комбинирана до мрсна кожа според моите познавања, но знам случаи каде им одговарала и на некои со нормална кожа.
http://i1119.photobucket.com/albums/k62 ... c27fe5.jpg Ја има ли некој користено пудрава? Јас ја користам веќе подоолго време но не покрива совршено но е многу лесна и е на база на овошје. Ако ја имате користено како сте задоволни и дали е подобра 123 P erfect од Bourjois ?
^ 123 Perfect е многу попокривна од Healthy mix, лесна е и не се чувствува на лице, ниту пак го оптеретува. Малку поназад имам пишувано за неа, па прочитај, разгледај си на интернет и спореди си.