Девојки дали може да ми препорачате камена пудра? Досега ја користев од Кетрин арли ама сакам да пробам друга. Да дава убав финиш. Конкретно од Флормар некој да не ја има користено?
Јас имам користено камена пудра од Флормар и мене ми беше ок, би ти ја препорачала. Инаку моментално ја корстам од Bоurjois и ептен ми е погодена.
Сакав некоја лесна пудна и читам за една од минхетен таман за мојата возраст розовко нешто мислам дека имаше на пакувањето... Ќе може некој цена да ми каже ?
^ Мислам дека зборуваш за оваа колекција, т.е. пудра - Manhattan clearface. Natural mat е со нешто помала покривност, а оваа другата Perfect mat е попокривна.
Имам сува кожа а и сум мн бледа.. ве молам кажете ми некоја пудра што би ми одговарала обично сите ми се темни..фала ви однапред
Јас имам многу бледо лице и најмногу ми се погоди rimmel lasting finish foundation, 103, али има и 101 и 102 (уште посветли). Но, ако ти е тешка, имаш и од seventeen time plus многу светли нијанси
Јас истотака имам бледо лице и ја користам seventeen time plus и многу ми се погоди за летниов период особено бидејки е полесна. Ти ја препорачувам дефинитивно
Спојлер Мене ми беше многу пријатна на лице, само зависи дали нијансите ќе ти се погодат, бидејќи мислам дека нема голем избор. Ја користам во зима бидејќи од ладното ми се суши многу кожата, а со оваа не мора дополнително да ставам крема. А каде е 85 ден? јас ја купивам 255 секогаш
Нели секој месец има некои производи што се 85 денари. Епа овој месец ја има и оваа пудра, прееска ја видов во Велес на место каде што има козметика на Есенс, би требало секаде да е така.
Каде можам да ја најдам пудрава, која и е цената?читам добри критики од вас исто и за коректорот на Менхетен.. И за каква кожа е ?
Веќе 3 години ја користам пудрата Vichy и сум презадоволна. Имам комбинирана кожа па затоа за вечерна шминка користам и камена пудра од Gosh да ми ја изматира просто речено маснотијата околу Т зоната
Пудрата е наменета за мрсна кожа, не се сеќавам колку точно чини, но мислам дека беше тука некаде 400-450 денари. Инаку, ја има во секоја парфимерија каде држат производи на Менхетн - Космо, Шатци, Јуник, па и локалните подобро снабдени парфимерии.
Последниве месеци, односно пролета и летово ги истерав со Healthy Mix Serum. Продавачката ми вика не било пудра, е што е? Јас за пудра си го сметам. Многу е убаво, лесно, не знам што би без него. И најважно, не ми ја суши и не ми создава акни на мојава мега-гига-ултра чувствителна на се кожа.
^ Секако дека е пудра, таа пудра е со најлесна покривност од пудрите на Буржоа.. Јас имам ектремно суво, чисто лице, серумот ми иде како мелем на неа..
и јас да побарам совет сакам да сменам пудра па која би ми е препорачале имам нормална кожа со мрсна т зона пари моментално до кај 400 денари ми се даваат...
Сакам да земам некоја пудра од макс фактори па која би ми ја препорачале за нормална до комбинирана кожа ?