А таа пудра на Есенс за 85 денари, ја има ли и во Космо? Хм, баш ќе тркнам ако ја има да ја земам Jaс ја земав оваа 300 ден, па не е лоша, ама не е нешто покривна . Еве сега сум во период лицето ми е нафрлано, и баш не покрива бубулици, па ако сакате за поркивност барајте си друга и не ми е баш лесна пудра, јас на полесни сум навикната. А и нема многу избор за број бе . инаку се на се не е лоша
Бидејки ми се потроши пудрата,повеќе од ќерка ми помалку од мене,инаку беше Дебора за мрсна кожа,во потрага сум по нова.Знам, ако ги прашам продавачките ќе ми кажат,ама ете од овде да слушнам непристрастен предлог.Ако имате искуства од вас,кои сте ретки на моја возраст,вашите мајки,баби,комшивки и сите останати женски створенија кои дозволуваат да ѕирнете во нивната козметичка торбичка,поделете ги со мене. Значи предлог за мрсна зрела кожа,со брчки,без свежина,да не е тешка .....и така...
Женски во ДМ ја има пудрата и сите други производи на Есенс што се 85 денари. Еве во новиот каталог има
Има попуст во Космо за пудрава. Кога сме веќе кај неа - ја имам користено и имам пишувано за неа, во претходните страници. Јас имам нормална/комбинирана кожа, а оваа пудра ми беше многу тешка. Ја земав баш заради МАТ финишот, ама не ми се погоди, не ми се размачкуваше лесно, и не ја осеќав убаво.
Од пудрава трошам веќе 3 паковање, ептем ми е лесна и многу покривна, немам потреба од камена пудра остава мат финиш, ако ја користам во комбинација со базата трае цел ден. Планирам да напишам пост на блогот со пред и потоа. Многу ми е подобра од Ревлон.
и јас ја користам оваа пудра погодена ми е и не е многу скапа сакав да сменам ама изгледа пак нанезе ќе се вратам...
За каква кожа е и колку чини Јас користев на INGRID пудра со пумпица ама ми рекоа дека ја нема веќе,а беше прекрасна и многуу покривна и 300 дне Од каде ја купувате оваа и цена ???
Во Космо имаш фиксатор на Артдеко (па и во Шатци и останатите парфимерии кои држат Артдеко козметика). Мислам дека го купив 700 денари пред една година и одличен е, воопшто не ми е мака за парите. Имаш и на Есенс - translucent fixing powder и тој е 300 и некој денар. Мене ми е ок, солидно ја фиксира шминката, но ме прави малку бледичка и не знам дали е до мене или фиксаторот си е таков, ама во главно е солиден. Сигурно има и други, но јас само овие два сум ги користела.